Ваитупу
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Ваитупу Vaitupu |
|
|---|---|
| — атол — | |
| Поглед кон Ваитупу | |
| Карта на Ваитупу од 1931 | |
|
|
|
| Координати: 07°28′S 178°41′E / 7.467°S 178.683°EКоординати: 07°28′S 178°41′E / 7.467°S 178.683°E | |
| Држава | Тувалу |
| Население (2002) | |
| - Вкупно | 1.591 |
Ваитупу (тувалуански: Vaitupu) е атол во Тувалу и еден од деветте окрузи на државата. Овој атол е најголем во Тувалу и има вкупна површина од 5,6 километри квадратни. Островот има мочурливи предели, како и мангровни шуми, а опколн е со корален гребен и има голема лагуна.
Содржина |
[уреди] Острови
Ваитупу e атол составен од 9 мали островчиња:
- Луасамоту
- Мосана (2 островчиња)
- Мотутанифа
- Темоту
- Те Моту Олепа
- Тофија
- Ваитупу
- и уште најмалку едно островче
[уреди] Населени места
Единственото село на Ваитупу е составено од две населби: Асау и Тумасеу. Во селото има црква, основно училиште, најмалку една гостинска куќа и пошта.
[уреди] Туризам
На Ваитупу и Тувалу може да се пристигне преку со приватни бродови или преку владините тури од Фунафути. На островот има патеки и гостинска куќа за туристи.
[уреди] Значајни личности
- Таукелина Финикасо - министер за комуникација на Тувалу.
- Аписај Иелемија - премиер на Тувалу од 2006.