Токио

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Токио
東京
—  метропола  —
東京都
Од горе лево: Ниши-Шинџуку, Токиската кула, Мостот на виножитото, Шибуја, Згарадата на државното собрание

Амблем

Симбол
Химна: Песна за Токио Метрополитан (東京都歌 Tokyo Toka?)[1]
Локацијата на Токио во Јапонија
Сателитска фотографија на 23-те посебни окрузи, направена од сателитот Landsat 7 на НАСА
Токио се наоѓа во Јапонија
Токио
Локацијата на Токио во Јапонија
Координати: 35°41′22.22″ СГШ 139°41′30.12″ ИГД / 
Земја Јапонија
Регион Канто
Остров Хоншу
Админ. цединици 23 специјални окрузи, 26 градови, 1 област, & 4 подпрефектури
Управа
 • Вид метропола
 • Гувернер Шинтаро Ишитара
 • Главен град Шинџуку
Површина(рангирана 45та)
 • Вкупна 2.187,66 км2
Население (1 август 2011)[2]
 • Вкупно 13.185.502 жит.
 • 23 окрузи 8.967.665
  (2011 per Prefectural Government)
Демоним Токиец
Час. појас Јапонско стандардно време (UTC+9)
ISO 3166-2 JP-13
Цвет јошинска цреша
Дрво гинко (Ginkgo biloba)
Птица црн гулаб (Larus ridibundus)
Портал metro.tokyo.jp

Токио јапонски: 東京 То:кјо: , „Источна престолнина“) е главниот и најважниот град во Јапонија. Впрочем, Токио не е најголемиот град само во Јапонија, туку е најголем град во светот. Токио се наога на островот Хоншу, во регионот Канто, односно центарот се наоѓа на 35°41' северно од екваторот и 139°46' источно од Гринич. Зафаќа површина од 2.187,08 км²., но неговото влијание се чувствува 1000 км² околу центарот. Во него во самиот центар живеат околу 12 милиони луѓе, а заедно со предградијата живеат околу 35 милиони луѓе.

Структура[уреди]

За Токио треба да се знае дека според Јапонскиот закон тој не е град туку е направен како мегалополис. Неговата административна структура е различна од структурата на другите градови. Токио се состои од 23 специјални окрузи кои до 1943 го сочинувале градот Токио, но сега тие претставуваат посебни единици, кои имаат самостојна административна власт, посебни градоначалници и посебен совет, и имаат статус на градови, и тие се во склоп на мегалополисот Токио. Освен овие во Мегалополисот Токио влегуваат уште 26 поголеми градови, 5 помали градови и 8 села, секој со посебна локална самоуправа. Освен ова во Токио влегуваат и повеќе езера, реки, островчиња и национални паркови.

Историја[уреди]

Градот Токио бил основан во 1603 година. Неговото прво име било Едо. Градот многу брзо се развивал и се повеќе и повеќе се зголемувал бројот на жители. Уште во 18 век градот ја достигнал бројката од 1 милион жители и тогаш бил еден од најголемите градови во светот. Градот брзо се менувал и затоа почнале да го викаат Едокко (што во превод значи дете на Едо). Во 1869 година 17 годишниот император периодот Мејџи го сменил името на градот во Токио. Токио досега има страдано во две катастрофи. Првата катастрофа била големиот земјотрес кој го разрушил градот во 1923, а за време на Втората светска војна градот бил често бомбардиран. После тоа градот се реновирал и полека го добил денешниот изглед.

Географија и административни делови[уреди]

Влез во Метростаница во Гинза

Токио лежи северозападно од Токискиот Залив и е 90 км од исток до запад и 25 км од север до југ. Префектурата Чиба е граница на исток, Јаманаши на запад, Канагава на југ и Сајтама на север. Токио е поделен на специјални окрузи (опфаќајќи го истичниот дел) и област Тама кој се протега на западниот дел. Исто така во административните граници на Метрополата Токио се и два островски ланци во Тихиот Океан директно на југ од островите Изу и Огасарава кои се протегаат до 1.000 км од брегот на Токио.Поради овие острови и планинскиот регион на запад, бројот на население е многу поголем од оној прокажан во градот и селата во Токио. Во „Закон на Јапонија“, Токио е впишан како то (都), во превод Метрополис. Неговата Административна структура е слична со другите Префектури во Јапонија. Токио се состои од 23 специјални окрузи кои до 1943 го сочинувале градот Токио кои сега се поделени, самоуправувани општини секоја со градоначалник и совет, и имаат статус како град. Како додаток на овие 23 општини, Токио опфаќа уште 36 градови ( -ши), 5 мали градови ( -чоу или мачи) и 8 села ( -сон ор - мура), секој од нив си има своја локална влада. Токио Метриполитен е управуван од гувернер кој се избира јавно и метрополитен собрание. Центарот е во Шинџуку. Тие управуваат со цело Токио вклучувајќи ги сите езера, реки, брани, фарми, одалечени острови и национални паркови како додаток на неонските џунгли, облакодери и испреплетената подземна железница.

Економија[уреди]

Кулата „Токиско небесно дрво“, највисока градба во Јапонија.
Стоковната куќа „Вако“ во Гинза, Токио

Според економијата, Токио е на прво место во светот. Неговата економија е 1,315 трилиони американски долари годишно. Има голем број на банки и осигурителни друштва, исто така голем дел од економијата во Токио е од сообраќајот. Најголем подем економијата направила по Втората светска војна, кога од другите градови многу претпријатија се преселија во Токио. Токио е еден и од најскапите градови на светот за живеење.

Демографија[уреди]

Карактеристично за Токио е тоа што градот дневно се зголемува за 2,5 милиони луѓе бидејќи многу луѓе од други области доаѓаат да работат или школуваат во Токио.

  • Центар на Токио-12,36 милиони жители
  • 23 специјални градови- 10.38 милиони жители
  • Острови-27.000 жители
  • Странски државјани во Токио-500.000 жители
  • Топ 5 националности кои живеат во Токио: Кинези, Корејци, Филипинци, Американци, Британци.

Култура[уреди]

Токио има многу музеи. Во паркот Уено има четири национални музеи. Токискиот национален музеј, најголемиот музеј во земјата кој е специјализиран за традиционална јапонсака уметност Национален музеј на западна уметност и Токиски национален музеј на современата уметност, со својата збирка на јапонска современа уметност исто така и збирка од над 40.000 јапонски и странски филмови. Исто така во паркот Уено се наоѓа Национален музеј на уметноста и Јавната зоолошка градина. Други музеи се Музејот на уметност „Незу“ во Аојама Музејот на Едо-Токио во Сумида спроти реката Сумида и Националниот архив, кои се саместени близу до Царскиот дворец. Токио има многу театри. Тука се вбројуваат национални и приватни тетри за традиционален вид на јапонска драма (кабуки) вклучувајќи ги и модерните драми. Симфониски оркестри и други музички организации изведуваат Западна и трдиционална музика. Токио е домаќин на модерна јапонска и западна поп и рок музика во сали од големина на локални клубови до меѓународно познати арени како што е Нипон Будокан. Многу различни фестивали има во Токио. Главни се Сано во Светилиште, Санја во Осака Светилиште и биеналниот Кинда Фестивал, Последниот се состои од парада со присуство на илјадници луѓе. Годишно во последната недела од месец јули има голем огномет над реката Сумида кој е атракција за милиони гледачи. Штом ќе расцвета црешата, или сакура, распламнување на пролетта, голем број од жителите излегуваат во парковите Уено, Инокачира и националната градина Шанџуку Гојен на излет или прошетки.

Харијаку место во Шибуја е познат меѓународно по мода за младите. Кујната во Токио се декларира како меѓународна.

Збратимени градови[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „東京都歌・市歌“. Tokyo Metropolitan Government. http://www.seikatubunka.metro.tokyo.jp/bunka/keishou/tokasika.htm. конс. 17 септември 2011. 
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име population.