Вена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Венскиот систем во човековото тело
Пресек на вена (1.проток на крв во вената; 2.венски залистоци)
Градба на вената

Вените (латински Venae) се крвни садови кои ја враќаат крвта во срцето од сите делови на телото на животните. Во крвната мрежа, повеќето животни (вклучувајќи го и човекот) имаат повеќе венски отколку артериски садови. Кај човекот, на пример, просечно на една артерија доаѓаат два венски сада.

Вените се слично градени како и артериите, но постојат и некои разлики. Тие имаат поголем дијаметар и средниот мускулен слој е потенок, што го прави венскиот ѕид нееластичен. Затоа при повреда, венските ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува. Внатрешниот слој кај вените образува клапи (залистоци) кои ја движат крвта и спречуваат нејзино враќање назад. Значи, вените се изградени од три слоеви:

  • Надворешен слој, кој се состои од колагенски и еластични влакна и надворешен еластичен лист
  • Среден слој
  • Внатрешен слој, во чиј состав влегуваат ендотелот и внатрешниот еластичен лист, од кој се образуваат залистоците.

Сите венски крвни садови, со исклучок на белодробните вени носат редуцирана крв од ткивата до срцето. Се формираат по принцип на собирање, така што на венските капилари се надоврзуваат венулите (најмалите венски садови). Венулите, пак, преминуваат во горна и долна шуплива вена, кои ја носат редуцираната крв до срцето.

При попуштање на мускулните ѕидови, вената се проширува со што доаѓа до појавата на попуштени вени. Ова нарушување е очигледно, бидејќи вените се сместени површински во телото, за разлика од артериите кои се сместени подлабоко.

Имиња на вените од големиот крвоток[уреди]

Површински вени[уреди]

Ако повеќе од артериите најчесто се сместени во длабоки зони на организмот, многу вени се наоѓаат блиску до површината на телото. Најважни од површинските вени ес оние кои доаѓаат од екстремитетите. Таму се вклучени следните вени:

1. Вените од лактот коишто често се користат за земање примероци на крв за испотување. Најголеми од оваа група се:

2. Скриени вени се наоѓаат во долните екстремитети и се најдолги вени во организмот. Големата скриена вена почнува од петицата и продолжува по средината на ногата, коленото и бутот. На крајот, во пределот на препоните, се влеваат во бутната вена (v. femoralis).

Длабоки вени[уреди]

Длабоките вени имаат тенденција да се протегаат паралелно со артериите и обично имаат и имиња како соодветните артерии. Ваквите примери ги вклучуваат бутните и карличните крвни садови од долниот дел на организмот и рамените, пазувните и потклучните крвни садови од горните екстремитети. Меѓутоа, разлики има во вените на главата и вратот. Така вратната вена (лат. v. jugularis) собира крв од артериите на главата (лат. a. carotis). Двете рамено-главени вени се создаваат, по една на секоја страна, со сврзување на потклучната вена (лат. v. subclavikularis) и вратна вена (лат. v. jugularis).

Горна шуплива вена[уреди]

Венската крв од главата, вратот, горни екстремитети и градниот кош, се собираат во горна шуплива вена (лат. vena cava superior), која е сврзана со срцето. Таа се создава со спојување на десната и левата рамено-главена вена (безимена вена - лат. v.v. innominata). Единечна вена (лат. v. azygos) ги собира вените од ѕидот на градниот кош и се празни во горната шуплива вена непосредно пред нејзиното влевање во срцето.[2]

Долна шуплива вена[уреди]

Долна шуплива вена (лат. vena cava inferior) е многу подолга од горната шуплива вена, а ја собира крвта од деловите на телото под дијафрагмата. Почнува во долниот дел на стомачната празнина со спојување на двете општи карлични вени (лат. v. iliaca communis). Потоа се протега нагоре по должината на ѕидот на задната страна на стомачната празнина зад црниот дроб, низ дијафрагмата и се излева во десната преткомора на срцето.

Наводи[уреди]

  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.116
  2. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.117