Спутник 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Спутник 1 е првиот вештачки сателит пуштен во орбита околу земјата и беше лансиран од Бајконур Космодромот во Тјуратам, 370 километри југозападно од градчето Бајконур во Казахстан. На руски "Спутник" значи "сопатник", или сателит, во овој случај. Оваа летало претставува алуминиумска сфера со дијаметар од 58 центиметри што носеше четири големи, од 2,4 до 2,9 метри долги, антени од страна. Масата му изнесуваше 83.60 килограми.

Лансиран: 4 октомври 1957 во 19:12 по Гринич, од Бајконур Космодромот LC-1, со A/"Спутник" (8K71PS M1-1PS).
Орбита: 227 km x 947 km x 65,1° x 96,8 min.
Испаднат од орбита: 4 јануари 1958

Инструментација[уреди]

Инструментите и изворите на електричната енергија беа поставени во затворена капсула и вклучувале трансмитери, а емисииите се случуваа најизменично во групи на секои 0,3 секунди. Даунлинк телеметријата вклучуваше податоци за температурите внатре и на површината од сферата. Сателитските трансмитери работеа 3 недели, додека хемиските батерии конечно не откажаа, и беа набљудувани со голем интерес во целата земја. Леталото испрати податоци за густината на горните слоеви на атмосферата и ширењето на радио брановите во јоносферата.

Крај на мисијата[уреди]

Малата, но многу исполирана сфера беше тешка за набљудување со голо око, поради нејзината сјајност од 6-та магнитуда, но затоа ракетниот потиснувач кој исто така ја достигна земјината атмосфера беше подобро видлив навечер како објект од прва магнитуда. Спутник испадна од орбитата 92 дена после лансирањето, откако заврши 1400 свртувања околу Земјата, со кумулативно пројдени 70 милиони километри. Сателитот и лансирачите беа развиени од бирото за дизајн на Сергеј Корлјов NII-88/Подлипки ( денешна РАКЕТНО-КОСМИЧЕСКАЯ КОРПОРАЦИЯ "ЭНЕРГИЯ").

Надворешни врски[уреди]

Спутник 1- Астрономски Клуб Куманово