Абу Даби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абу Даби
أبو ظبي Абу Заби
град
Абу Даби
Поглед на Абу Даби од Мартина Мол
Поглед на Абу Даби од Мартина Мол
Знаме на Абу ДабиГрб на Абу Даби
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/ОАЕ" does not exist
Координати: 24°28′N 54°22′E / 24.467° СГШ; 54.367° ИГД / 24.467; 54.367
државаОбединети Арапски Емирати
Управа
 • ВидУставна монархија[1]
 • ШеикХалифа бин Зајед е- Нахјан
 • ПринцМохамед бин Зајед ел-Нахјан
Површина
 • Вкупна67.340 км2 (26,000 ми2)
Население (2008)
 • Вкупно859,749
 • Густина293,94/км2 (76,130/ми2)
Часовен појасстандардно време за ОАЕ (UTC+4)
Мреж. местоПортал на Владата на Абу Даби

Абу Даби (арапски: أبو ظبيглавен град и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати. Абу Даби лежи на остров во Т-форма во Персискиот Залив од страна на централниот западен брег. Градот се простира на површина од 67.340 км2, а во него живеат 859.749 (податоци од 2008)[2]

Во Абу Даби се наоѓаат значајни градби на сојузната влада, а градот е седиште на Владата на Обединетите Арапски Емирати, а во него се наоѓа и домот на кралското семејство. Абу Даби прераснува во космополитска метропола. Неговиот брз развој и урбанизација, во комбинација со релативно високиот просечен приход на населението, го менува Абу Даби. Денес, градот е политички центар на земјата, центар на индустријата, како и најголем културен и трговски центар и поради својата положба како главен град. Градот сам, учествува до 15% од вкупниот БДП на Обединетите Арапски Емирати.[3][4] Абу Даби е дом на важни финансиски институции како што се берзата во Абу Даби, Централната банка на Обединетите Арапски Емирати и корпоративното седиште на многу компании и на повеќе мултинационални корпорации. Како главен град на земја, која е меѓу најголемите светски производители на нафта, Абу Даби активно ја шири својата својата економија во последните неколку години преку инвестиции во финансиските услуги и туризмот. Абу Даби е трет најскап град во регионот, и 26 најскапиот град во светот.[5]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Етимологијата на Абу Даби е неизвесна, но постојат многу различни толкувања. Едно од нив е дека во областа во која се простира градот имало Даби (елени), па градот е наречен по тоа. Друга приказна тврди дека градот е именуван по човек, којшто бркал елени, па бил наречен „човекот елен“ (на арапски јазик би можело да се преведе и како „татко на елени“), а потоа името го добило и местото на тој простор. Некои Бедуини местото го нарекле Ум Даби („мајка на елени“). Сепак, британските архиви се однесуваат на градот како Абу Даби и во согласност со книги напишани од арапските историчари и поети, името за првпат било употребено пред повеќе од 300 години.

Најверојатно, првото име било Ду Даби, со значење „со/поседување елени“. Зборот „Ду“, веројатно бил отфрлен, бидејќи се смета дека е премногу тежок или не се поклопува со идиомот на локалниот дијалект.

Во старите времиња, Абу Даби бил наречен „милх“ (арапски збор за „сол“), веројатно затоа што, градот се наоѓа покрај солена вода. Сепак, денес тоа е име на еден остров во близина на брегот на Абу Даби.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Градот е основан во 1760 година. Врз основа на главниот град на ОАЕ, за градот е врзана една прекрасна легенда. Арапите-ловци од една оаза бркале газела. Газела долго трчала во пустината, а потоа го довела ловците на брегот на Персискиот Залив, каде се нурнала во водата и продолжила до островот. Ловците ја следеле, а газелата ги довела до извор на прекрасна слатка вода. Со благодарност, ловците газелата ја оставиле да живее, а во околината на изворот, се населиле и местото го нарекле „татко на газела„ што на арапски звучи како Абу Даби.

Географија[уреди | уреди извор]

Полгед од вселената

Градот се наоѓа на остров во Персисикиот залив, на околу 250 m од брегот на Арапскиот полуостров Островот е поврзан со копното со два сообраќајни моста.

Голем дел од градот се наоѓа на островот, но има и населби, кои се наоѓаат на копното, како што се: Халифа А, Халифа Б, Рана Бич, Меѓу два моста, Банија и Резиденција Мусафа.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Абу Даби е сува и жешка. Сонцето и синото небо се типични за сите периоди од годината. Периодот од април до септември е влажен, со високи температури, чиј просек е над 40 °C. Во тоа време, ожна е и појавата на песочнио бури, при што намалувањето на видливоста е и до неколку метри.

Од ноември до март е постудено. Во овој период можна е и појавата на слаба магла, а во некои денови можни се и врнежи. Просечната дневна температура во овој период од годината е околу 25 °C. Во оазата Ал-Аин, оддалечена на околу 150 км јужно од градот, во близина на границата со Оман, се регистрирани највсиоките температури во земјата. Сепак, пустинската клима и свежите утра, овозможуваат околу градот во текот на целата година да се разликува период на жешко лето и влажен период.[7]

Климатски податоци за Абу Даби
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 33.7
(92.7)
38.1
(100.6)
43.0
(109.4)
44.7
(112.5)
46.9
(116.4)
48.8
(119.8)
48.7
(119.7)
49.2
(120.6)
47.7
(117.9)
43.0
(109.4)
38.0
(100.4)
33.4
(92.1)
49.2
(120.6)
Прос. висока °C (°F) 24.1
(75.4)
26.0
(78.8)
29.5
(85.1)
34.5
(94.1)
39.3
(102.7)
40.8
(105.4)
42.1
(107.8)
42.9
(109.2)
40.4
(104.7)
36.5
(97.7)
31.1
(88)
26.3
(79.3)
34.46
(94.02)
Сред. дневна °C (°F) 18.8
(65.8)
19.6
(67.3)
22.6
(72.7)
26.4
(79.5)
31.2
(88.2)
33.0
(91.4)
34.9
(94.8)
35.3
(95.5)
32.7
(90.9)
29.1
(84.4)
24.5
(76.1)
20.8
(69.4)
27.41
(81.33)
Прос. ниска °C (°F) 13.2
(55.8)
14.6
(58.3)
17.5
(63.5)
20.8
(69.4)
23.8
(74.8)
26.1
(79)
28.8
(83.8)
29.5
(85.1)
26.6
(79.9)
23.2
(73.8)
18.7
(65.7)
15.8
(60.4)
21.55
(70.79)
Најниска забележана °C (°F) 5.0
(41)
5.0
(41)
8.4
(47.1)
11.2
(52.2)
16.0
(60.8)
19.8
(67.6)
16.5
(61.7)
17.0
(62.6)
19.0
(66.2)
12.0
(53.6)
10.5
(50.9)
7.1
(44.8)
5
(41)
Прос. врнежи мм (ин) 7.0
(0.276)
21.2
(0.835)
14.5
(0.571)
6.1
(0.24)
1.3
(0.051)
0
(0)
0
(0)
1.5
(0.059)
0
(0)
0
(0)
0.3
(0.012)
5.2
(0.205)
57.1
(2.249)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,2 мм) 1.2 2.8 2.8 1.2 0.1 0.0 0.0 0.1 0.0 0.0 0.2 1.5 9.9
Прос. релативна влажност (%) 68 67 63 58 55 60 61 63 64 65 65 68 63.1
Сред. бр. сончеви часови месечно 246.1 232.6 251.1 280.5 342.2 336.9 314.2 307.5 302.4 304.7 286.6 257.6 3.462,4
Извор: NOAA (1971–1991)[8]

Превоз[уреди | уреди извор]

Старите такси-автомобили во Абу Даби, беа заменети со нови, со сребрена боја[9]

Главен вид на превоз во градот е такси. Во градот има широки и современи улици, со три ленти во секоја насока. Интересно е што во правец север-југ се протегаат патиштата, а во правец исток-запад улиците. Средината на улицата е поделба Ивица, кој обично е под дланка. Во средината на улиците, обично има тревни области, во кои се засадени палми.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главниот економски центар е во северниот дел од градот, каде се наоѓаат неколку административни и финансиски центри, во населбата Корниш. Во овој дел од градот се изградени високи облакодери, а населбата е наречена „Менхетен на Блискиот Исток“. Остатокот од градот се вили на богатите жители на градот. Развојот на градот и неговиот современ изглед бил забрзан уште во 1980-тите. Но, и покрај овој развој, развојот на Дубаи во моментов, го прави градот Абу Даби поскромен и понеатрактивен. И покрај тоа, градот учествува со околу 15% од вкупниот БДП на земјата.

Образование[уреди | уреди извор]

Во Абу Даби има неколку меѓународни и локални приватни училишта и универзитети. Во нив се говорат неколку јазици, кои ги зборува населението во градот.

Спорт[уреди | уреди извор]

Во 2009, на новозиградената писта на вештачкиот островот Јас се очекува да се одржи првата трка За големата награда на Абу-Даби во првенството во Формула 1.

Панопрамски погледи[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на Абу Даби
Панорамски поглед на современиот Абу Даби, виден од Марина

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UAE Constitution“. Helplinelaw.com. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 2008-07-21.
  2. World Gazetteer. „United Arab Emirates: Administrative Divisions (population and area)“. Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 2009-09-11.
  3. Gulfnews: Dubai contributes more than 30% of the UAE economy. Archive.gulfnews.com (2009-06-16). Посетено на 2009-07-16.
  4. Gulfnews: Abu Dhabi and Dubai lead in contributions to GDP Архивирано на 9 јануари 2010 г.. Web.dcci.ae. Посетено на 2009-07-16.
  5. „Cost of living — The world's most expensive cities“. City Mayors. Посетено на 2009-07-22.
  6. UAEinteract.com. „How did Dubai, Abu Dhabi and other cities get their names? Experts reveal all UAE - The Official Web Site - News“. Uaeinteract.com. Архивирано од изворникот на 2011-05-25. Посетено на 7 јули 2009.
  7. „Sharjah, United Arab Emirates“. BBC Weather. Посетено на 2009-07-22.
  8. „Climate Normals for Abu Dhabi“. NOAA. Посетено на 2013-02-10.
  9. Abu Dhabi celebrates the launching of its new taxi fleet | Taxi and Hire Car Regulation Centre Архивирано на 23 март 2010 г.. Ameinfo.com (2007-02-26). Посетено на 2009-07-16.
  10. Madrid city council webpage „Mapa Mundi de las ciudades hermanadas“ Проверете ја вредноста |url= (help). Ayuntamiento de Madrid. Посетено на 2009-07-22.
  11. Abu Dhabi, Houston to sign 'Sister City' pact UAE - The Official Web Site - News Архивирано на 31 октомври 2009 г.. Uaeinteract.com. Посетено на 2009-07-16.
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 2009-09-11.
  13. Twin towns of Minsk. © 2008 The department of protocol and international relations of Minsk City Executive Committee. Архивирано од изворникот на 2009-08-30. Посетено на 2008-12-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]