Бајерн Минхен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бајерн Минхен
Амблемот на Бајерн Минхен
Целосно име ФК Бајерн Минхен
Основан 27 февруари 1900
Стадион Алијанц Арена
Капацитет 75.000
Претседател Германија Карл Хопфнет
Тренер Шпанија Пеп Гвардиола
Лига Бундеслига
2014-2015 Бундеслига, Шампиони
Лига на Шампиони, Шампиони
Куп на Германија, Први
Kit left arm bayern1415home.png
Тимски бои
Kit body FCBAYERN 1415h.png
Тимски бои
Kit right arm bayern1415home.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Домашен дрес
Kit left arm bayern1415a.png
Тимски бои
Kit body bayern1415A.png
Тимски бои
Kit right arm bayern1415a.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Гостински дрес

Бајерн Минхен (германски: Bayern München) е фудбалски клуб од Минхен. Клубот е повеќекратен првак и освојувач на купот на Германија, како и неколкукратен шампион на Европа.

Организација, сопственичка структура и финансии[уреди]

Фудбалскиот клуб „Бајерн“ е организиран како акционерско друштво и неговото официјално име е ФК „Бајерн Минхен“ АД (FC Bayern München AG). Во однос на сопственоста, 90% од акциите на клубот му припаѓаат на здружението FC Bayern München E.V. (e.v.-значи „регистрирана асоцијација“), додека останатите 10% припаѓаат на „Адидас“, кој е и голем спонзор на „Бајерн“. „Адидас“ ги купил своите акции во 2002 за 77 милиони евра. Други поголеми спонзори на „Бајерн“ се: „Дојче телеком“ („T-Home“ е спонзор на дресевите), „Ауди“, „Сименс“, „Луфтханза“ и „Кока Кола“. Претходни спонзори на дресевите биле: „Адидас“ (1874-78), „Ивеко“ (1978-84), „Комодор“ (1984-89), „Опел“ (1989-2002) и „Дојче телеком“ (T-Mobile, T-Com, T-Home/2002-*).

Претседател на клубот е Франц Бекенбауер, а претседател на одборот на директори е Карл-Хајнц Румениге, исто така, поранешен играч на Бајерн. Најголема улога во тимот има Ули Хенес, кој е извршен директор на тимот.

Во сезоната 2013/2014, „Бајерн“ остварил профит од 528 милиони евра и на тој начин, за првпат во историјата ја надминал границата од половина милијарда евра. Притоа, во текот на сезоната, клубот продал 1,2 милиони дресови, а со фирмата „Алијанц“ бил склучен договор со кој долговите на „Бајерн“ се намалиле за 110 милиони евра.[1]

Историја[уреди]

Ран период[уреди]

Фудбалскиот клуб „Бајерн“ е оформен на 27 февруари 1900 од Гимнастичкиот клуб во Минхен. Првите неколку сезони, тимот ги играл во регионалните баварски лиги. Првиот поголем успех го остварил во 1926 во Јужното германско првенство, достигнување кое го повториле и две години подоцна. Во 1932, клубот ја освоил првата шампионска титула во германското првенство. Со доаѓањето на Хитлер на власт, развивањето на клубот замрело, „Бајерн“ бил преименуван во „Јевовиот клуб“, а тренерите ја напуштиле земјата.

1950-1970[уреди]

Подоцна, кога „Бајерн“ станал дел од Јужната германска лига (Oberliga Süd), клубот стангирал и во 1955 испаднал од таа лига. Сепак, веќе во следната сезона, „Бајерн“ успеал да се врати и го освоил германскиот куп победувајќи во финалето против „Фортуна“ од Диселдорф со 1-0. Во 1963, поделените германски лиги се соединиле во „Бундес-лигата“. Бајерн станал член на „Бундеслигата“ две години подоцна, кога во тимот играле младите таленти: Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сeп Маер и др. Во првата сезона во „Бундеслигата“, „Бајерн“ завршил на третото место и го освоил германскиот куп. На тој начин, „Бајерн“ се стекнал со право да учествува во Европскиот куп на куповите, кој го освоиле истата година, победувајќи го „ФК Глазгов Ренџерс“ со 1-0. Бранко Зебец бил првиот тренер со кој „Бајерн“ освоил двојна титула, употребувајќи само 13 играчи во текот на сезоната.

1970-ти[уреди]

Во 1970, во клубот дошол нов тренер, Удо Латек, со кого „Бајерн“ го освоил германскиот куп, како и третата национална титула. Решавачкиот натпревар во сезоната 1970-1971, одигран против „Шалке“, бил првиот натпревар одигран на Олимпискиот стадион во Минхен и првиот натпревар од Бундеслигата пренесуван на телевизија. Тогаш, „Бајерн“ победил со 5-1 и ја освоил титулата, а во таа сезона ги соборил рекордите за освоени најмногу поени и постигнати најмногу голови. Следен голем успех бил освојувањето на Лигата на шампионите во 1974 година, кога во финалето „Бајерн“ го победил „Атлетико Мадрид“ со 4-0. Следната година, „Бајерн“ ја одбранил титулата во Лигата на шампионите, победувајќи го „Лидс јунајтед“ во финалето. Во 1976 година, во Глазгов, „Бајерн“ уште еднаш ја освоил Лигата на шампионите и таа станал третиот тим кој успеал трипати по ред да ја освои Лигата на шампионите. Истата година, „Бајерн“ го освоил и Интернационалниот куп на ФИФА, победувајќи го бразилскиот шампион „Крузерио“ од Бело Хоризонте.

1980-ти[уреди]

Во 1980-тите следувале промени во тимот и финансиски проблеми, но сепак, „Бајерн“ успеал да ја освои Бундеслигата во 1980 и во 1981. Потоа, следувале две сезони без никаков трофеј, по што Удо Латек дал отказ. „Бајерн“ го освоил купот во 1984, по што следувала серија од пет шампионски титули во период од шест сезони, вклучувајќи и една дупла титула во 1986. Но, клубот немал врвни резултати во Европа, каде стигнал само до второто место во 1982 и 1987.

1990-ти[уреди]

Формата на „Бајерн“ паднала драстично по освојувањето на титулата во 1990, така што за само пет поени, клубот се спасил од испаѓање во сезоната 1991/1992. Успесите на клубот се вратиле кога Франц Бекенбауер бил поставен за тренер во втората половина од сезоната 1993/1994, освојувајќи ја титулата по пазуа од три години. Притоа, поради славните играчи кои играле во „Бајерн“ во овој период, клубот го добил прекарот „ФК Холивуд“ (FC Hollywood). Подоцна, Бекенбауер уште еднаш се вратил како тренер на „Бајерн“, кој под негово водство го освоил Купот на УЕФА во 1996, победувајќи го „Бордо“ во финалето. Од 1998 до 2004, тренер на „Бајерн“ бил Отмар Хицфелд, кој станал најдобриот тренер во историјата на „Бајерн“. Во неговата прва сезона, „Бајерн“ ја освоил Бундеслигата, но во финалето на Лигата на шампионите загубил од „Манчестер јунајтед“ со 2-1, а двата гола ги примил во продолжението. Во сезоната 1999-2000 „Бајерн“ ја освоил третата дупла титула во Германија.

2000-ти[уреди]

Во 2001 ја освоил и третата по ред шампионска титула. Неколку дена подоцна, „Бајерн“ ја освоил и Лигата на шампионите, победувајќи ја „Валенсија“ на пенали. Во 2002, клубот не освоил трофеј во Германија, но по втор пат го освоил Интернационалниот куп на ФИФА. Во 2003, „Бајерн“ ја освоил и четвртата дупла титула. Следната година, Хицфелд се повлекол од тренерската позиција поради слабите резултати на клубот.

Во 2005-2006, „Бајерн“ се преселил на новиот стадион „Алијанц арената“. Тренер на „Бајерн“ во овој период бил Феликс Магат, со кого клубот освоил две двојни титули, но немал поголеми успси во европските натпреварувања. Во јануари 2007, Магат бил отпуштен и пак бил вратен Хицфелд. Во сезоната 2006/2007, во Бајерн имало многу промени и клубот не освоил ништо. Во сезоната 2008-2009, „Бајерн“ ја освоил Бундеслигата, по што следувале сезони без германска титула и два изгубени финални натпревари во Лигата на шампиони. Најпрвин, тренерот Луј ван Гал го донесол „Бајерн“ до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009-2010, каде изгубил од „Интер“ од Милано, со 0-2. По овој неуспех, ван Гал го напуштил кормилото на „Бајерн“, а на неговото место дошол Јуп Хејнкес.

2010-ти[уреди]

Под водство на Хејнкенс, во сезоната 2011-2012, „Бајерн“ стигнал до финалето во Лигата на шампионите. Иако натпреварот се одиграл на „Алијанц арената“, „Бајерн“ изгубил на пенали од „Челси“. Сепак, во сезоната 2012-2013, „Бајерн“ ја освоил двојната круна во Германија (шампиони и освојувачи на купот), а со победата над „ФК Борусија Дортмунд“ на „Вембли“, клубот постанал по повеќе од една деценија ја освоил Лигата на шампионите.

И сезоната 2013-2014, под водство на новиот тренер Пеп Гвардиола, „Бајерн“ ја започнал во одличен стил. Така, на 27 ноември 2013, во петтото коло од групата „Д“ на Лигата на шампионите, на гостувањето во Москва, Бајерн ја победил ЦСКА Москва со 3:1 и со тоа влегол во историјата како првиот клуб кој во Лигата на шампионите забележал десет победи по ред.[2] Сепак, наспроти добриот почеток, „Бајерн“ бил запрен во полуфиналето на Лигата на шампионите од „Реал“, кој таа година станал европски првак.

Тековен состав[уреди]

Обновено на 17 January 2014
Бр. Нац. Позиција Играч
1 Германија ГМ Мануел Нојер
3 Шпанија СР Чаби Алонсо
4 Бразил ОД Данте
5 Мароко ОД Даниел ван Бајтен
6 Шпанија СР Тиаго Алкантара
7 Франција СР Франк Рибери
8 Шпанија СР Хави Мартинез
8 Полска НП Роберт Левандовски
10 Холандија СР Арјен Робен
13 Бразил ОД Рафиња
14 Перу НП Клаудио Пизаро
16 Германија СР Џанлука Гаудињо
17 Германија ОД Џером Боатенг
Бр. Нац. Позиција Играч
18 Шпанија ОД Хуан Бернат
19 Германија СР Марио Геце
21 Германија ОД Филип Лам (капитен)
22 Германија ГМ Том Штарк
23 Шпанија ГМ Пепе Реина
24 Германија НП Синан Курт
25 Германија НП Томас Милер
27 Австрија ОД Давид Алаба
28 Германија ОД Холгер Бадштубер
28 Германија ОД Холгер Бадштубер
30 Германија СР Мичел Вајсер
31 Германија СР Бастијан Швајнштајгер (заменик капитен)

Освоени титули[уреди]

БундесЛига(22): 1932, 1968/69, 1971/72, 1972/73, 1973/74, 1979/80, 1980/81, 1984/85, 1985/86, 1986/87, 1988/89, 1989/90, 1993/94, 1996/97, 1998/99, 1999/2000, 2000/01, 2002/03, 2004/05, 2005/06, 2007/08, 2009/10, 2012/13, 2013/14

Германски Куп(15): 1957, 1966, 1967, 1969, 1971, 1982, 1984, 1986, 1998, 2000, 2003, 2005, 2006, 2008, 2010, 2013, 2014

Германски Лига Куп(6): 1997, 1998, 1999, 2000, 2004, 2007

Интернационален Куп(2): 1976,2001

Лига на Шампионите(4): 1974,1975,1976,2001,2013

Куп на УЕФА(1):1996

Најдобар состав на сите времиња[уреди]

На 1 јуни 2005 година, Бајерн ги објавил резултатите од јавното гласање за најдобар тим на сите времиња, на кое гласале над 66 000 навивачи на клубот:

Надворешни врски[уреди]

Бајерн Минхен информатор на македонски јазик [1]

Наводи[уреди]

  1. „Бајерн првпат со профит од преку половина милијарда евра“, Вест, година XV, број 4297, среда, 15 октомври 2014, стр. 42.
  2. "На Бајерн му годат рекордите, но ја сака титулата", Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 24.