Токиски национален музеј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Токиски национален музеј
東京国立博物館

Главното здание на музејот
Отворен 1872
Место Таито, Токио, Јапонија
Тип музеј на уметноста
Јавен превоз Уено
Мреж. место tnm.jp

Токискиот национален музеј (јап. 東京国立博物, трскр. токјо кокурицу хакунуцукан) е основан во 1872 и претставува најстариот и најголемиот музеј во Јапонија. Музејот удомува и се грижи за голема збирка на уметнички дела и археолошки предмети од Азија, со особена задршка на Јапонија. Во музејот има над 110.000 експон ати, меѓу кои 87 јапонски национални богатства, содржејќи 610 важни културни дела (јули, 2005). Музејот исто така врши истражувања и организира образовни збиднувања поврзани со збирката.

Музејот е сместен во паркот Уено во Таити, Токио. Објектот се состои од Јапонска галерија, Галерија на Азија, Галерија на богатствата на „хорју-џи“ и Центарот за истражување и информации.

Постојат ресторани и продавници во музејскиот комплекс како и надворешни егзибиции и градина каде посетители можат да уживаат во сезонски пејсажи. Музејската збирка е се задржува на древната јапонска и азиска уметност по Патот на свилата. Исто така има и голема збирка на грко-будистичка уметност.

Сите информации во музејот се достапни на јапонски, кинески, англиски, француски, германски, корејски и шпански.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]