Здравко Чолиќ
| Здравко Чолиќ | |
Здравко Чолиќ во 2007 |
|
| Биографски податоци | |
|---|---|
| Познат(а) и како | Чола |
| Роден(а) | 30 мај 1951 Сараево, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ |
| Потекло | Сараево, Босна и Херцеговина |
| Жанрови | Шлагерска музика, Рок, Поп-рок, Диско, поп, Поп-фолк |
| Занимања | Пејач, текстописец |
| Период на активност | 1968–present |
| Издавачи | Београд диск, Југотон, ПГП РТБ, Диско тон, Комуна |
| Соработници | Амбасадори Корни Група |
| Мреж. место | Official website |
Здравко Чолиќ (српски: Здравко Чолић) (роден 30 мај, 1951 во Сараево, Југославија) е босанско-српски поп-пејач, популарен ширум цела бивша Југославија.
Содржина |
[уреди] Кариера
Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.
Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приђеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија.
Во 1984, Чолиќ се сели од родниот град, Сараево во Белград. По војната и долга пауза, тој е враќа мна музичката сцена и си ја враќа популарноста до извесно ниво и сѐ уште држи повремени концерти.
Чолиќ има Дипломирано на Економскиот Факултет при Универзитетот во Сараево.[1]
[уреди] Легенда
Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писат ћу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ. Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки. Денес Здравко Чолиќ, по паузата за време на војните во регионов, повторно ја потсетува неговата публика на старите хитови, а создава и нови. Настапува по цела година и насекаде: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, САД, Канада... Еден од неговите најголеми концерти беше во 2007 на стадионот Маракана во Белград каде собра неколку десетици илјади публика, а концертот го заврши со песната „Пјесмо моја“ и спектакуларен огномет над Белград.
[уреди] Дискографија
[уреди] Албуми
- Ти и ја (1975)
- Ако приђеш ближе (1978)
- Због тебе (1980)
- Мало појачај радио (1981)
- Шта ми радиш (1983)
- Ти си ми у крви (1984)
- Здравко Чолић (1987)
- Да ти кажем шта ми је (1990)
- Кад би моја била (1997)
- Окано (2000)
- Чаролија (2003)
- Завичај (2006)
- Кад погледаш ме преко рамена (2010)