Летни олимписки игри 1972

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XI Зимски олимписки игри

Град домаќин Сапоро, Јапонија
Бр. на држави 121
Бр. на спортисти 7170 (6075 мажи, 1095 жени)
Натпревари 195 од 23 спортови
Отворени 3 февруари
Затворени 13 февруари
Официјално отворени од: Густав Хајнеман
Спортска заклетва Хајди Шулер
Олимписка заклетва Хајнц Полеј
Олимписки оган Гунтер Цан
Стадион Отворен стадион Макомани

Јубилејните 20-ти летни олимписки игри се одржале во Минхен во 1972 година. Градот Минхен за град-домаќин на игрите бил избран на 26 април 1966 година на 64-тата сесија на МОК во Рим. Останати кандидати биле Детроит, Мадрид и Монтреал.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќина на Летните олимписки игри - 1972
Град Земја Прв круг Втор круг
Минхен Flag of Germany.svg Западна Германија 29 31
Мадрид Flag of the Spain Under Franco.png Шпанија 16 16
Монтреал Flag of Canada.svg Канада 6 13
Детроит Flag of the United States.svg САД 6 -

Игрите биле втори коишто се одржале во Германија по Летните олимписки игри - 1936 во Берлин. Но, овие игри имале за цел да го покажат демократското општество, оптимизмот и задоволството на германскиот народ. Игрите уште биле наречени „Среќните игри“. Амблемот на игрите бил соларен круг составен од светлосини цртички, а бил наречен „Светлото сонце“. Игрите биле први во историјата коишто имале и маскота за свое обележје. Маскота било кучето наречено „Валди“. На игрите биле промовирани и нови симболи од страна на Отл Ајхер. Но, и покрај големата посветеност и желбата за зближување и другарување на спортистите од целиот свет, на 5 септември група од 8 Палестинци влегла во Олимпиското село и убиле 11 израелски спортисти по што целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите. Овој немил настан во историјата е познат како Минхенскиот масакар.

Ретроспектива[уреди]

  • Марк Шпиц поставил светски рекорд во пливање и освоил 7 златни медали. Со тоа станал спортистот којшто освоил најмногу златни медали на едни Олимписки игри. По него, тоа никој не успеал да го постигне. Со двете злата од Мексико Сити 4 години пред тоа, Марк Шпиц освоил вкупно 9 златни медали на Олимписките игри. Бидејќи бил Евреин, Шпиц морал да го напушти Минхен пред церемонијата на свеченото затворање на игрите поради можноста и тој да биде жртва на Минхенскиот масакар.
  • Олга Корбут станала виостинска медиумска ѕвезда освојувајќи златен медал во гимнастика во комбинација во тимска конкуренција, но пропуштајќи голема шанса да победи и во комбинација поединечно. По нејзиниот пад, златото го освоила Људмила Турисчева. Сепак, Олга освоила уште 2 злата, на греда и партер.
  • Во финалето на Олимпискиот турнир во кошарка Советскиот Сојуз ги победил САД со што ја прекинал серијата на победи којашто траела без прекин уште од воведувањето на кошарката во Олимписката програма на Летните олимписки игри - 1936. При рзеултат од 49-48, Даг Колинс од САД на 3 секунди до крајот ги реализирал двете слободни фрлања за водство на својот тим од 50-49. Но, при изведувањето на второто слободно фрлање сирената се огласила. На семафорот стоело 0:01, но всушност имало учте 3 секунди игра за кои се бунеле и кошаркарите од СССР. Според официјални извори, сирената се огласила поради тајмаутот којшто го побарале СССР. Часовникот требал да се врати за 3 секунди, но на семафорот стоело 0:50, па кошаркарите на САД започнале да слават. Но дека времето треба да се врати, протестирал и генералниот секретар на ФИБА Ренато Вилијам Џонс од Велика Британија. Времето било вратено, а Сергеј Белов ја фрлил топката од кош на кош. Неа ја прифатил Александар Белов којшто ги постигнал победничките поени. САД се жалеле до ФИБА, но нивната жалба била одбиена со резултат 3-2 (ја прифатиле Италија и Порторико, а ја одбиле Унгарија, Полска и Куба). Кошаркарите на САД во знак на протест не излегле да бидат одликувани со сребрените медали. СССР сосема заслужено ги победиле самобендисаните американски кошаркари со 51-50.
  • Ласе Вирен од Финска победил во трките на 5.000 и 10.000m со пад на двојно подолгата делница. Истото го повторил и на Летните олимписки игри - 1976 одржани во Монтреал.
  • Валери Борзов победил во трките на 100 и 200m победувајќи ги во трката на 100m фаворизираните американски атлетичари Реј Робинсон и Еди Харт. Борзов е единствениот атлетичар од Советскиот Сојуз којшто освоил злато на најкратката атлетска делница на Олимписките игри.
  • Двајца црномурести американски атлетичари на 400m, Винсент Метју и Вејн Колет се шегувале на свечената церемонија на доделување на медалите, а ја исмејувале и химната на САД по што биле доживотно дисквалификувани, слично како и нивните сонародници Томи Смит и Џон Карлос на игрите 4 години пред тоа.
  • Дејв Вотл го изненадил Јевгени Аржонов и победил во трката на 800m. Големиот успех му го донел прекарот „Главниот Вотл“.
  • Австралијанската пливачка Шејн Голд освоила 3 златни медали, 1 сребрен и 1 бронзен со само 15 години.
  • Спортовите ракомет и стреличарство се вратиле во Олимписката програма на овие игри.
  • Во спортот кано за прв пат била воведена слалом трка.
  • Ден Гебл освоил злато во борење, а при тоа без неговите противници да освојат поени.
  • Вим Руска станал првиот спортист којшто освоил 2 златни медали во џудо.
  • За прв пат Олимписката заклетва била дадена од претставник од судиите.
  • Американецот Франк Шортер победил во маратонот во својот град (бил роден во Минхен). Во последните 400m од маратонот германскиот студент Норберт Зудхаус облечен во дрес се појавил прв на стадионот и првпоминал низ целта и сите започнале да прославуваат сè додека не било утврдено од официјалните лица дека тој се шегува. И Шортер со големе чудење го здогледал студентот Зудхаус пред себе.
  • На 11 септември бил ураден авион во Штутгарт и се појавиле гласини дека се подготвува терористички чин за церемонијата на затворање на Олимписките игри и дека е можно на Олимпискиот стадион да е поставена бомба. Затоа бил информиран и германскиот канцелар Вили Брант кој веднаш му наложил на министерот за одбрана Георг Лебер да го пронајдат украдениот авион на радар и ако е можно дури и да го уништат само што е можно подалеку од Минхен. Најпрвин авионот не се појавил на радар, но потоа бил пронајден еден авион за којшто било утврдено дека е цивилен. Украдениот авион никогаш не бил пронајден.
  • Бадминтон и скијање по вода биле демонстративни спортови.

Спортови[уреди]

Демонстративни спортови[уреди]

Земји-учеснички[уреди]

Со сина боја се обележани земјите коишто дебитираат на Олимписките игри

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of the Soviet Union.svg СССР 50 27 22 99
2 Flag of the United States.svg САД 33 31 30 94
3 Flag of East Germany.svg Источна Германија 20 23 23 66
4 Flag of Germany.svg Западна Германија (домаќин) 13 11 16 40
5 Flag of Japan.svg Јапонија 13 8 8 29
6 Flag of Australia.svg Австралија 8 7 2 17
7 Flag of Poland.svg Полска 7 5 9 21
8 Flag of Hungary.svg Унгарија 6 13 16 35
9 Бугарија 6 10 5 21
10 Flag of Italy.svg Италија 5 3 10 18

Надворешни врски[уреди]