Вексилолошка терминологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вексилолошката терминологија вклучува поими со кои се објаснува дизајнот и описот на едно знаме. Голем дел од вексилолошките поими се проследени и со графички симбол што го олеснува описот на дизајнот.

Делови на знамето[уреди | уреди извор]

Делови на знамето
Делови на знамето

Едно знаме може да ги има следните делови:

  • амблем - приказ на одреден грб или останат хералдички симбол
  • позадина - основната боја на знамето на која се наредени останатите елементи
  • прицврстен дел - двата кантона кои се наоѓаат до јарболот, односно половина знаме
  • слободен дел - двата кантона кои се наоѓаат од спротива на јарболот, односно половина знаме
  • кантон - која била четвртина од знамето, но сепак најчесто за кантон се смета горниот лев кантон.
  • беџ - кој било хералдички симбол прикажан на знамето
  • гранична лента - тесни ленти кои се наоѓаат помеѓу две големи ленти за да се означи разграничување.
  • долен и горен раб - рабовите на знамето
  • агли - четирите агли на знамето

Симболи[уреди | уреди извор]

Некои држави имаат едно национално знаме кое се користи во неколку контексти, за разлика од останатите држави кои имаат неколки знамиња за различни контексти. Честопати, пловното знаме и знамето од истиот контекст се со ист дизајн, како што е случај со Република Македонија. Постојат шест основни контексти кои со комбинирање се добиваат повеќе. Комбинирањето е во зависност од намената на знамето. Шесте основни контексти се[1]:

Останати симболи[уреди | уреди извор]

Постојат и останати симболи кои појаснуваат како знамето изгледа, како што е дизајнот, истакнувањето и слично. Симболите за општа уботреба се:

  • Нормална или де јуре верзија на знамето или предна страна
  • Дизајн предложен во минатото, но не се користел официјално
  • Дизајнот е реконструкција заснован на минат опис
  • Задна страна на знаме
  • Дизајнот е прифатлива верзија на знамето
  • Алтернативна верзија на знамето
  • Де факто верзија на знамето
  • Знамето има различен дизајн на предната и задната страна на знамето
  • Предната страна е замислена да биде исправена каде јарболот е на десна страна на набљудувачот
  • Дизајнот е официјално одобрен да претставува нација
  • Дизајн кој се користел во минатото, но денес е напуштен (овој симбол не е во сетот на Смит)
  • Задната страна е копија од предната
  • Задната страна е во согласност со предната страна
  • Информација за задната страна не е достапна
  • Знамето може да биде поставено вертикално на нормален јарбол, а потоа да се сврти јарболот за 90 степени
  • Знамето може да биде поставено вертикално со претходно ротирање на дизајнот
  • Методот за вертикално поставување на знамето не е познат
  • Дизајнот нема елемент кој можe да се ротира
  • Знамето може да се постави само вертикално

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на FIAV“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-28. Посетено на 2010-10-07.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]