Бајконур
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Бајконур Байқоңыр |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
|
|
|||
| Координати: 45°37′0″N 63°19′0″E / 45.616667°N 63.316667°EКоординати: 45°37′0″N 63°19′0″E / 45.616667°N 63.316667°E | |||
| Држава | Знаме на Казахстан Казахстан |
||
| Област | Кизилордиска Област | ||
| Основан | 1955 | ||
| Вклучен (град) | 1966 | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 57 km2 (22 sq mi) | ||
| Надм. височ. | 100 m (328 ft) | ||
| Население (2006) | |||
| - Вкупно | 70.000 | ||
| Часовен појас | UTC+6 (UTC+6) | ||
| Поштенски код | 101503 | ||
| Повик. бр. | +7 73622 | ||
| ISO 3166-2 | BAY | ||
Бајконур (казашки: Байқоңыр; руски: Байконур), порано познат како Ленинск, е град во Кизилордската Област на Казахстан, изнајмен и управуван од Русија. Бил изграден со цел да го опслужува космодромот Бајконур и бил официјално преименуван во Бајконур од страна на Борис Јелцин на 20 декември, 1995.
Формата на изнајмената област е елипса, со големина од 90 километри во правец исток-запад, и 85 километри север-југ, со космодромот во центарот.
Оригиналниот Бајконур е рударско градче неколку стотици километри на североисток, близу Џезказган во казашката област Карганди. Ова име било дадено на лансирната станица со цел да се предизвика забуна и да се зачува локацијата тајна. Овој град бил специфичн избран бидејќи траекторијата на летот на ракетите кои се користеле за лансирање на многу советски сателити, вклучувајќи го и првиот Спутник, поминувале близу над него. Името Бајконур на казашки значи богато кафеаво, т.е. плодна земја со многу билки. Сепак, железничката станица таму, која е постара од базата, го има зачувано своето старо име - Тјуратам.
Советската влада го основала научно-истражувачкиот тестирачки полигон (НИИП-5) со одлука донесена на 12 февруари 1955. Првите фотографии од полигонот за тестирање на ракети Тујуратам (или космодромот Бајконур) биле направени од страна на извидувачки авион од типот U-2 на 5 август 1957. Видете композитна сателитска снимка на лансирниот комплекс Тјуратам во рана фаза на развој заедно со космодромот (30 мај 1962).
[уреди] Видете исто така
[уреди] Извори
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бајконур“ |
|
||||||||||

