30 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
30 април е 120-иот ден во годината според григоријанскиот календар (121-и во престапна година). Остануваат 245 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1916 | Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство. |
| 1944 | Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание. |
| 1975 | Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам. |
| 1992 | Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата. |
| 2013 | Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса. |
Родени:
| 1245 | Филип III Храбриот, крал на Франција. |
| 1504 | Франческо Приматичо, италијански маниристички сликар, активен на дворот на Франсоа I. |
| 1662 | Марија II, кралица на Англија. |
| 1956 | Ларс фон Трир, дански режисер и сценарист. |
| 1978 | Бобан Јанчевски, македонски фудбалер. |
| 1985 | Михаел Меркев, дански велосипедист. |
Починале:
| 1555 | Папа Марцелиј II, римски папа. |
| 1883 | Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. |
| 1903 | Јордан Поп Јорданов - Орцето, еден од организаторите на Солунските атентати. |
| 1945 | Адолф Хитлер, водач на Третиот Рајх. |
| 1945 | Ева Браун, сопруга на Адолф Хитлер. |
| 1989 | Серџо Леоне, италијански режисер. |
| 2011 | Ернесто Сабато, аргентински писател. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |