Блерим Џемаили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Блерим Џемаили

Блерим Џемаили (албански: Blerim Xhemaili, роден во Тетово, 12 април 1986) е македонски и швајцарски фудаблер, репрезентативец на Швајцарија, кој моментално настапува за ФК Наполи од Италија.

Биографија[уреди]

Џемаили е роден на 12 април 1986 година во Тетово, Македонија. Како многу мал ја напуштил Македонија и родното Боговиње, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во февруари 2007 година, потпишал прелиминарен договор со Болтон[1], каде што играл до 2009 година. Потоа преминува во ФК Торино[2][3], за веднаш потоа да премине во Парма[4]. За швајцарската репрезентација има настапено 13 пати (состојба 2009).

Статистика[уреди]

Сезона Клуб Игри Голови
2003-2004  Швајцарија - ФК Цирих 30 2
2004-2005  Швајцарија - ФК Цирих 26 1
2005-2006  Швајцарија - ФК Цирих 32 3
2006-2007  Швајцарија - ФК Цирих 23 3
2007-2008  Англија - Болтон 0 0
2008-2009  Италија-ФК Торино 13 0

Наводи[уреди]

  1. „Bolton swoop for Džemaili and Cid“. BBC Sport. 9 февруари, 2007. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/b/bolton_wanderers/6347607.stm. конс. 16 јуни 2009. 
  2. „Xhemaili quits Bolton for Torino“. BBC Sport. 15 јуни 2009. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/b/bolton_wanderers/8101192.stm. конс. 15 јуни 2009. 
  3. „Xhemaili signs for Torino“. Sky Sports. 15 јуни 2009. http://www.skysports.com/story/0,19528,11661_5382152,00.html. конс. 15 јуни 2009. 
  4. Torino vs Figline 1-0“, Torino FC, 9 август 2009 (конс. 1 септември 2009). (на Italian)

Надворешни врски[уреди]