Филип Лам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Германија Филип Лам
Лични податоци
Полно име Филип Лам
Роден на 11 ноември 1983(1983-11-11)(40 г.)
Роден во Минхен, Западна Германија
Висина &100000000000001700000001,70 м
Позиција Одбрана, Дефанзивен играч за врска
Младинска кариера
1989–1995 ФТ Герн Минхен
1995–2001 Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2003 Бајерн Минхен II Бајерн Минхен II 63 (3)
2002–2017 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 332 (12)
2003-2005 Штутгарт Штутгарт 53 (2)
Репрезентација
1999 Германија Германија 17 1 (0)
2000 Германија Гермнаија 18 1 (0)
2001-2002 Германија Гермнанија 19 9 (1)
2002-2003 Германија Германија 21 6 (0)
2003 Германија Германија 21 3 (0)
2004–2014 Германија Германија 113 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Филип Лам (германски: Philipp Lahm) е поранешен германски фудбалер роден на 11 ноември 1983 година во Минхен. Во текот на професионалната кариера играше како десен бек, но и како дефанзивен играч за врска, а во раната кариера започна како лев бек. Тој ја одигра речиси целата своја кариера за Бајерн Минхен, освен две сезони на позајмица во Штутгарт во раните години. Од пролетниот дел од сезоната 2010/11 до крајот на кариерата (сезона 2016/17) тој беше капитен на Баварците, период во кој тимот освои бројни титули, меѓу кои и тројната круна. Тој се смета за еден од најдобрите десни бекови во неговата генерација и во историјата на Бундеслигата.[1][2] Лам е производ на младинската академија на Баерн и се етаблира како составен дел од стартната постава на баварскиот гигант.

Кариера[уреди | уреди извор]

Филип Лам се разви како професионален играч во младинскиот тим на Бајерн Минхен. Лам беше позајмен во ФК Штутгарт во сезоните 2003/04 и 2004/05 бидејќи главен лев бек во тимот на Баерн во тоа време беше Биксант Лизаразу. Пред почетокот на сезоната 2005/06, тој се повреди и неговото враќање беше одложено за декември 2005 година.

Го постигна првиот гол на Светското првенство во 2006 година против Костарика во шестата минута.

Лам беше номиниран за играч на годината од УЕФА за неговиот неверојатен настап на Светското првенство заедно со сонародниците Мирослав Клозе, Михаел Балак и Јенс Леман, но наградата му припадна на Фабио Канаваро. Сепак, тој беше избран за лев бек во тимот на годината на УЕФА.

Филип Лам беше капитен на Бајерн Минхен (од пролетта 2011 година до крајот на кариерата) и на Германија (од летото 2010 до 2014 година). По освојувањето на Светското првенство во 2014 година, кариерата ја заврши во германската репрезентација. По зимската пауза од сезоната 2016/17, Лам објави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.uefa.com
  2. www.soccerkickz.com
  3. Филип Лам обяви края на кариерата си