Јоносфера
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
На горниот дел од мезосферата се надоврзува слој каде значителен дел од гасните молекули се наоѓаат во јонизирана состојба, поради нивната изложеност на сончевата радијација и другите космички зрачења. Од овие причини, овој слој е познат како јоносфера и неговата маса е 5% од вкупната маса на атмосферата. Воздухот во неа е мошне разреден, а небото е потполно темно, бидејќи сончевите зраци не се одбиваат од разредените воздушни честички и јони.
Јоносферата има рефлектирачка улога при простирањето на електромагнетните бранови со кратка бранова должина. Оваа околност е искористена за обезбедување на радиоврски на поголеми растојанија.
| Оваа статија од областа на физиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
