Хоншу

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хоншу (јапонски: 本州 = „главен крај“) е најголемиот остров во Јапонија, кој се нарекува уште и јапонско копно. Се наоѓа јужно од Хокаидо преку преминот Цугару, северно од Шикоку и североисточно од Кјушу преу преминот Канмон. Тој е седмиот најголем остров и вториот најнаселен во светот по островот Јава во Индонезија.

Островот е долг приближно 1.300 км и се протега од 50 до 230 км во ширина, а неговата вкупна површина е 230.500 км2, и зафаќа околу 60% од вкупната површина на Јапонија. Хоншу има брег долг 5.450 км.

Хоншу е планинско-вулкански остров на кој има чести земјотреси. Најголемиот врв е активниот вулкан Фуџи, висок 3.776 м. Има многу реки, вклучувајќи ја и најдолгата јапонска река Шинано. Климата е варијабилна - од ладниот север до суптропскиот југ.

Бројот на населението изнесува 103.000.000 жители и е највеќе сконцентрирано во низините, особено во низината Канто. На Хоншу се наоѓаат најголемите јапонски градови: Токио, Кјото, Осака, Кобе, Хирошима, Сендај и Нагоја. Островот е поделен на пет региони и содржи 34 области, вклучувајќи го и Токио.