Европско првенство во фудбал 2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европско првенство во фудбал 2008
UEFA Euro 2008
Fußball-Europameisterschaft 2008 (германски)
Championnat d'Europe de football 2008 (француски)
Campionato europeo di calcio 2008 (италијански)
Campiunadi d'Europa da ballape 2008 (реторомански)

</noinclude>

Европско првенство во фудбал 2008
Општи детали за првенството
Домаќин(и)  Австрија
 Швајцарија
      градови 8
      стадиони 8
Период на оддржување 729 јуни 2008
Број на учесници 16
Распределба на медалите
Gold medal.svg Шампион  Шпанија
Silver medal.svg Второ место  Германија
Bronze medal.svg Трето место  Русија
 Турција
Статистички податоци за првенството
Посетеност 1.140.902  (36.803 по натпревар)
Одиграно натпревари 31
Дадено голови 77  (2.48 по натпревар)
Најдобар стрелец Шпанија Давид Виља (4 гола)
Најдобар играч Шпанија Чави

Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини беа Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и заврши со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, на кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеа да ја освои својата втора европска титула. На ова првенство, по втор пат улогата на домаќин ја имаат две земји. Репрезентацијата на Грција беше бранител на титулата.

На турнирот учествуваат шестнаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификуваа автоматски како домаќини; останатите четиринаесет тимови беа избрани низ квалификациски циклус, кој отпочна од август 2006 година. Шпанија, како победник на Евро 2008 се пласира на Купот на Конфедерациите 2009, закажан да се оддржи во Јужна Африка.[1]

Краток преглед[уреди]

Квалификациите за Европското првенство во фудбал 2008 година отпочнаа во август 2006, само месец по завршувањето на Светското првенство од 2006 година. Во квалификацискиот циклус учествуваа сите репрезентации од европскиот континент со исклучок на Австрија и Швајцарија, кои се пласираа автоматски како домаќини, како и на репрезентацијата на Црна Гора, која предоцна беше признаена од УЕФА за да има право да учествува. Од досегашните девет европски фудбалски шампиони, само Данската репрезентација не успеа да ги помине квалификациите.

Ждребот кој се оддржа на 2 декември 2007 веднаш ја даде групата на смртта во групата Ц, каде Италија, Франција, Романија и Холандија беа извлечени да се натпреваруваат за двете победнички места. Од друга страна, пак, Германија и Португалија добија релативно полесен ждреб, од причина што со ниту една од погоре спомнатите репрезентации не можеа да ја сретнат пред финалето, а уште една од големите репрезентации што овие две ја избегнуваа до самата завршница беше Шпанија.

Како најуспешни во фазата по групи се издвоија Хрватска, Холандија и Шпанија - сите се пласираа понатаму без изгубен поен. Без разлика на улогата на домаќини, Австрија и Швајцарија не успеаја да отидат понатаму, правејќи го Евро 2008 првото Европско првенство во кое ниту еден од домаќините не успеал да стигне до четврфиналето. Еден од највозбудливите натрпевари по групи се одигра во последниот меч од групата A, каде Турската фудбалска репрезентација (која мораше да победи за да се пласира понатаму) успеа да ја совлада репрезентацијата на Чешка иако до 75-та минута губеше со 2-0. Истиот натпревар го обележа една некарактеристична грешка на еден од најдобрите светски голмани - Петр Чех - кој, испуштајќи ја топката од своите раце на неколку минути пред крајот му овозможи на турскио напаѓач Нихат Кахвечи да го израмни резултатот; само две минути подоцна, истиот играч им ја обезбеди победата на Турција со прекрасен погодок на самиот истек од последната минута на натпреварот. Во судиското продолжение, голманот на турската репрезентација Волкан Демирел доби црвен картон откако неразумски го турна чешкиот напаѓач Јан Колер. Турците, со победата, и се придружија на репрезентацијата на Португалија како двете квалификувани репрезентации од група A. Во групата Б, Хрватска беше репрезентацијата што прва обезбеди пласман откако во второто коло ја совлада Германија која последната сламка на спасот ја фати совладувајќи ја Австрија во последниот натпревар од групата со прекрасен гол на Михаeл Балак од слободен удар. Во групата Ц, Франција беше репрезентацијата што не успеа да продолжи понатаму, неславно завршувајќи го својот настап со само еден освоен бод од ремито со Романија на првиот натпревар. Покрај Холандија, која ги освои сите бодови, и Италија се пласира во четврфиналето, откако во последниот натпревар ја совлада токму Франција со 2-0, во натпревар што беше реприза на финалето од 2006. Во групата Д, пак, бранителот на европската круна - Грција - не успеа да ја повтори играта од пред четири години и турнирот го заврши неславно како единствена репрезентација без ниту еден освоен бод. За разлика од неа, Русија успеа да ѝ се приклучи на Шпанија во четврфиналето, откако успеа да ја победи Шведска во еден одличен натпревар со 2-0 во решавачкиот меч од групната фаза.

Во четвртфиналето, Португалскиот тим не успеа соодветно да го испрати својот тренер Луиз Фелипе Сколари кој уште на средината на првенството ја прифати тренерската позиција во тимот на Челси, откако беше поразен во еден возбудлив натпревар од Германија. Турција, која по победите над Чешка и Швајцарија (ја совлада, исто така, со гол во 92та минута) се здоби со титулата Кралеви на пресвртот, потполно го оправда својот епитет и во натпреварот со Хрватска - откако натпреварот заврши 0-0 во регуларниот дел, Хрватите успеаја да поведат во претпоследната минута од второто продолжение со голот на Иван Класниќ; и кога сите мислеа дека е сѐ готово, веќе и по истекот на минутата продолжение, преку Семих Шентурк, Турците обезбедија пенали, преку кои стигнаа во полуфиналето, откако Хрватите промашија три од своите четири пенали. Во третото четвртфинале, холандскиот тренер Гус Хидинк ја однесе Русија меѓу четирите најдобри репрезентации во Европа, откако со два гола во второто продолжение од петнаесет минути ја порази токму Холандија - до овој натпревар сметана за главен фаворит за освојување на титулата; во регуларниот дел, натпреварот заврши 1-1, откако Холанѓаните израмнија на пет минути пред крајот на натпреварот. Последното четвртфинале меѓу Италија и Шпанија не донесе посебно возбудлив фудбал и по 120 минути игра без голови, пеналите беа тие што одлучија за четвртиот патник во полуфиналето - Шпанија.

Во првото полуфинале, Турција не успеа да направи уште едно големо изненадување и беше победена од Германија со нејзиниот сопствен рецепт. Натпреварот турската репрезентација го почна со севкупно 13 играчи - дури 9 им беа суспендирани или повредени. Па сепак, токму Турција покажа подобра игра во првото полувреме и токму таа поведе со 1-0, за само четири минути подоцна Бастијан Швајнштајгер да го израмни резултатот. Во 79та минута, Германија поведе со 2-1, но, на општо изненадување, Турција успеа да се стабилизира и израмни на 2-2 на само четири минути пред крајот. Сепак, во последната минута од регуларниот дел на натпреварот, Германија, преку Филип Лам го обезбеди своето шесто финале на Европските првенства. Поради страшно невреме во Австрија, телевизискиот пренос од овој натпревар беше обременет со прекини, кои му оневозможија на половина свет да го види вториот гол на Германија. Во второто полуфинале, пак, Шпанија убедливо ја совлада Русија со три нула, откако на полувреме натпреварот заврши 0-0. Чави, Даниел Гуиза и Давид Силва беа стрелците што ѝ овозможија пласман на Шпанија во финалето по 24 години фудбалски пост.

Токму Шпанија успеа да ја освои титулата на ова Европско првенство откако во финалето прикажа подобра игра и заслужено ја совлада репрезентацијата на Германија. Клучниот момент се случи во 33та минута, кога недоразбирањето меѓу Филип Лам и Јенс Леман успеа да го искористи шпанскиот напаѓач Фернандо Торес и со една лукава реакција да го постигне и одлучувачкиот гол на финалето.

Избирање на домаќинот[уреди]

Австрија и Швајцарија заеднички се понудија да го организираат првенството и се соочија силна конкуренција во Грција/Турција, Шкотска/Ирска, Русија, Унгарија, Хрватска/Босна и Херцеговина, како и четирикратната скандинавска комбинација Норвешка/Шведска/Данска/Финска. Австрија се обиде да ја добие организацијата и на Евро 2004 кога конкурираше заедно со Унгарија, но беше поразена од Португалија.

По прелиминарното гласање, Австрија/Швајцарија, Грција/Турција, и Унгарија останаа во трка. Грција и Турција отпаднаа први, па Унгарија и Австрија/Швајцарија останаа да го водат последниот двобој.

Победата на Австрија и Швајцарија го означи второто здружно организирано Европско првенство по Евро 2000 чии домаќини беа Белгија и Холандија. Првенството во 2012 што ќе се одржува во Полска и Украина ќе биде третиот европски шампионат со повеќе од еден домаќин.

Стадиони[уреди]

Турнирот се игра на 8 стадиони лоцирани во двете земји - четири во Австрија и четири во Швајцарија. Секој стадион има капацитет од барем 30,000; најголем меѓу нив е Ернст-Хапел-Штадионот во Виена со вкупно 53,295 места.[2] Токму поради оваа причин, на овој стадион ќе се игра финалето. Швајцарија сите свои натпревари во групата ќе ги игра на Сент Јакоб-Парк стадионот во Базел, каде исто така се играше и мечот на отварањето како компензација за финалето. Австриската репрезентација сите натпревари ги играше на Ернст-Хапел-Штадион.

Во 2004 година, стадионот во Цирих беше проблематичен за организаторите. Првенствено стадионот Хардтурм требаше да биде реновиран но низа правни одлучки ја оддолжија градбата до степен што истиот беше оневозможен да се користи за првенството од 2008. Проблемот се состоеше во тоа што договорот меѓу УЕФА и земјите-домаќини предвидувал употреба на четири стадиони во секоја од земјите. Сепак, сѐ беше решено кога организаторите предложиле да се реновира стадионот Летцигрунд; УЕФА го одобри планот во 2005 година. Првиот натпревар на реновираниот Летцигрунд се одигра на 23 септември 2007.[3]

 Австрија
Wien 3 Wappen.svg Виена AUT Klagenfurt COA.svg Клагенфурт AUT Salzburg (Stadt) COA.svg Салцбург InnsbruckWappen.png Инсбрук
Ернст-Хапел-Штадион
Капацитет: 53 295
Хипо-Арена
Капацитет: 31 957
Валс-Зиценхајм-Штадион
Капацитет: 31 020
Тиволи Ној
Капацитет: 31 600
EHStadion040606w.jpg Hypo Group Arena - Westansicht.JPG Em stadion salzburg.jpg Umbau Tivoli Neu.JPG
3 натпревари од Група Б
2 четвртфиналиња
полуфинале и финале
3 натпревари од Група Б 3 натпревари од Група Д 3 натпревари од Група Д
Euro2008 venues mk.svg
 Швајцарија
Bale-coat of arms.svg Базел Berne-coat of arms.svg Берн Coat of Arms of Geneva.svg Женева Ch zh wappen stadt.gif Цирих
Сент Јакоб-Парк
Капацитет: 42 000
Стад де Сис Ванкдорф
Капацитет: 31 907
Стад де Женев
Капацитет: 31 228
Летцигрунд
Капацитет: 30 000
St. Jakob-Park 2004-01-09.jpg Stadedesuisse-2.jpg CH-AL Geneva 2003-06-11.jpg Letzigrund 2007ii.jpg
3 натпревари од Група A
(вклучувајќи го и мечот на отворањето)
2 четвртфиналиња и
полуфинале
3 натпревари од Група Ц 3 натпревари од Група A 3 натпревари од Група Ц

Трофеј, топка, маскоти, слоган[уреди]

Адидас во соработка со Бајер-материјали ја произведе топката со која се играат натпреварите на првенството. Нејзиното име е „Европас“ (EUROPASS). Основната бела боја прошарана со црни полиња асоцира на изгледот на традиционалната фудбалска топка, а меѓу прикажаните детали се и логото на турнирот како и знамињата на домаќините. Секоја топка што ќе се користи на поединечните натпревари врз себе има испишано дата, име на градот, име на стадионот како и на спротивставените репрезентации.

Официјалните маскоти на Европското првенство во фудбал 2008 се Трикс и Фликс чии имиња беа избирани од публиката, во конкуренција на Трикс и Фликс, беа имињата Зиги и Заги, и Флитз и Блитз. Трикс и Фликс се браќа-близнаци ви црвено-бели дресови (боите на знамињата на Австрија и Швајцарија). Броевите на нивните дресови се „20“ и „08“ - заедно даваат „2008“. Црвената коса потсетува на логото првенството, а нејзиниот изглед на стрмнините на алпските планини. За дизајнот на маскотите се погрижи познатото холивудско студио Браќа Ворнер (Warner Bros. Consumer Products). Официјална песна на првенството е „Дали ме слушаш“ (Can You Hear Me) и истата ја пее Енрике Иглесијас.

Победниците на Евро 2008 ќе добијат и нов трофеј. Новата верзија на класичниот трофеј на Анри Делене, создадена од Аспреј Лондон[4], е безмалку истоветна реплика на оригиналната верзија дизајнирана од Артус-Бертран. Мермерната основа и една мала фигура што жонглира на позадината на трофејот се отстранети од него. Сребрениот постамент на трофејот морало да биде зголемен за да се задржи неговата стабилност. Имињата на досегашните победници кои досега беа сместени на основата, сега се испишани на задниот дел од самиот трофеј. Истиот е направен од чисто сребро и тежи околу осум килограми, а висок е шеесетина сантиметри.

Слоганот за Евро 2008 беше избран на 24 јануари 2007 и истиот гласи Очекувајте емоции (Expect Emotions.)

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини рече дека слоганот "накратко го опишува токму она што УЕФА Евро 2008 може да го понуди: секакви видови чувства – радост, разочарување, утеха или возбуда – сѐ до последниот свиреж."[5]

Квалификации[уреди]

Ждрепката за квалификациите се оддржа на 27 јануари 2006 године во Монтре, Швајцарија во 12:00 часот по средноевропско време.

Самите квалификации започнаа само еден месец по завршетокот на Светското првенство оддржано во Германија истата година.

Форматот на квалификациите беше променет. Овој пат, и победникот и второпласираниот од сите седум групи се пласираа директно на Европско првенство без играње на бараж. Шест групи имаа по 7 тимови, а групата А - 8.

Квалификувани репрезентации[уреди]

Држава Квалификувана како Осигуран пласман на Преглед на учеството на минатите турнири1
Flag of Austria.svg Австрија 00Домаќин 0012 декември 2002 01 (прв пласман)
Flag of Switzerland.svg  Швајцарија 01Домаќин 0112 декември 2002 21 (1996, 2004)
Flag of Poland.svg Полска 02Победник во група А 0917 ноември 2007 00 (прв пласман)
Flag of Portugal.svg Португалија 03Второпласирана во група А 1421 ноември 2007 4 (1984, 1996, 2000, 2004)
Flag of Italy.svg Италија 04Победник во група Б 0617 ноември 2007 60 (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004)
Flag of France.svg Франција 05Второпласирана во група Б 0717 ноември 2007 81 (1960, 1964, 1968, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004)
Flag of Greece.svg Грција 06Победник во група Ц 0317 октомври 2007 23 (1980, 2004)
Flag of Turkey.svg Турција 07Второпласирана во група Ц 1221 ноември 2007 22 (1996, 2000)
Flag of the Czech Republic.svg Чешка Република 08Победник во група Д 0517 октомври 2007 62 (19602, 19762, 19802, 1996, 2000, 2004)
Flag of Germany.svg Германија 09Второпласирана во група Д 0213 октомври 2007 9 (19723, 19763, 19803, 19843, 19883, 1992, 1996, 2000, 2004)
Flag of Croatia.svg Хрватска 10Победник во група Е 0817 ноември 2007 20 (1996, 2004)
Flag of Russia.svg Русија 11Второпласирана во група Е 1521 ноември 2007 8 (19604, 19644, 19684, 19724, 19884, 19925, 1996, 2004)
Flag of Spain.svg Шпанија 12Победник во група Ф 1117 ноември 2007 71 (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004)
Flag of Sweden.svg Шведска 13Второпласирана во група Ф 1321 ноември 2007 30 (1992, 2000, 2004)
Flag of Romania.svg Романија 14Победник во група Г 0417 октомври 2007 31 (1984, 1996, 2000)
Flag of the Netherlands.svg Холандија 15Второпласирана во група Г 1017 октомври 2007 70 (1976, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004)
1 Задебелената година го означува шампионот во соодветната година
2 како Чехословачка
3 како Западна Германија
4 како Советски Сојуз
5 како Заедница на независни држави

Ждреб[уреди]

Конечен пласман на земјите-учесници на Евро 2008

Ждрепката за групите се одржува на 2 декември 2007 година во Луцерн, во Швајцарија. Пред извлекувањето, репрезентациите се поделена во четири „шешири“ (групе) (од кој во секој по четири екипи) според ранг-листата на УЕФА. Самата ранг-листа е направена врз основа на резултатите од последните два квалификациски циклуси за големите натпреварувања. Единствен исклучок е Германија, која, како домаќин, не играше квалификации за Светското првенство во 2006. Светскиот вицешампион Франција, поради лошите и неубедливи игри е ставена во четвртиот шешир, а Холандија го доби највисокиот коефициент од сите репрезентации.

Идејата на организаторите е самите групи да бидат извлечени од капитените на екипите кои во минатото биле европски шампиони; оттука, на ждрепката учествуваат неколку големи фудбалски имиња.

Домаќините на првенството Австрија и Швајцарија се носители. Одредено е носител на групата А да биде Швајцарија, а на групата Б - Австрија. Покрај домаќините, во првиот шешир сместени се уште и Грција, како бранител на трофејот и Холандија, како репрезентација со највисок УЕФА коефициент.

Распоред на репрезентациите по шешири[уреди]

Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4

Процедурата на ждрепката е таква што прво се извлечени носителите на групите Ц и Д, а потоа и селекциите од останатите шешири.

Судии[уреди]

Дванаесет судии и дваесет и четири асистенти се одбрани да го водат Европското првенство:[6]

Фудбалска
асоцијација
Судија Асистенти
 Австрија Конрад Плауц Егон Беројта Маркус Маир
 Белгија Франк де Блекере Петер Херманс Алекс Ферстретен
 Англија Хауард Веб Дерен Кен Мајк Маларки
 Германија Херберт Фандел Карстен Кадах Фолкер Вецел
 Грција Кирос Васарас Димитрис Бозарцидис Димитрис Сараидарис
 Италија Роберто Розети Aлесандро Гризели Паоло Калкањо
 Холандија Питер Финк Адриаан Иниа Ханс тен Хоове
 Норвешка Том Хенинг Евребе Геир Оге Холен Јан Петер Ранден
 Словачка Љубош Михељ Роман Слишко Мартин Балко
 Шпанија Мануел Мехуто Гонзалез Хуан Карлос Јусте Хименез Хесус Калво Гуадамуро
 Шведска Петер Фрејдфелт Стефан Витберг Хенрик Андрен
 Швајцарија Масимо Бусака Матијас Арне Стефан Киа

Групи[уреди]

Група А[уреди]

Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Flag of Portugal.svg Португалија 3 2 0 1 5 3 +2 6
Flag of Turkey.svg Турција 3 2 0 1 5 5 0 6
Flag of Switzerland.svg  Швајцарија 3 1 0 2 3 3 0 3
Flag of the Czech Republic.svg Чешка Република 3 1 0 2 4 6 -2 3
7 јуни 2008
18:00
Швајцарија  Flag of Switzerland.svg 0 - 1 Flag of the Czech Republic.svg Чешка Република Сент Јакоб=Парк, Базел
Публика: 39,730
Судија: Роберто Розети Италија
Сверкош гол 71'

7 јуни 2008
20:45
Португалија Flag of Portugal.svg 2 - 0 Flag of Turkey.svg Турција Стад де Женев, Женева
Публика: 29.106
Судија: Херберт Фандел Германија
Пепе гол 61'
Мејрелеш гол 93'

11 јуни 2008
18:00
Чешка Република Flag of the Czech Republic.svg 1 - 3 Flag of Portugal.svg Португалија Стад де Женев, Женева
Публика: 29.016
Судија: Кирос Васарас Грција
Сионко гол 17'
Деко гол 8'
Роналдо гол 63'
Кварежма гол 90+1'

11 јуни 2008
20:45
Турција Flag of Turkey.svg 2 - 1 Flag of Switzerland.svg  Швајцарија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 39.730
Судија: Лубош Михељ Словачка
Семих гол 8'
Арда гол 90+2'
Јакин гол 32'

15 јуни 2008
20:45
Швајцарија  Flag of Switzerland.svg 2 - 0 Flag of Portugal.svg Португалија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 29.730
Судија: Конрад Плауц Австрија
Јакин гол 71' гол 83' (пен..)

15 јуни 2008
20:45
Турција Flag of Turkey.svg 3 - 2 Flag of the Czech Republic.svg Чешка Република Стад де Женев, Женева
Публика: 29.016
Судија: Петер Фројдфелд Шведска
Арда гол 75'
Нихат гол 87' гол 89'
Колер гол 34'
Плашил гол 62'

Група Б[уреди]

Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Flag of Croatia.svg Хрватска 3 3 0 0 4 1 +3 9
Flag of Germany.svg Германија 3 2 0 1 4 2 +2 6
Flag of Austria.svg Австрија 3 0 1 2 1 3 -2 1
Flag of Poland.svg Полска 3 0 1 2 1 4 -3 1
8 јуни 2008
18:00
Австрија Flag of Austria.svg 0 - 1 Flag of Croatia.svg Хрватска Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51.428
Судија: Питер Финк Холандија
Модриќ гол 4' (пен.}

8 јуни 2008
20:45
Германија Flag of Germany.svg 2 - 0 Flag of Poland.svg Полска Хипо-Арена, Клагенфурт
Публика: 30.461
Судија: Том Хенинг Еврбе Норвешка
Подолски гол 20' гол 72'

12 јуни 2008
18:00
Хрватска Flag of Croatia.svg 2 - 1 Flag of Germany.svg Германија Хипо-Арена, Клагенфурт
Публика: 30.461
Судија: Франк де Блекере Белгија
Срна гол 24'
Олиќ гол 62'
Подолски гол 79'

12 јуни 2008
20:45
Австрија Flag of Austria.svg 1 - 1 Flag of Poland.svg Полска Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51.428
Судија: Хауард Веб Англија
Вастиќ гол 90+3' (пен.} Гереро гол 30'

16 јуни 2008
20:45
Полска Flag of Poland.svg 0 - 1 Flag of Croatia.svg Хрватска Хипо-Арена, Клагенфурт
Публика: 30.461
Судија: Кирос Васарас Грција
Класниќ гол 53'

16 јуни 2008
20:45
Австрија Flag of Austria.svg 0 - 1 Flag of Germany.svg Германија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51.428
Судија: Мануел Мехуто Гонзалес Шпанија
Балак гол 49'

Група Ц[уреди]

Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Flag of the Netherlands.svg Холандија 3 3 0 0 9 1 +8 9
Flag of Italy.svg Италија 3 1 1 1 3 4 -1 4
Flag of Romania.svg Романија 3 0 2 1 1 2 -1 2
Flag of France.svg Франција 3 0 1 2 1 6 -5 1
9 јуни 2008
18:00
Романија Flag of Romania.svg 0 - 0 Flag of France.svg Франција Летцигрунд, Цирих
Публика: 30.585
Судија: Мануел Мехуто Гонзалес Шпанија

9 јуни 2008
20:45
Холандија Flag of the Netherlands.svg 3 - 0 Flag of Italy.svg Италија Стад де Сис Ванкдорф, Берн
Публика: 30.777
Судија: Петер Фројдфелд Шведска
ван Нистелроој гол 26'
Снејдер гол 31'
ван Бронкхорст гол 79'

13 јуни 2008
18:00
Италија Flag of Italy.svg 1 - 1 Flag of Romania.svg Романија Летцигрунд, Цирих
Публика: 30.585
Судија: Том Хенинг Евребе Норвешка
Панучи гол 55' Муту гол 54'

13 јуни 2008
20:45
Холандија Flag of the Netherlands.svg 4 - 1 Flag of France.svg Франција Стад де Сис Ванкдорф, Берн
Публика: 30.777
Судија: Херберт Вандел Германија
Кујт гол 9'
ван Перси гол 59'
Робен гол 72'
Снејдер гол 90'
Анри гол 71'

17 јуни 2008
20:45
Холандија Flag of the Netherlands.svg 2 - 0 Flag of Romania.svg Романија Стад де Сис Ванкдорф, Берн
Публика: 30.777
Судија: Масимо Бусака Швајцарија
Хунтелаар гол 54'
ван Перси гол 87'

17 јуни 2008
20:45
Франција Flag of France.svg 0 - 2 Flag of Italy.svg Италија Летцигрунд, Цирих
Публика: 30.585
Судија: Лубош Михељ Словачка
Пирло гол 25' (пен.)
Де Роси гол 62'

Група Д[уреди]

Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Flag of Spain.svg Шпанија 3 3 0 0 8 2 +6 9
Flag of Russia.svg Русија 3 2 0 1 4 4 0 6
Flag of Sweden.svg Шведска 3 1 0 2 3 4 -1 3
Flag of Greece.svg Грција 3 0 0 3 1 5 -4 0
10 јуни 2008
18:00
Шпанија Flag of Spain.svg 4 - 1 Flag of Russia.svg Русија Тиволи Ној, Инсбрук
Публика: 30 772
Судија: Конрад Плауц Австрија
Виља гол 20' гол 44' гол 75'
Фабрегас гол 90+2'
Пављученко гол 86'

10 јуни 2008
20:45
Грција Flag of Greece.svg 0 - 2 Flag of Sweden.svg Шведска Валс-Зиценхајм-Штадион, Салцбург
Публика: 31 063
Судија: Масимо Бусака Швајцарија
Ибрахимовиќ гол 67'
Хансон гол 72'

14 јуни 2008
18:00
Шведска Flag of Sweden.svg 1 - 2 Flag of Spain.svg Шпанија Тиволи Ној, Инсбрук
Публика: 30 772
Судија: Питер Винк Холандија
Ибрахимовиќ гол 34' Торес гол 15'
Виља гол 90+2'

14 јуни 2008
20:45
Грција Flag of Greece.svg 0 - 1 Flag of Russia.svg Русија Валс-Зиценхајм-Штадион, Салцбург
Публика: 31 063
Судија: Роберто Розети Италија
Зирјанов гол 33'

18 јуни 2008
20:45
Грција Flag of Greece.svg 1 - 2 Flag of Spain.svg Шпанија Валс-Зиценхајм-Штадион, Салцбург
Публика: 30 883
Судија: Хауард Веб Англија
Харистеас гол 42' де ла Ред гол 61'
Гуиза гол 88''

18 јуни 2008
20:45
Русија Flag of Russia.svg 2 - 0 Flag of Sweden.svg Шведска Тиволи Ној, Инсбрук
Публика: 30 772
Судија: Франк де Блекере Белгија
Пављученко гол 24'
Аршавин гол 50'

Елиминации[уреди]

Четвртфинале Полуфинале Финале
                   
19 јуни - Базел        
 Flag of Portugal.svg Португалија  2
25 јуни - Базел
 Flag of Germany.svg Германија  3  
 Flag of Germany.svg Германија  3
20 јуни - Виена
   Flag of Turkey.svg Турција  2  
 Flag of Croatia.svg Хрватска  2 (1)
29 јуни - Виена
 Flag of Turkey.svg Турција  4 (1)  
 Flag of Germany.svg Германија  0
21 јуни - Базел
   Flag of Spain.svg Шпанија  1
 Flag of the Netherlands.svg Холандија  1
26 јуни - Виена
 Flag of Russia.svg Русија  3  
 Flag of Russia.svg Русија  0 Трето место
22 јуни - Виена
   Flag of Spain.svg Шпанија  3  
 Flag of Spain.svg Шпанија  4 (0)      
 Flag of Italy.svg Италија  2 (0)        
 

Четвртфинале[уреди]

19 јуни 2008
20:45
Португалија Flag of Portugal.svg 2 - 3 Flag of Germany.svg Германија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 42.000
Судија: Петер Фројдфелт Шведска
Нуну Гомеш гол 40'
Пуштига гол 87'
Швајнштајгер гол 22'
Клосе гол 26'
Балак гол 61'

20 јуни 2008
20:45
Хрватска Flag of Croatia.svg 1 - 1 (0 - 0) Flag of Turkey.svg Турција Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 50.000
Судија: Роберто Розети Италија
Класниќ гол 119' Семих гол 120'
    Пенали  
Модриќ: Soccerball shade cross.svg
Срна: Погодок
Ракитиќ: Soccerball shade cross.svg
Петриќ: Soccerball shade cross.svg
1–3 Погодок: Арда
Погодок: Семих
Погодок: Алтинтоп
 

21 јуни 2008
20:45
Холандија Flag of the Netherlands.svg 1 - 3 Flag of Russia.svg Русија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 38 374
Судија: Љубош Михељ Словачка
ван Нистелроој гол 86' Пављученко гол 56'
Торбинскиј гол 111'
Аршавин гол 116'

22 јуни 2008
20:45
Шпанија Flag of Spain.svg 0 - 0 Flag of Italy.svg Италија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 48 000
Судија: Херберт Фандел Германија
    Пенали  
Виља: Погодок
Казорла: Погодок
Сена: Погодок
Гуиза: Soccerball shade cross.svg
Фабрегас: Погодок
4–2 Погодок: Гросо
Soccerball shade cross.svg: Де Роси
Погодок: Каморанези
Soccerball shade cross.svg: Ди Натале
 

Полуфинале[уреди]

25 јуни 2008
20:45
Германија Flag of Germany.svg v Flag of Turkey.svg Турција Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 39 374
Судија: Масимо Бусака Швајцарија
Швајнштајгер гол 26'
Клосе гол 79'
Лам гол 90'
Борал гол 21'
Семих гол 86'

26 јуни 2008
20:45
Русија Flag of Russia.svg 0 - 3 Flag of Spain.svg Шпанија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51,428
Судија: Франк де Блекере Белгија
Чави гол 50'
Гуиза гол 73'
Силва гол 82'

Финале[уреди]

29 јуни 2008
20:45
Германија Flag of Germany.svg 0 - 1 Flag of Spain.svg Шпанија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51,428
Судија: Роберто Розети Италија
Торес гол 33'


Шампиони на Евро 2008
Шпанија
Шпанија
Втора титула

Статистика[уреди]

Награди[уреди]

На крајот на првенството, Техничкиот тим на УЕФА го компонираше и Најдобриот тим, составен од 23 најдобри играчи во текот на турнирот. Девет аналитичари имале за задача внимателно да го следат секој натпревар пред да ги дадат своите конечни оценки по завршувањето на финалето. Во конечниот состав, дури девет играчи му припаѓаат на победничкиот тим на Шпанија; зад нив следи Русија со четворица, па Германија со тројца, Португалија и Холандија со двајца и Турција, Хрватска и Италија со по еден играч; ниту еден од играчите на репрезентациите елиминирани во фазата по групи не бил земен во обзир.[7] Втората задача на Техничкиот тим на УЕФА беше изборот за најдобар фудбалер на првенството, одлука која истиот мораше да ја донесе дури и по согледувањето на гласовите на навивачите. Шпанскиот играч од средниот ред, Чави, беше играчот што ја понесе титулата.[8] Златната копачка исто така му припадна на еден Шпанец - Давид Виља, кој од четирите голови постигнати на првенството, дури три постигна во победата од 4–1 над Русија во првиот натпревар на шпанската репрезентација.[9]

УЕФА Тим на Првенството
Голмани Одбрана Средина Напад
Италија Џанлуиџи Буфон Португалија Жозе Босингва Турција Хамит Алтинтоп Русија Андреј Аршавин
Шпанија Икер Касиљас Германија Филип Лам Германија Михаел Балак Русија Роман Пављученко
Холандија Едвин ван дер Сар Шпанија Карлос Марчена Шпанија Сеск Фабрегас Шпанија Фернандо Торес
Португалија Пепе Шпанија Андрес Иниеста Шпанија Давид Виља
Шпанија Карлес Пујол Хрватска Лука Модриќ
Русија Јуриј Жирков Германија Лукас Подолски
Шпанија Маркос Сена
Холандија Весли Снејдер
Шпанија Чави
Русија Константин Зирјанов
Златна копачка
УЕФА играч на првенството

Стрелци[уреди]

4 гола
3 гола
2 гола
1 гол
1 гол (прод.)

Дисциплина[уреди]

Следниве играчи беа суспендирани како резултат на добиен црвен картон или како последица на акумулација на два жолти:

Играч Прекршок Суспензија Белешки
Русија Андреј Аршавин Red card.svg на квалификациониот натпревар со Андора Група Д vs Шпанија
Група Д vs Грција
Суспензија поради добиен црвен картон на последниот натпревар од квалификациите
Германија Бастијан Швајнштајгер Red card.svg во Група Б vs Хрватска Група Б vs Австрија
Австрија Себастијан Предл Yellow card.svg во Група Б vs Хрватска
Yellow card.svg во Група Б vs Полска
Група Б vs Германија
Романија Дорин Гојан Yellow card.svg во Група Ц vs Франција
Yellow card.svg во Група Ц vs Италија
Група Ц vs Холандија
Турција Мехмет Аурелио Yellow card.svg во Група А vs Швајцарија
Yellow card.svg во Група А vs Чешка
Четвртфинале vs Хрватска
Турција Волкан Демирел Red card.svg во Група А vs Чешка Четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Суспензијата продолжена на два натпревари поради сериозност на прекршокот
Франција Ерик Абидал Red card.svg во Група Ц vs Италија Квалификации за Светско 2010 vs Австрија Суспензијата ќе ја отслужи на првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2010
Италија Андреа Пирло Yellow card.svg во Група Ц vs Романија
Yellow card.svg во Група Ц vs Франција
Четвртфинале vs Шпанија
Италија Џенаро Гатузо Yellow card.svg во Група Ц vs Холандија
Yellow card.svg во Група Ц vs Франција
Четвртфинале vs Шпанија
Турција Тунџај Шанли Yellow card.svg во Група А vs Швајцарија
Yellow card.svg во четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Турција Арда Туран Yellow card.svg во Група А vs Чешка
Yellow card.svg во четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Турција Емре Ашик Yellow card.svg во Група А vs Чешка
Yellow card.svg во четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Русија Денис Колодин Yellow card.svg во Група Д vs Шведска
Yellow card.svg во четвртфинале vs Холандија
Полуфинале vs Шпанија
Русија Дмитриј Торбинскиј Yellow card.svg во Група Д vs Грција
Yellow card.svg во четвртфинале vs Холандија
Полуфинале vs Шпанија

Парични награди[уреди]

УЕФА објави дека вкупно €184 милиони се понудени на 16те репрезентации што учествуваат на овој турнир, на тој начин јасно зголемувајќи го наградниот фонд од €129 милиони на претходниот европски шампионат. Притоа, наградите изгледаат вака:[10]

  • Награда за учество: €7.5 million

Додатни награди врз база на покажаното:

  • Шампион: €7.5 милиони
  • Второпласиран: €4.5 милиони
  • Полуфиналист: €3 милиони
  • Четвртфиналист: €2 милиони
  • Групна фаза (по натпревар):
    • Победа: €1 милион
    • Реми: €500,000

Ако шампионот има победено во сите натпревари по групната фаза може вкупно да освои €23 милиони. Пред финалето, Шпанија е единствената репрезентација што има ваква можност.

Белешки[уреди]

  1. Победникот на Евро 2008 не е обврзан да учествува на споменатиот Куп на Конфедерации 2009. Пред промената на правилата од 2004 година, шампионот на Европа и оној на Јужна Америка беа обврзани да учествуваат на Купот на Конфедерациите.
    „Сезона 2005/2006: последниот натпревар за светски шампион ќе се оддржи на 14 мај 2006“. FIFA.com. 19 декември 2004. http://www.fifa.com/aboutfifa/federation/releases/newsid=95756.html. 
  2. „УЕФА ЕВРО 2008“. fussballtempel.net. http://www.fussballtempel.net/em2008/stadien.html. 
  3. „Цирих - стадионот Летцигрунд“. http://www.uefa.com/competitions/euro/organisation/venueguide/city=16/newsid=312773.html. 
  4. „Објавен е новиот трофеј на сајтот на УЕФА“. http://en.euro2008.uefa.com/history/background/trophy/. 
  5. „Очекувајте емоции на Евро 2008“. http://www.uefa.com/competitions/euro/news/kind=1/newsid=498653.html. 
  6. „Судии на Евро 2008“. http://www.uefa.com/competitions/euro/news/kind=1/newsid=639895.html. 
  7. Шпанија доминантна во Тимот на првенството“, euro2008.uefa.com.
  8. Чави се покажа како најдобар на ЕВРО 2008“, euro2008.uefa.com.
  9. Отсутниот Виља е најдобар стрелец“, euro2008.uefa.com.
  10. „УЕФА ги собира паричните награди за 2008“. http://www.uefa.com/competitions/euro/news/kind=1/newsid=630838.html. 

Надворешни врски[уреди]


Интернационален Фудбал

ФИФА | Светско првентсво | Куп на Конфедерации | У-20 Светско првенство | У-17 Светско првенство | Олимпијада | Азиски игри | Сеафрикански игри | Панамерикански игри | Островски игри | Светско рангирање | Играч на годината | Тимови | Кодови

     Азија: АФЦАзиски КупУ-22У-19У-16У-14
     Африка: ЦАФАфрикански Куп на Нациите
     Северна Америка: КОНКАКАФЗлатен куп
     Јужна Америка: КОНМЕБОЛКопа Америка
     Океанија: ОФЦКуп на нациите
     Ервопа: УЕФАЕвропско првенство
     Вон-ФИФА: НФ-БордВИВА светски куп
World Map FIFA.svg
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Европско првенство во фудбал 2008“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).



Ова е избрана статија. Кликнете тука за повеќе информации.
Одлична статија Статијата Европско првенство во фудбал 2008 е избрана статија на порталот за спорт за јануари 2009.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.