11 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
11 ноември е 315-иот ден во годината според григоријанскиот календар (316-и во престапна година). Остануваат 50 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1675 | Готфрид Лајбниц за прв пат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн. |
| 1887 | Погубени се анархистите – Хејмаркетски маченици: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел. |
| 1889 | Вашингтон е примен како 42 американска држава на САД. |
| 1918 | Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава. |
| 1943 | Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, „Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна. |
| 1944 | Втора Светска војна: Ослободено е Куманово. |
| 1963 | Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Вечер“. |
| 1965 | Белото малцинство ја прогласува Родезија за независна држава. |
| 1973 | На 101 километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во „октомвриската војна“, на Блискиот Исток. |
| 1990 | Во Социјалистичка Република Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори. |
| 1995 | Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата „Партнерство за мир“. |
| 2006 | Во Малме, Шведска, е востоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија. |
Родени:
| 1821 | Фјодор Михајлович Достоевски, голем руски и светски писател. |
| 1922 | Курт Вонегат, американски писател. |
| 1928 | Неџати Зекирија, македонски писател. |
| 1939 | Милка Зафирова, македонски градежен инженер. |
| 1945 | Даниел Ортега, никарагвански претседател |
| 1962 | Деми Мур, американска актерка. |
| 1974 | Леонардо ди Каприо, американски актер. |
| 1980 | Раде Врчаковски-Врчак, макеоднски пејач. |
| 1982 | Асафа Пауел, јамајкански атлетичар |
Починале:
| 405 | Арзакиј Константинополски, Патријарх на Константинопол. |
| 1331 | Стефан Дечански, крал на Србија. |
| 1855 | Серен Кјеркегор, дански философ |
| 1884 | Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог. |
| 1990 | Јанис Рицос, поет на грчката левица. |
| 2004 | Јасер Арафат, палестински лидер |
Празници:
| * | Ден на независноста на Полска |
| * | Ден на независноста на Ангола |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |