Франческо Приматичо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар го скротува Букефал
„Одисеј и Пенелопа“ (1563)

Франческо Приматичо (итал. Francesco Primaticcio); ((30 април 15041570) бил италијански маниристички сликар, архитект и вајар кој работел највеќе во Франција.

Биографија[уреди]

Роден е во (Болоња, а се обучувал кај Џулио Романо во Мантова, а подоцна кај Иноченцо да Имола. Го украсил дворецот Палацо дел Те, а во 1532 почнал да работи на дворот на Франсоа I.

Заедно со Росо Фјорентино бил меѓу водечките мајстори во дворецот Фонтенбло, и тука провел голем дел од животот. По смртта на Росо во 1540, Приматичо го презел раководството на уметничките работи во Фонтенбло, правејќи многу нацрти за сликарите и штукаторите од неговта тајфа. Изработил скици за таписерии и привремени сценски украси за дворски маски и прослави, од кои денес се зачувани само подготвителни скици и гравури. Франсоа имал голема доверба во неговиот вкус, и затоа го испратил по набавки во Италија во 1540 и 1545 г. Меѓу другото, Приматичо имал за задача да направи калапи од најдобрите римски скулптури во папските збирки. Некои од овие подоцна се излиени во бронза и се поставени во партерите на Фонтенбло.[1]

По смртта на Франсоа I, Приматичо и натаму продолжил да работи како дворски сликар за неговите наследници Анри II и Франсоа II. За негово ремек-дело се смета Херкуловата сала (Salle d'Hercule) во Фонтенбло, на кое работел од 1530-тите до 1559 г.

Неговите густи маниристички композиции и витката телесна естетика извршиле значајно влијание подоцнежната врз француската уметност .

Кон крајот на животот, Приматочо почнал да се занимава со архитектура. Неговото најзначајно градежно дело е кралската капела во опатијата Сен-Дени, која била посмртно завршена, и урната во 1719 г.

Наводи[уреди]

  1. Bruce Boucher, "Leone Leoni and Primaticcio's Moulds of Antique Sculpture" The Burlington Magazine 123 бр. 934, (јануари 1981), стр. 23-26).

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]