Аман

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Стариот дел на Аман
Стариот дел на Аман

Аман (арапски عمان Ammān) е главен град на Кралството Јордан. Во градот живеат околу 1 200 000 население. Аман е трговски, производствен и административен центар на Јордан.

[уреди] Историја

Градот бил под власта на асирците, персијците, грците. Тоа означува дека бил под големо влијание на различни цивилизации. Градот е древна амонска престолнина, а своевремено позната и како Рабат-Амон. Во време на Римското царство, градот бил регионален центар познат по името Филаделфија по Птоломеј I Филаделфиј. Бил познат по тоа што се простирал на седум брда, исто како и Рим.

Денес Аман е современен град, во кој живеат муслимани и христијани. Во градот има модерни згради но и згради со стара архитектура. Градот се наоѓа на неколку километри од реката Јордан каде Исус христос бил крстен од страна на Јован Крстител. Во денешно време, градот е преполн со контрасти помеѓу модерното и двевното.

[уреди] Знаменитости

- Римскиот амфитеатар(169-177) со капацитет од 5 000 гледачи, која денес претставува туристичка атракција.

- Тврдината од римскиот и византискиот период,

- Храм изграден во чест на Херкулес,

- Археолошкиот музеј на Јордан во кој се чуваат најстарите човечки пронајдоци од овие подрачја (стари 700000 години),

- Плавата џамија во Аман


[уреди] Географија

Аман се наоѓа во северозападниот дел на Јордан. Градот е изграден на седум ридови.

Лични алатки