Мускул

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Мускулите се органи кои учествуваат во најразличните движења на телото. Го сочинуваат активниот дел од локомоторниот апарат. Човечкото тело е составено од 327 парни и 2 непарни мускули. Заедно со коските и зглобовите го чинат системот за движење. Масата на мускулите изнесува 45-50% од вкупната телесна маса


Содржина

[уреди] Основни својства на мускулите


Основни својства на мускулите се:

  • Еластичност- При дејство на некоја сила, мускулот ја зголемува својата должина, а при нејзино престанување се враќа во правобитната положба.
  • Надразливост- Способноста на мускулот да реагира на дразби се вика надраливост.
  • Спроводливост- Способноста да пренесува импулси и се вика спроводливост.
  • Контракнилност- Надразнет мускул реагира со контракција(скусување, издолжување, пауза).

[уреди] Моторна единица


Секој мускул е инервиран од централниот нервен систем, од мотоневрони кои излегуваат од предните рогови на рбетниот мозок. Мотоневронот се разгранува и на тој начин инервира голем број на мускулни влакна. Спојот на мускул и мотоневронот од кој е инервиран се нарекува моторна единица.

[уреди] Мускулни клеки и ткива

Постојат три видови на мускулни ткива изградени од мускулни клетки: напречно-пругасто, мазно и срцево

[уреди] Напречно-пругастo

Должината на напречно-пругастите клетки варира од неколку милиметри до 30cm, а пречникот 10-500 микрони. Имаат повеќе јадра распоредени ексцентрично по периферијата на клетката. Се прикрепени за коските и се издолжени, цилидрични, со тапи завршетоци. Имаат голема брзина на контракција и работат по наша волја.

[уреди] Мазнo

Ги формираат ѕидовите на внатрешните органи: желудник, црева и др. Се издолжени, вретеновидни, со заострени завршетоци.

Видови на мускулни ткива
Видови на мускулни ткива

Имаат Бавно брзина на контракција, и работат без наша волја.

[уреди] Срцевo

Ги формираат ѕидовите на срцевите празнини.Се издолжени, цилиндрчни, и градат мрежа(синцициум). Имаат средна брзина на контракција и работат без наша волја. По својата градба се слични со напречно пругастите, а по функцијата со мазните мускулни клетки.


[уреди] Градба на мускул

Мускулите како органи се составени од две ткива: напречно-пругасто мускулно и мазно. Секоја мускулна клетка е обвиткана со сврзно ткиво наречено ендомизиум. Повеќе мускулни клетки образуваат мускулно снопче. Секое мускулно снопче е обвиткано со сврзно ткиво наречено перимизиум. Повеќе мускулни снопчиња образуваат мускул обвиткан со сврзно ткиво наречено епимизиум. Мускулните клетки го образуваат месестиот, активен дел (лат. venter). На краевите мускулот преминува во жилест дел, тетива (лат. tendo). Секоја тетива поминува во оформен мускулен дел, глава (лат. caput).

[уреди] Градба на напречно-пругаста клетка

[уреди] Поделба

Мускулите можат да се делат според формата, бројот на главите и местото во телото.

[уреди] Поделба според формата

Мускулите се поделени на: долги, куси и плочести.

  • Долгите се наоѓаат на екстремитетите.
  • Кусите можат да бидат овални (лат. m.orbicularis) и кружни (лат m.sphincter). Ги има на отворите на телото.
  • Плочестите ги градат ѕидовите на стомакот и градите.

[уреди] Поделба според бројот на главите

Според бројот на главите се делат на:

  • двоглави (m.biceps);
  • триглави (m.triceps);
  • четириглави (m.quadriceps).

[уреди] Поделба според местото на местото во телото

Се делат на:

Лични алатки