Кансај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Координати: 35°1′N 135°41′E / 35.017° СГШ; 135.683° ИГД / 35.017; 135.683

Локацијата на регионот Кансај

Кансај (јапонски: 関西地方,; Kansai-chihō) или Кинки (近畿地方,; Kinki-chihō) е географско подрачје и регион во Јапонија, на најголемиот остров Хоншу. Се наоѓа на јужниот дел на овој остров.

Регионот се састои од седум префектури: Нара, Вакајама, Мие, Кјото, Осака, Хјого и Шига. Понекогаш префектурите Фукуи и Токушима исто така се сметаат како делови од овој регион.