Гинко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гинкови растенија
Период: јура - денес
Фосилен вид на гинкофит
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Гинкови
Класа: Гиковци
Ред: Гинковидни
Фамилија: Гинка (Гинго)

Гинкото (науч. Ginkgo biloba) е единствениот жив претставник од одделот Ginkgophyta, додека останатите се фосилни видови. Овој оддел опфаќал семени растенија. Единствениот денешен преживеан вид е ограничен само во Кина. Оваа група на растенија била распространета низ целиот свет за време на Мезозоикот. Денес Ginkgo biloba нашироко се одгледува како украсно растение. Тоа е мошне корисно како улично дрво бидејќи може да го толерира загадениот воздух во градовите.

Морфологија [уреди]

Листови од Ginkgo biloba.

Претставниците од овој оддел (вклучувајќи го и гинкото) биле дрвенести растенија со лепезести листови. Гранките се со бројни странични изданоци кои ги носат репродуктивните елементи. Стеблата се со издолжен секундарен раст кој произведува значителен дел на секундарен ксилем.

Размножување [уреди]

Гинкото е дводомно растение. Мегаспорангијатните дрвја (женските единки) носат по две овули на крајот на стеблото. Обично само една овула се развива во зрела семка. Интегументот се состои од три слоја. Внатрешниот слој се развива во каменеста семена обвивка. Надворешните два слоја се преобразуваат во месести слоеви кои го обвиваат плодот. Бидејќи ова ткиво (интегументот) има силен и непријатен мирис, најчесто машки единки се употребуваат како украсни растенија. Микроспорангијатните дрвја (машки единки) носат микроспорангијатни стробили. Тие ослободуваат полен (микрогаметофити) кои се распространуваат со ветерот. Поленот произведува поленова цевка со хаусториум која ги доведува камшичестите сперматозоиди до една јајце клетка во архегониум на женскиот гаметофит.