Сперматозоид
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Сперматозоид е машкиот гамет (машка полова клетка). Сперматозоидите се добиваат преку повеќе последователни делби на клетките. Добивањето на сперматозоидите започнува со митоза I на герминативниот епител од кој се добиваат сперматогонии. Добиените сперматогонии се диплоидни, со следната митоза II се добиваат примарни сперматоцити кои исто така се диплоидни. Примарните сперматоцити се делат со мејоза I и од нив се добиваат секундарни сперматоцити кои се хаплоидни,тие сперматоцити потоа се делат со мејоза II од кои се добиваат сперматиди. Добиените сперматиди се делат преку процесот спермиогенеза од кои на крај се добиваат сперматозоиди.
