Велигденски Остров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Велигденски Остров
Rapa Nui
Isla de Pascua
Знаме
Карта на Велигденскиот Остров. Прикажани се Теревака, Поике, Рано Кау, Моту Нуи, Оронго и Матавери; позначајните ахуа се обележани со моаи
Карта на Велигденскиот Остров. Прикажани се Теревака, Поике, Рано Кау, Моту Нуи, Оронго и Матавери; позначајните ахуа се обележани со моаи
Главен град Ханга Роа
27°09′ ЈГШ 109°25′ ЗГД / 
Службен јазик шпански, рапанујски [1]
Народности (2002) Рапанујци 60%, Европејци или местици 39%, индијанци 1%
Демоним Рапанујци или Пасквенци
Уредување Специјална територија на Чиле[2]
 -  Покраински гувернер Педро Пабло Едмундс Паоа
 -  Градоначалник Луз Засо Паоа
Анексија кон Чиле 
 -  Потпишување на договорот 9 септември 1888 
Површина
 -  Вкупна 163,6 км2 
Население
 -  проценка за 2010 4,888[3] 
 -  Попис 2002 3,791 
 -  Густина 29.88 жит/км2 
Валута Пезо (CLP)
Часовен појас UTC−06 (UTC−6)
НДД .cl
Повик. бр. +56 32

Велигденскиот Остров (рапанујски: Rapa Nui, шпански: Isla de Pascua) е Полинезиски остров во југоисточниот Пацифик на најјугоисточната точка на Полинезискиот триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи (МФА: /ˈmoʊ.аɪ/), створени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.

Етимологија[уреди]

Името„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година.[4] Официјалното име на островот е шпанскиот назив, Isla de Pascua, шпански термин за „велигденски остров“.

Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те.[5] Како и да е, Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.[6]

Постојат неколку хипотези за "оригиналното" полинезиско име за островот, вклучувајќи го и Te pito o te henua, или "Папокот на Светот". Легендата вели дека првото име на островот е Te pito o te kainga a Hau Maka, или "Малото парче земја на Хау Мака".[7] Другото име Mata-ki-Te-rangi, значи "Очи кои зборуваат со небото."[8]

Местоположба[уреди]

Велигденскиот Остров е еден ос најизолираните острови во светски рамки кој воедно е населен. Тој се наоѓа на 3.600 km (2.237 mi) западно од континентално Чиле и 2.075 km (1.290 mi) источно од Питкерновите Острови (Сала и Гомез).

Култура[уреди]

Митологија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Рапанујска митологија.

Најпознати витови се:

  • Тангата ману, култ кон птичарот, практикуван до 1860те.
  • Макемаке, важен Бог.
  • Аку-аку, чуварите на светите семејни гробови.
  • Моаи-кава-каавa дух на Ханау епе (долгоушите.)
  • Хекаи ите нуму паре хаонга такапу Ханау епе каи норуего, света песна на пропуштањето на аку-аку на светите семејни гробишта.

Камена обработка[уреди]

Сателитска снимка на островот од 2001.

Рапа Нуи е вулкански остров. Рапанујците имале цивилизација од каменото време и правеле неколку вида на домородски камења:

Моаи (статуи)[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Моаи.

Големите камени статуи, или моаи (moai), по кои Велигденскиот Остров е најпознат биле создадени за релативно брзо време во текот на породуктивната мегалитска активност. Вкупно 887 монолитни камени кипови се инвентирани на островот и во музејските збирки. Иако често се идентификуваат како "Главите на Велигденскиот Остров", киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните желлудници. Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења.[9][10] [11][12][13]

Аху[уреди]

Две аху на Ханга роа.

Аху (Ahu) се камени платформи кои се разликуваат по големината. Многу од нив се значајно преобработениво текот на ерата Хурија мо'аи или кип-свргну]]. Многу од нив станале костурница, еден е отворен со динамит, и Аху Тонгарики е уништен од цунами. Аху Тонгарики, еден километар од Рано Рараку, имала најголем и највисок Моаи од вкупно 15. Останати забележани се Аху Акиви, онновен во 1960 од страна на Вилијам Муллој, Нау нау на Анакена и Тахаи. Аху без камени Моаи можеби имало од дрва но сега се изгубени.

Класични елементи на дизајнот на аху се:

  • Задржување на ѕид виско неолку метри, обично со поглед на море.
  • Платформа позади ѕидот.
  • Перничиња или ублажувачи на платформата.
  • Тротоар пред рампата.
  • Внатрешноста на Аху било руинирано.


Аху Акиви, една од петте внатрешни аху

Врвот на аху може да биде:

  • Моаи врвот на перничето греда преку павиљонот со грбот код задната страна.
  • Пукао со моаи глава. и
  • Нивните очни подлошки, се бели корални очи со црн обсидијански бисери.

Демографија[уреди]

2002 попис[уреди]

Бројот на населението сперед последниот попис во 2002 иснесувало 3.791 (3.304 само во Ханга Роа). 60% биле Рапанујци, Чилеанци биле 39% од вкупното населени, додека останатиот дел од 1% биле Американски староседелци претеќно од чилеанското копно.

Рапанујците исто така мигрирале од островот. Според пописот во 2002, 2.378 жители живееле на чилеанското копно (половина од нив во метрополитенската област на Сантјаго).

Густината на населенито иснесувала само 23 жители на km² (60 на sq mi), многу помалку одтколку во 17 век кога вкупното население броело околу 15.000 жители со околу 92 жит. на km² (214 на sq mi).

Демографска историја[уреди]

Во 1982 година бројот на населението изнесувал 1.936 жители. Ова е како последица на недомородното чилеанско население кое се населувало на островот и со тоа постепено се губел полинезискиот идентитет. Во 1982 околу 70% од населението биле Рапанујци. Населението било намалено за 2.000-3.000 поради ропството. Во 19 век околу 2.000 Рапанујци биле транспортирани во Чиле да работат како робови во Перу од страна на Европејците.

Наводи[уреди]

  1. Портал на Рапа Нуи
  2. Во фаза на усвојување на специјална повелба. Засега управно дел од регионот Валпараисо.
  3. Државна служба за статистика (INE).
  4. An English translation of the originally Dutch journal by Jacob Roggeveen, with additional significant information from the log by Cornelis Bouwman, was published in: Andrew Sharp (ed.), The Journal of Jacob Roggeveen (Oxford 1970).
  5. Invention of the name "Rapa Nui"
  6. Heyerdahl claimed that the two islands would be about the same size, meaning that "big" and "small" would not be physical, but historical attributes, "big" indicating the original. In reality, however, Easter Island is more than four times bigger than Rapa Iti. Heyerdahl also claimed that there is an island called "Rapa" in Lake Titicaca in South America, but so far there is no map available showing an island of that name in the lake.
  7. Thomas S. Barthel: The Eighth Land: The Polynesian Settlement of Easter Island (Honolulu: University of Hawaii 1978; originally published in German in 1974)
  8. Compendio Estadístico 2005, INE.
  9. http://www.pbs.org/wgbh/nova/easter/explore/paro.html
  10. Heyerdahl, Thor. Easter Island - A Mystery Solved. 1988. ISBN 951-30-8952-5.
  11. HEYERDAHL, THOR Aku-Aku 1958
  12. Flenley JR. & King SM 1984. Late Quaternary pollen records from Easter Island. Nature 307: 47-50
  13. http://www.pbs.org/wgbh/nova/easter/move/past.html

Надворешни врски[уреди]