Цреша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цреша
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Rosales
Фамилија: Rosaceae
Род: Prunus
Биномен назив
Prunus avium
Linneus
Синоними

Cerasus avium

Цреша е листопадно дрвенесто растение од подфамилијата Prunoideae, чии истоимени плодови се користат во исхраната на човекот како овошје. Најчесто расте до височина од околу 20 m. Во Европа сè поретко може да се најде во природата, па је овој вид дрво денес е загрозен. Црешата е припитомена и има големо значење во овоштарското производство. производњи. Во Македонија во 2010 година биле произведени 5 701 тони цреши.[1]

Изглед и градба[уреди]

Лист, цвет и плод на цреша

Црешата може да достигне височина од 30 до 32 метри, а пречникот на стеблото може да биде 50 или повеќе cm. Кората ѝ е светло до темнокафеава со карактеристични хоризонтални линии, кои со текот на времето сè повеќе се здебелуваат и на тие места се појавуваат пукнатини. Од почеток, додека дрвото е уште младо, линиите скоро и да не се забележуваат, а со тек на времето и кората се задебелува, а линиите поминуваат во пукнатини. Кората може и да се лупи во хоризонталне ленти. Листовите се елипсовидни, односно повеќе со јајчест облик, на рабовите се во вид на пила, долги околу 10, а широки околу 5 cm. Имаат карактеристични црвенкасто-кафеави жлезди на дршката. Цветот е со бела боје и се наоѓа на втората дршка. Пупките се елипсовидни и зашилени, со темнокафеава боја и прекриени со повеќе лушпи. Цветовите се јавуваат во голем број и се распоредени и групирани густо.

Карактеристика на целата подфамилија, па и на црешата, е градбата на цветот, кои има едно оплодно ливче. Во плодникот има два семени зачетоци, од кои често само едниот се развива во семе[2]. Плодот е типичнo монокарпнo костесто овошје, со топчеста форма и има темноцрвена, розеникава или жолта боја. Пречникот му е околу 1 cm, а кај одгледуваните сорти може да биде и покрупен. Плодот нацрешата е исклучително месест и има сладок вкус.

Животни услови[уреди]

На Балканот се јавува во мезофилните шуми во природата. Црешата е хелиофитен вид и бара многу светлина. Успева на суво, сончево земјиште, но повеќе ѝ одговара богато и умерено влажно земјиште.

Распространетост и значење[уреди]

Плодови на цреша

Црешата е широко распространета во средниот и западиот дел на Европа, на Балканот, Апенинскиот и северниот дел на Пиринејскиот полуостров. Ја има и на Медитеранот, но се сретнува поретко. Во најјужните делови на Европа расте на нешто поголеми надморски височини. Во Азија може да се најде на Кавказ, Крим и во делови на Мала Азија.

Црешата има големо значење како земјоделско растение, затоа што е припитомена и е една од најзастапените растенија во овоштарството поради своите вкусни плодови, што се користат во свежа и преработена состојба. Денес со вештачка селекција и облагородување е создаден голем број сорти кои се многу чести овоштарски култури во целиот свет. Бројни се причините за тоа: не бара посебна конструкција во текот на одгледувањето, не бара многу при кроењето, а отпорна е на многу болести и штетници[3].

Историја[уреди]

Црешата е позната уште од праисторијата, кога за неа знаелелужето од бронзеното доба, поточно 2000 години п. н. е. Во 8 век п. н. е. црешата веќе била припитомена и луѓето ги користеле нејзините плодови Се смета дека прците цреши биле огледувани на територијата на Мала Азија и Грција. Покрај тоа што се користи во човековата исхрана, плодовите ги јадат и животните и на тој начин придонесуваат за размножувањето на црешата во природата.

Наводи[уреди]

  1. Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO) [1]
  2. Којић М. 2003. Ботаника. Бард-фин: Београд.
  3. Брзица К. 1978. Практично воћарство за свакога. НИРО „Глас": Бања Лука.