Томаш Росицки
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 4 октомври 1980 | ||
| Роден во | Прага, Чешка | ||
| Висина | 1,80 м | ||
| Положба | Среден ред | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Арсенал | ||
| Број | 7 | ||
| Младинска кариера | |||
| Спарта Прага | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 1998–2001 | Спарта Прага | 41 | (8) |
| 2001-2006 | Борусија Дортмунд | 126 | (19) |
| 2006- | Арсенал | 109 | (13) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2000- | Чешка | 85 | (20) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 16 јануари 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Томаш Росицки (роден 4 октомври 1980 во Прага) е Чешки фудбалер, кој во моментов игра за Англискиот Премиерлигашот Арсенал.
Содржина |
Клупска кариера [уреди]
Росицки е играч од средниот ред познат по прекарот „Малиот Моцарт“, неговата феноменална вештина и способноста да го раководи средниот ред со добрите подавања.
Борусија Дортмунд [уреди]
Борусија Дортмунд за него на Спарта прага во 2001 плати 18 милиони фунти, што претставува рекорд во Бундеслигата.[1] Неговата репутација растеше додека играше во Дортмунд, но поради финансиската криза во која се најде клубот не можеше да го задржи и покрај фактот што беа свесни за неовиот придонес. Медиумите шпекулираа со скап трансфер во повеќе големи клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Тотенхем, Челзи и Арсенал. Росицки изрази желба да си замине од Дортмунд на крајот на сезоната 2005–06, Јужноафриканецот Стивен Пиенар беше донесен во пресрет на заминувањето на Росицки.
Арсенал [уреди]
Сезона 2006–07 [уреди]
На 23 мај 2006, Арсенал потврди дека го потпишале Росицки на долгорочен договор. Цената на трансферот не беше откриена но се шпекулираше дека се работи за околу 6,8 милиони фунти поради специјална клаузула во договорот на Росицки со Дортмунд.[1][2] Томаш го зема дресот со број 7 кој претходно му припаѓаше на Французинот Робер Пирес.
На 8 август 2006, Росицки го направи своето деби за Арсенал Играјќи на левото крило во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на Шампиони против Динамо Загреб. На 13 септември, Росицки гопостигна својот прв гол за Арсенал на гостувањето кај Хамбург СК, со спектакуларен шут од околу 30 метри.[3] Првиот гол во Премиер Лигата му беше против Виган Атлетик на 11 февруари 2007. Росицки не беше во форма во сезоната 2006–07, постигнувајќи само три гола во Премиер Лигата.
Росицки во Арсенал најчесто игра како лево крило. На моменти неговата игра потсеќа на онаа на неговиот претходник Робер Пирес. Додека сѐ уште беше во раните фази на неговата кариера Томаш се здоби со прекарите „Малиот Моцарт“ и „Моцарт на Фудбалот“ поради неговата способност да ја диригира играта на својот тим.[4]
Сезона 2007–08 [уреди]
Сезоната 2007–08 Росицки повторно ја започна на левото крило. На 29 август го постигна својот прв гол во новата сезона во натпревар против неговиот поранешен клуб Спарта Прага. Голот го постигна по амо 7 минути игра со низок шут, по асистенцијата на Тео Волкот.[5] Томаш ја одржа својата добра форма и во натпреварот против Портсмут постигнувајќи го својот прв гол во новата Премиерлигашка сезона со силен шут од лош агол. По опоравувањето од повредата на бутниот мускул заработена на натпреварот против Севиља, Росицки се врати во форма на натпреварот со Болтон Вандерерс од Премиер Лигата. По добрата комбинирање со Тео Волкот постигна го со шут од линијата на пет метри, а потоа следуваше уште еден гол против Виган Атлетик на асистенција од Никлас Бентнер. Томаш славеше и на гостувањето кај Мидлзборо, натпревар во кој Арсенал загуби со 2:1, а се запиша и меѓу стрелците и против Евертон со низок шут од врвот на шестнаесетникот во победата од 4:1. Повторно ја тресеше мрежата против Фулам кога постигна гол од 5 метри на асистенција на Едуардо, натпреварот заврши со победа од 3:0 за Арсенал.
Навивачите на Арсенал последен пат го видоа Чехот кога излегуваше во 9 минута на натпреварот од ФА Купот против Њукасл на Емирати на 26 јануари. Менаџерот Арсен Венгер подоцна изјави за повредата на 27 годишниот Томаш дека „не е сериозна ама е чудна“. Сепак, поради повредата Росицки го пропушти остатокот од сезоната како и Европското Првенство кое се одржа летото. Според изјави на Скај Спорт Тој ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради операција на коленото.[6]
Сезона 2008-09 [уреди]
Откако го пропушти ЕУРО 2008, Росицки беше очекуван во составот на Арсенал најдоцна до септември, но на 2 октомври 2008 Арсен Венгер излезе со изјава дека физиотерапевтите „постапиле добро“ доколку успее да се врати пред новата година.
Репрезентативна кариера [уреди]
Росицки го оствари своето репрезентативно деби во 2000 на 19 годишна возраст, против Република Ирска. Играше за својата земја на Европските Првенство во 2000 и 2004 и и помогна да се квалификува за Светското Првенство во 2006 во Германија. Росицки покажа добра форма додека настапуваше за Чешка во фазата по групи од квалификациите, постигнувајќи неколку гола од пенал и асистирајќи им на Милан Барош и Јан Колер со прецизни и навремени подавања. Исто така го постигна и победоносниот гол во плејофот против Норвешка, со што го обезбеди влезот на Чешка во финалето.
На Светското Првенство во 2006, Росицки постигна два гола во победата на Чешка над Обединетитет Американски Држави со 3:0 во првиот натпревар, на 12 јуни, 2006. Чешка испадна од Првенството уште во фазата по групи, при што Росицки беше приморан да игра во нападот по повредите на двајцата напаѓачи, Јан Колер и Милан Барош.
На почетокот на сезоната 2006–07 Росицки стана капитен на Чешка, на местото на Павел Недвед кој замина во пензија, и брзо се снајде во новата улога, помагајќи и на репрезентацијата да се квалификува за ЕП 2008.
Росицки го пропушти ЕП 2008 поради повреда.
Почести [уреди]
Спарта Прага [уреди]
Освојувач
-
- Чешка Прва Лига 1998-99, 1999-2000, 2000-01
Борусија Дортмунд [уреди]
- Освојувач
- Бундеслига: 2001-02
- Второ место
- Куп на УЕФА: 2001-02
Арсенал [уреди]
- Освојувач
- Куп Емирати: 2007
- Турнир Амстердам: 2007
- Второ место
- Лига куп: 2007
Статистика од клупската кариера [уреди]
- (Заклучно со 18 август 2008)
| Клуб | Сезона | Лига | Куп[7] | Европа | Вкупно | ||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | ||
| Борусија Дортмунд | 2001–02 | 24 | 4 | - | - | - | - | 8 | 1 | - | 32 | 5 | - |
| 2002–03 | 30 | 3 | - | - | - | - | 7 | 2 | - | 37 | 5 | - | |
| 2003–04 | 19 | 2 | - | - | - | - | 4 | 0 | - | 23 | 2 | - | |
| 2004–05 | 26 | 4 | - | - | - | - | 0 | 0 | 0 | 26 | 4 | - | |
| 2005–06 | 27 | 6 | - | - | - | - | 0 | 0 | 0 | 27 | 6 | - | |
| Вкупно | 145 | 22 | - | ||||||||||
| Арсенал | 2006–07 | 26 | 3 | 3 | 5 | 2 | 1 | 6 | 1 | 0 | 37 | 6 | 4 |
| 2007–08 | 18 | 6 | 2 | 1 | 0 | 0 | 5 | 1 | 0 | 24 | 7 | 2 | |
| Вкупно | 61 | 13 | 6 | ||||||||||
Белешки [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Arsenal secure Rosicky transfer, BBC Sport, 2006-05-23
- ↑ Czech midfielder Tomáš Rosický signs for Arsenal, Arsenal.com, 2006-05-23
- ↑ Rosický's first goal for Arsenal vs Hamburg 13 септември2006
- ↑ Little Mozart goes home intending to upset his first love, The Guardian, 2007-08-15
- ↑ Arsenal 3-0 Sparta Prague (5-0), BBC Sport, 2007-08-29
- ↑ Rosicky to miss season start, Sky Sports, 2008-07-22
- ↑ Опфаќа Фа Куп, Лига Куп и Комјунити Шилд
Надворешни врски [уреди]
- Официјален сајт
- Детална статистика од кариерата на Томаш Росицки
- Статистика за Тоамш Росицки на вебстраната на Фудбалска Федерација на Република Чешка
- Профил на Arsenal.com
- Томаш Росицки (Чешки неофицијален сајт)
- Томаш Росицки (Англиски неофицијален сајт)
|
|||||
- Родени на 4 октомври 1980
- Родени во октомври 1980
- Родени во 1980 година
- Родени во Прага
- Живи луѓе
- Чешки фудбалери
- Фудбалери од Премиер Лига
- Фудбалери на Спарта Прага
- Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд
- Фудбалери на ФК Арсенал
- Фудбалери на Светско првенство 2006
- Римокатолички христијани од Чешка
- Фудбалери од Бундеслига
- Прага