Знаме на Грција
| Употреба | Државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 22 декември 1978 |
| Опис | Девет хоризонтални ленти во сина и бела боја, додека во кантонот има бел ккрст на сина позадина. |
| Варијанта на знамето на Грција | |
| Назив | Претседателско знаме. |
| Сразмер | 1:1 |
| Усвоено | 1975 |
| Опис | Сино знаме со грбот на Грција во средина. |
| Варијанта на знамето на Грција | |
| Назив | Церемонијално знаме |
| Употреба | Државно знаме |
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 1828 |
| Опис | Бел крст на сина позадина. |
Знамето на Грција (грчки: Σημαία της Ελλάδος, народно нарекувано Γαλανόλευκη или Κυανόλευκη; „небесно сино-белото“) е базирано врз девет еднакви хоризонтални ленти во сина боја наизменично со бела. Во горниот лев агол на кој се вее знамето има син квадрат во кој има бел крст; крстот го симболизира грчкото православие, државната религија, и религијата на народот на Грција. Според народната традиција, деветте ленти ги претставуваат деветте слога од мотото „Ελευθερία ή Θάνατος“ ("Слобода или смрт", „Е-леф-те-ри-а и Та-на-тос“), петте бели ленти за слоговите на „Έλευθερία“, и останатите бели за „ή Θάνατος“. Исто така постои друга теорија според која деветте ленти ги симболизираат деветте музи, божиците на уметноста и цивилизацијата (бројот девет бил еден од традиционалните броеви на Грците).[1] Официјалниот сооднос на знамето е 2:3.[2]
Содржина |
[уреди] Поморска и цивилна енсигнија
Моменталната поморска и цивилна енсигнија е идентична со националното знаме.
Простата шема бел крст на сино поле се користи исто така како поморско знаме на морнарицата и е основната шема за поморските воени рангови. Овие знамиња се опишани во поглавје 21 (членови 2101-30) на поморските регулации.
[уреди] Двоглавиот орел
По потпаѓањето на Константинопол под Отоманската Империја двоглавиот орел постанал силен „национален“ симбол на Грцијте (но сепак значително помалку од крстот), кој се наоѓал на многу знамиња, особено за време на востанија и буни. Најкарактеристичен пример е знамето на Православната црква која до ден денес користи византиски знамиња со орелот, обично црн на жолта/златна позадина. Но по отоманските освојувања овој симбол се нашол и во „новиот Константинопол“ (или Третиот Рим), т.е. Москва. Русија, под силно влијание на Византиската империја, се сметала себе за нејзин наследник и го присвоила двоглавиот орел како нејзин империски симбол. Исто така бил присвоен од Србите, Црногорците, Албанците и број на западни владетели, најзабележителни од кои Германија и Австрија.
[уреди] Извори
- ↑ Официјално веб-место на грчката армија: Η καθιέρωση της ελληνικής σημαίας. (грчки)
- ↑ The Flag, од веб-местото на претседателството на грчката република (грчки)
[уреди] Додатни извори
- Ј. Нухакис, „Нашето Знаме“ Атина 1908.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Претседателство на грчката република: државни симболи, знамето (англиски)
- Грција: Индекс на сите поврзани страници на Flags of the World (англиски)
- Статија за грчкото знаме на веб-местото на грчката армија (грчки)
- Постара статија за грчкото знаме на веб-местото на грчката армија (грчки)
- Грчки знамиња за време на отоманската ера (грчки)
[уреди] Галерија
-
Крстот бил највообичаениот византиски амблем. Овој дизајн, од доцната палеолошка династија е единственото атестирано знаме на Византија.[1] (англиски)]]</ref>
-
Трговското поморско знаме (1822–28) Dubious - discuss
-
Трговското поморско знаме (1822–28) Dubious - discuss
[уреди] Наводи
- ↑ Ottfried Neubecker, Heraldry - Sources, Symbols and Meaning, pp.106, Tiger Books International (Twickenham), 1997.
|
|||||||||||||||||