4 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
4 октомври е 277-иот ден во годината според григоријанскиот календар (278-и во престапна година). Остануваат 88 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1725 | Формирање на Росарио во Аргентина. |
| 1824 | Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив „Соединети Мексикански Држави“. |
| 1883 | Првото патување на возот „Ориент Експрес“. |
| 1940 | Средба на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер со цел да го прослават „Челичниот пакт“. |
| 1941 | Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски. |
| 1957 | Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми. |
| 1993 | Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите. |
Родени:
| 1289 | Кралот Луј X од Франција |
| 1657 | Франческо Солимена, италијански уметник |
| 1720 | Џовани Батиста Пиранези, италијански уметник (графичар) |
| 1861 | Фредерик Ремингтон, американски уметник |
| 1886 | Луис Алберни, шпански актер |
| 1924 | Чарлтон Хестон, американски актер |
| 1973 | Крис Паркс, американски борач |
Починале:
| 1669 | Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од наjпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата „Ноќна стража“, „Час по анатомија“ и „Христос во Емауд“. |
| 1821 | Џон Рени, шкотски инженер |
| 1944 | Ал Смит, американски политичар |
| 1951 | Вили Морети, американски гангстер |
| 1974 | Ен Секстон, американска поетеса |
| 2004 | Гордон Купер, американски космонаут |