Срце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Срце
Heart rotating.gif
Срцето е сместено во средината на градниот кош, no поголемиот дел од неговата мускулна маса се наоѓа на левата страна.
Латински cor
Систем крвоток
Артерија десна венечна артерија, лева венечна артерија, предна меѓукоморна артерија
Вена горна шуплива вена, долна шуплива вена, десни белодробни вени, леви белодробни вени
MeSH Heart
Дорланди/Елзевиер Heart

Срце — празен мускулен орган што ја движи крвта во организмот. Срцевиот ѕид е изграден од три слоеви: надворешен (епикард), среден (миокард) и внатрешен (ендокард). Во самото срце постојат крвни садови преку кои се снабдува со хранливи материи и кислород, а ги оддава екскретите и јаглерод диоксидот. Овој систем од крвни садови е познат како срцев крвоток, односно венечен (коронарен) крвоток.

Структура на срцето кај животните[уреди]

Структура на срцето

Градбата на срцето е различна кај повеќето животни. Без‘рбетниците, кои имаат попроста организација на крвоносниот систем, имаат цевчести срца, односно улогата на срце најчесто ја презема одреден крвен сад. Кај прстенестите црви, на пример, улогата на срце ја има преземено дорзалниот (грбен) крвен сад.

Риби (А на сликата)[уреди]

Градбата се разликува дури и во рамките на ‘рбетниците. Така, рибите имаат најпросто изградено срце. Тоа е цевчесто и во форма на буквата Ѕ, а составено е од преден дел со подебели ѕидови - комора, и од заден дел со потенки ѕидови - преткомора. Меѓу овие два дела има отвори заштитени со клапи, кои не дозволуваат крвта да се враќа назад. Карактеристичен белег е што низ срцето на рибите минува само редуцирана крв (венска крв), која потоа оди да се збогати со кислород во жабрите, а оттаму се разнесува до целото тело....

Водоземци (Б на сликата)[уреди]

Срцето на водоземците е составено од комора и две преткомори (лева и десна), одделени од комората со залистоци. Како и кај рибите, и тука постојат артеријален конус (издолжен преден крај на комората) и венски синус (проширено место каде крвта се влева во срцето). За разлика од рибите, кај водоземците преткоморите се сместени напред, пред комората, белег карактеристичен за сите копнени ‘рбетници.

Влекачи (Б на сликата)[уреди]

И кај влекачите срцето има две преткомори и една комора, само што кај повеќето видови во внатрешноста на комората постои непотполна (недовршена) преграда, при што се мешаат делумно редуцираната и оксидираната крв. Исклучок од ова прават крокодилите, каде преградата е потполна и на тој начин срцето е поделено на две комори и две преткомори. Артеријалниот конус исчезнал, додека венскиот е многу мал.

Птици и цицачи (В на сликата)[уреди]

Срцето на птиците и цицачите е наполно поделено на две половини, лева и десна, потполно независни една од друга. Овие две половини напречно се раздвоени на преткомора и комора, така што срцето на овие две групи животни е составено од две преткомори и две комори. Преткоморите комуницираат преку отвори со залистоци со коморите. Низ левата половина од срцето минува артериска (оксидирана) крв, додека низ десната минува венска (редуцирана) крв, при што не доаѓа до мешање на крвта во самото срце.

Човековото срце.

Човек[уреди]

Кај човекот, срцето е сместено во градната празнина, меѓу двете белодробни крила, над дијафрагмата. Има форма на тристрана пирамида, односно круша, со врвот завртена на надолу и налево. Кај возрасен маж има тежина од 280 до 340 g, додека кај жените е нешто полесно и тежи од 230 до 280 g[1]. Срцето лежи во срцевото ќесе - перикард, кое има заштитна функција.

Мускулните ѕидови на преткоморите се потенки од тие на коморите, бидејќи крвта од преткоморите преминува во коморите, каде во движењето на крвта значаен удел зема гравитационата сила. Левата преткомора е одделена од левата комора со дволисни залистоци, додека меѓу десната преткомора и комора има трилисни залистоци.[2] Мускулниот ѕид на левата комора е подебел од оној на десната, бидејќи тука крвта се испумпува со голем притисок во аортата за да се разнесе низ целото тело преку големиот крвоток.

Автоматизам на срцевата работа кај човекот[уреди]

Спроведување на импулс по спроводниот систем на срцето.
Центри за автоматизирана работа на срцето.

Срцето (односно само миокардот) има способност самостојно да се контрахира. Поради ова, во ѕидот на миокардот се наоѓаат два нервни јазли и еден сноп од аксони. Нивната функција е поврзана со создавањето и спроведувањето на нервните импулси за автоматска контракција на срцевиот мускул (миокард). Овие центри за автоматизирана инервација на срцето се:

  • Синусен јазол, односно Кејт - Флаков (Keith - Flack или К - А јазол) — сместен е до утоката на горната празна вена во срцето
  • Ашоф-Тавара јазол, наречен и преткоморно - коморен (Aschoff - Tawara или A - B јазол) — сместен во долниот дел на десната преткомора
  • Хисов сноп, поаѓа од А - В јазолот, минува низ мускулната преграда на коморите и се разгранува две разграноци кои завршуваат со Пуркиниеви нишки во ѕидовите на коморите.

Автоматската работа на срцето е способност тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам. Од честотата на нервните импулси во синусниот јазол зависи фреквенцијата на срцевата работа. Патот на ширењето на нервниот импулс низ срцето и неговата автоматска контракција започнува кога тој се создава со самото навлегување на крвта од горната празна вена во десната преткомора. Притоа, во синусниот јазол се создава нервен импулс кој се шири низ преткоморите до Ашоф - Тавара јазолот. Брзината на движење е околу 1m/s. Ова брзо движење на импулсот овозможува едновремена контракција на двете преткомори. Од Ашоф - Тавара јазолот, нервниот импулс се движи побавно, со брзина од околу 2m/s, со што започнува контракцијата на коморите, а завршува контракцијата на преткоморите. Од Хисовиот сноп, импулсот поминува преку Пуркиниевите нишки кон врвот на срцето. Тука тој се движи најбрзо, со 4m/s, со што мускулатурата на коморите едновремено се контрахира и крвта се испумпува во крвните садови.

Кога низ срцето минува нервниот импулс, срцето е ненадразливо, период означен како рефрактерен.

Срцева револуција[уреди]

Главна статија: Срцева револуција

Срцето работи на принцип на пумпа. Тоа се контрахира и релаксира со цел да ја спроведе крвта до клетките и повторно да си ја врати назад. Во таа циклична активност се разликуваат три фази:

Срцеви залистоци[уреди]

Еднонасочната насока на крвта во срцето е можна благодарение на четирите залистоци кои сихронизирано во различните фази на срцевото отчукување , овозможуваат минување на крвта од еден дел во друг и го спречуваат нејзиното враќање:два залистоци меѓу преткомората и комората , еден десен(трилистен залисток) и друг лев(митрален залисток) и две сигмоидни залистоци , една сместена во десната комора и белодробната артерија , а другата меѓу левата комора и аортата .

Наводи[уреди]

  1. Kumar, Abbas, Fausto: Robbins and Cotran Pathologic Basis of Disease, 7th Ed. p. 556
  2. "Heart", MedicaLook. Medicalook.com