Крвни садови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Крвните садови се органите на циркулаторниот систем. Низ нив постојано циркулира крвта (за разлика од лимфните садови каде што циркулира лимфата). Постојат неколку видови на крвни садови:

  • Артерии, еластични крвни садови, чиишто најмали делови се артериолите и артериските капилари. Ја пренесуваат крвта од срцето до целото тело. Нивниот ѕид е изграден од три слоја (надворешен, среден и внатрешен). Надворешниот слој се состои од сврзно ткиво, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива. Средниот слој изграден е од подебел слој мазни мускули, кои му даваат поголема еластичност на крвниот сад. Затоа при повреда на артериски крвен сад, крвта истекува во силен млаз. Внатрешниот слој е претставен со еднослоен епител, наречен ендотел. Артериите обично се поставени во телото, покрај коските, а над нив се расположени скелетните кускули. На својот пат од срцето до органите артериите се разгрануваат, поагајќи од најголемиот артериски сад - аортата, преку артериите со помал дијаметар, до најмалите артериски гранки - аретериоли. Сите артериски ѕидови, со исклучок на белодробната артерија, носат крв збогатена со кислород (оксидирана крв).
  • Вени, покрути крвни садови со клапи (залистоци), чиишто најмали делови се венулите и венските капилари. Ја пренесуваат крвта од сите делови на телото до срцето. Вените ја вракаат крвта до срцето од сите делови на телото. Во крвната мрежа, човекот има повеќе венски отколку артериски садови. Просечно на една артерија доаѓаат по два венски сада. Вените се градени слично како артериите, но постојат и некои разлики. Така, тие имаат поголем дијаметар и средниот мускулен слој е потенок, што го прави тидот поеластичен. Затоа при повреда нивните ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува. Внатрешниот слој кај вените формира клапи кои придонесуваат крвта пасивно да минува низ нив и да не се врака. При попуштање на мускулните ѕидови, крвниот сад се проширува со што доаѓа до попуштени вени. Ова нарушување е очигледно поради површинската положба на венските садови во телото. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) од ткивата до срцето, носат крв збогатена со јаглероден диоксид (редуцирана крв).
  • Крвните капилари се садови со дијаметар 5-25 микрони. Тие се изградени само од еднотел. Крвта минува низ нив многу бавно со што се овозможува преминување на молекулите од крвта во меѓуклеточната течност и обратно. Артериските и венските крвни садови меѓу себе се поврзуваат преку капиларите.