Семјуел Морз

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Семјуел Морзе)
Прејди на: содржини, барај
Семјуел Ф. Б. Морз
Samuel Morse 1840.jpg
Семјуел Морз
Роден Samuel Finley Breese Morse
27 април 1791
САД Чарлстаун, Масачусетс
Починал 2 април 1872
САД Њујорк Сити, Њујорк
на 80-годишна возраст
Занимање писател, сликар, научник
Сопружник Лукреција Пикеринг Вокер, Сара Елизабет Гризволд
Татко
Родители Џедидаја Морз и Елизабет Ен Бриз Морз

Семјуел Финли Бриз Морз (англиски: Samuel Finley Breese Morse; во Македонија грешно познат како Морзе) (27 април 17912 април 1872) е американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзовата азбука.

Морз е роден во Чарлстаун, Масачусетс на 27 април 1791 година и се школува на Универзитет во Јејл. Учи да црта во Лондон и станува успешен сликар на портрети и еден од најголемите национални уметници во свое време. Истовремено бил и добар скулптор.

Во 1826 година станал првиот претседател на Интернационалната Академија за Дизајн во Њујорк. Во тоа време се заинтересирал за хемиски и електрични експерименти и инструменти и започнал со правењето на електромагнетниот телеграф, што целосно успеал да го конструира и комплетира во 1836 година, кога имал 45 години. Истовремено, со самото комплетирање на оваа иновација тој измислил и кодирана азбука, која денес е позната како Морзова азбука, токму во негова чест. На 4 септември 1837 година, во присуство на поголем број научници, Морз со успех ја демонстрира работата на телеграфот.

Во 1843 година, Американскиот конгрес на Морз му одобрува 30.000 $ за конструкција на телеграфска мрежна врска меѓу Вашингтон и Балтимор, Мериленд. Линијата е успешно инсталирана една година подоцна и официјално е отворена на 24 мај 1844 година, кога Морз ја испраќа првата телеграфска порака: "What hath God wrought" („Што правеше Бог?”, Библија, Книга Броеви, 23:23).

Во 1850-тите, Морз бил многу познат како бранител на ропството во Америка.[1]

Умира на 2 април 1872 година, во својот дом, на возраст од 80 години.

Наводи[уреди]

  1. From An Argument on the Ethical Position of Slavery in the social system, and its relation to the politics of the day (New York, Papers from the Society for the Diffusion of Political Knowledge, no. 12, 1863) in Slavery Pamphlets # 60, Beinecke Rare Book and Manuscript library, Yale University. Quoted in "Yale, Slavery, & Abolition," an online report on Yale honorees, at Yaleslavery.org

Надворешни врски[уреди]