Токиско небесно дрво
| Токиско небесно дрво | |
| 東京スカイツリー | |
Токиското небесно дрво во изградба |
|
|
|
|
| Општи информации | |
|---|---|
| Состојба | завршена |
| Тип | радиодифузија, ресторан и видиковец |
| Место | Сумида, Токио, Јапонија |
| Координати | |
| Изградбата започнала | 14 јули 2008 |
| Завршена | 29 февруари 2012 |
| Отворање | 22 мај 2012 |
| Трошок | 40 милијарди јени (370 милиони евра) |
| Висина | |
| Јарбол | 634 м |
| Покрив | 495 м |
| Последен кат | 450 м |
| Технички податоци | |
| Лифтови | 13 |
| Проектирање и изградба | |
| Главен изведувач | Обајаши д.о.о. |
| Архитект | Никен Секеј |
| Мреж. место | |
| tokyo-skytree.jp | |
Токиското небесно дрво (јап. 東京スカイツリー, трскр. токјо сукај цури; англ. Tokyo Sky Tree) е кула за радиодифузија, угостителство и набљудување во општината Сумида во Токио, Јапонија. Во 2010 станала највисоката градба во земјата[1], а во март 2011 ја достигнала полната висина од 634 м. Со ова кулата е втора градба по висина во светот по Бурџ Калифа во Дубаи. Целиот проект е завршен на 29 февруари 2012, а отворена за јавноста е на 22 мај 2012.[2]
Нарачатели на проектот се железницата Тобу и група од шест емитувачи, на чело со државната радиотелевизија NHK. Кулата стои во средиштето на нов голем деловен реон на подеднакво растојание од железничките станици Нарихирабаши и Ошиаге, 7 км североисточно од Токиската станица. Главна цел на кулата е предавање на телевизиски и радио сигнали од достатна височина. Постоечката Токиска кула со своите 333 м повеќе не овозможува целосна покриеност бидејќи е опкружена со голем број на висококатници.
Содржина |
Конструкција [уреди]
Проектот е објавен на 24 ноември 2006 и се темели на следниве три замисли:
- Да биде спој на футуристички изглед и традиционалната убавина на Јапонија
- Да биде катализатор на заживувањето на градот
- Да го потпомогне спречувањето на катастрофи („безбедност и сигурност“)
При основата, кулата има профил на рамностран триаголник, но на висина од 350 м станува цилиндрична за да може да издржи силни ветришта.
Кулата има два видиковци, еден на 350 м и еден на 450 м височина.
Сеизмичка издржливост [уреди]
Кулата има најнапредна сеизмичка издржливост со средишен столб од армиран бетон. Столбот е поврзан со надворешната конструкција долж височина од 125 метри над земја, а потоа (сè до 375 м височина) меѓу конструкцијата и столбот има маслени амортизери со улога на ублажувачи при земјотрес. Според конструкторите, амортизерите можат да ублажат 50% од енергијата на земјотресот.[3]
Изградба [уреди]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Токиското небесно дрво ја надмина Токиската кула како највисока градба во Јапонија - The Mainichi Daily News, 29 март 2010 (англиски)
- ↑ „事業概要“. „Матична страница на Токиското небесно дрво“. http://www.tokyo-skytree.jp/about/enterprise.html. проверено на 2 септември 2011. (јапонски)
- ↑ Токиското небесно дрво во големо исчекување на отворањето - Japan Times, 21 февруари 2012 (англиски)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Токиско небесно дрво“ |
- Официјална страница (англиски)