Тохоку

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Локацијата на регионот Тохуку во Јапонија

Тохоку (јапонски:東北地方; Tōhoku-chihō) е географско подрачје и регион во Јапонија. Тохоку на јапонски значи североисточен затоа што го завзема североисточниот дел од островот Хоншу, најголемиот остров во Јапонија. Ова подрачје исто така е познато и под името Мичиноку.

Тука се наоѓа последната тврдина на локалниот народ Аину на островот. Хоншу, која била сцена на многу битки. Тохоку одржува репутација на конзервативен регион со неверојатните пејзажи и суровата клима. Хаику поетот Мацуо Башо ја напишал „Oku no Hosomichi“ („Тесниот пат кон длабокиот север“) додека патувал низ регионот Тохоку.

Релјефот на Тохоку е планински, како и поголемиот дел од Јапонија. Тука се наоѓа и планинскиот ланец Оу кој се протега од север кон југ. Првите историски населби се појавиле меѓу 7 и 9 век.

Регионот се состои од шест префектури: