2 април

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Април 2024 2 април — 92-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (93-и во престапна година). Остануваат 273 денови до крајот на годината.

Настани:

1453  Во понеделник (втор ден на Велигден) на 2 мај Мехмед II Освојувачот ја започнува Опсадата на Цариград. Градот ќе падне во рацете на Османлиите на 29 мај истата година.
1792  Озаконет доларот како парична единица во САД.
1975  Завршена е кулата „Си-ен“ во Торонто, Канада која во тоа време била највисоката градба на светот со 533,33 метри.
1982  Аргентина извршила инвазија на Фолкландските Острови што го означил почетокот на Фолкландската војна помеѓу Обединетото Кралство и Аргентина. Војната завршила по два и пол месеци, на 14 јуни истата година со пораз на Аргентина и повлекување од островите.

Родени:

Карло Велики од Албрехт Дирер (1512)
Карло Велики од Албрехт Дирер (1512)
Ѓорѓи Здравев
Ѓорѓи Здравев
742  Карло Велики — франкиски крал и цар.
1527  Абрахам Ортелиј — фламански картограф, татко на современиот атлас.
1725  Џакомо Казанова — италијански авантурист, писател и најпознат заводник во историјата.
1805  Ханс Кристијан Андерсен — дански баснописец.
1827  Вилијам Холман Хант — англиски сликар.
1840  Емил Зола — француски писател.
1841  Клеман Адер — француски инженер и пронаоѓач.
1882  Јани Воденичаров — македонски револуционер.
1891  Макс Ернст — германски сликар.
1939  Марвин Геј — американски музичар.
1941  Ѓорѓи Здравев — македонски етнолог и костимограф.
1960  Линфорд Кристи — британски атлетичар.
1964  Горан Каран — хрватски поп-пејач.
1967  Принс Пол — американски хип-хоп музичар.
1966  Теди Шерингам — англиски фудбалер и тренер.
1976  Игор Ѓузелов — македонски фудбалер.
1977  Мајкл Фасбендер — германско-ирски глумец.
1982  Марко Амелија — италијански фудбалски голман.
1982  Давид Ферер — шпански тенисер.
1983  Сергеј Ковалев — руски боксер.
1986  Ибрахим Афелај — холандски фудбалер.
1990  Миралем Пјаниќ — босански фудбалер.
1994  Паскал Сијакам — камерунски кошаркар.
1996  Андре Онана — камерунски фудбалски голман.
2000  Јосип Станишиќ — хрватско-германски фудбалер.

Починале:

Мише Развигоров во 1918 г.
Мише Развигоров во 1918 г.
1791  Оноре Габриел Мирабо — француски политичар и државник.
1872  Семјуел Морзе — северноамерикански сликар и пронаоѓач.
1905  Цено Куртев — бугарски подофицер.
1907  Мише Развигоров — учител, револуционер и војвода на ТМОРО
1974  Жорж Помпидуфранцуски политичар.
1987  Бади Рич — американски џез-музичар.
1992  Хуанито — шпански фудбалер.
2005  Јован Павле IIримски папа.
2008  Јозо Т. Бошковски - Јон — македонски поет.
2016  Ласло Шароши — унгарски фудбалер.