Знаме на Полска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Знаме на Полска
}}
Употреба Државно знаме
Сразмер 5:8
Усвоено 1919; последен пат изменето во1990
Опис Две хоризонтални полиња - бело и црвено, над кои се наоѓа грбот на Полска
}}
Варијанта на знамето на Полска
Употреба Граѓанско, државно и пловно знаме
Сразмер 5:8
Усвоено 1919
Опис Две хоризонтални полиња - бело и црвено

Знамето на Полска се состои од две хоризонтални полиња со иста широчина - горното е бело, додека долното е црвено. Тие две бои во полскиот устав (чл. 28) се означени како национални бои на Полска. Често државното знаме може да се сретне и во друга форма, како на пример, со вметнат грб на Полска на средината на белото поле: оваа варијанта се користи за употреба на знамето во странство и на море. Слично знаме со додавката на „ластовичјата опашка“ се користи како поморско обележје на Полска.

Знамето е дел од трите најважни национални симболи на Полска, заедно со грбот (бел орел) и химната (Мазурката на Домбровски). Кога е поставено вертикално, белата лента се наоѓа на левата страна.

Црвената и белата биле официјално прифатени како национални бои на 7 февруари 1831. Тие се со хералдичко потекло и потекнуваат од тинктурите (боите) на грбовите на двете составни нации на Полско-литванската унија, т.е. Белиот Орел на Полска и Гонителот (литвански: Vytis, полски: Pogoń) на Литванија, бел витез кој јава бел коњ, и двајцата на црвен штит. Пред тоа, полските војници носеле кокарди со различни комбинации на бои. Националното знаме било официјално прифатено во 1919. Од 2004, полскиот ден на знамето се слави на 2 мај.

Знамето постојано се вее на зградите на највисоките национални органи на власта, како што е Сејмот (парламентот) и претседателската палата. Другите институции и многу Полјаци го веат националното знаме на националните празници и други специјални прилики од национално значење. Сегашниот полски Закон за знамето не ја ограничува употребата на националното знаме без грбот сè додека тоа се употребува со должната почит.

Дизајнот кој се состои од црвено и бело поле е широко распространет дизајн - постојат повеќе знамиња кои се слични, но неповрзани со полското, при што најпознато е она на Бохемија во Чешка, и две национални знамиња каде што црвената лента се наоѓа над белата: на Индонезија и Монако. Во Полска, многу знамиња засновани на националниот дизајн исто така ги употребуваат националните бои.

Видете исто така[уреди]