Восток 1
При крајот на педесеттите години на 20 век наредната голема цел на вселенската трка била јасна - која светска сила прва ќе прати човек во орбитата. Советите имале очигледна предност, бидејќи „Спутник 2“, нивниот втор сателит, веќе тежел половина тон, а успеле да ги пратат сондите надвор од Земјиното непосредно соседство. На 12 април, 1961 г., изненадувајќи ги сите во светот, соопштија дека полковникот Јуриј Гагарин станал првиот човек кој летал во вселената во леталото „Восток 1“. Гаргарин се вратил на земјата како херој на СССР, а американската вселенска програма, што тогаш ја водела НАСА, повторно заостаувала. Подоцна мисиите Восток отворија ново поглавје во историјата со праќањето на првата жена во вселената и зголемување на времето поминато во орбитата, а во орбитата пратија дури и повеќе летала наеднаш.