Сеул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сеул
서울
—  Специјален град  —
Знаме на Сеул
Знаме

Амблем на Сеул
Сеул во рамките на Јужна Кореја
Координати: 37°33′59.53″ СГШ 126°58′40.69″ ИГД / 
Земја  Јужна Кореја
Регион Престолнинско подрачје Сеул
Реони
Управа
 • Вид Градска управа
Градоначалник-совет
 • Градоначалник Парк Вон-сун
 • Совет Градски совет на Сеул
 • Законодавна застапеност
 - Државно собрание
Површина[1]
 • Специјален град 605,21[1] км2
Население (2011[2])
 • Специјален град 10.581.728 жит.
 • Пошир. 23.616.000 жит.
 • Демоним Сеулци
 • Дијалект сеулски
Птица корејска страчка
Боја сеулска црвена[3]
Цвет форситија
Извори Хан и Намсан
Mascot Хечи
Крилатица 함께 만드는 서울, 함께 누리는 서울 („Сеул заедно го создадаваме, Сеул заедно го уживаме“)
Песна 서울의 빛 („Светлата на Сеул“)
Tree гинкго
Портал seoul.go.kr
Светскиот трговски центар

Сеул (корејски: 서울) — главен град на Јужна Кореја, сместен во северозападниот дел на државата. Се наоѓа на реката Хан и има население околу 9 748 000 жители (2005). Зазима површина од 605,39 км².

Карактеристики[уреди]

Сеул е разделен од широката близу километар река Хан. Градот е изграден околу Јужната планина. Во моментот, градот е преоптоварен и нема место каде да се шири. Сеул е нов град. На практика главниот град на Јужна Кореја е разрушен во време на јапонската окупација и довршен по време на Корејската војна, кога Северот го презема Југот пред да се замешат американците.

Самиот град се наоѓа на дометна артилерија од страна на Северна Кореја, па ова е и причината поради која се смислува план од страна на јужнокорејската влада за преместување на владините институции. Сеул е еден од најстарите градови во Кореја. Дел од архитектурата на градот е зачуван, кој датира од 14 век. Династијата Горјео ја изградила палатата во Сеул која била наименувана “Јужна престолнина“. Во 1988 година во Сеул се одржале Олимписките игри. Во 2002 година исто така таму се одиграле некои натпревари од Светското првенство во фудбал.

Улица во Сеул

Историја[уреди]

Историјата на Сеул може да биде проследена уште кога била установена како колонија во Баекје. Се смета дека некогашниот Вириесеонг се наоѓал на местото на денешен Сеул. Тој од тогаш е бил главна метропола на династијата Чосен. Во време кога Јапонија го зазела градот, многу делови биле разрушени по нивната колонизација во текот на 20 век. Во време на Корејската војна градот билскоро цел разрушен и економски и инфраструктурно. Но агресивната економска политика во шеесетите години помогнале градот одново да биде изграден и тоа многу брзо. Во текот на деведесетите години не се направени никакви позначајни историски можности.

Клима[уреди]

Заедно со остатокот на државата, Сеул има умерено континентална клима и покрај тоа што Јужна Кореја е опкружена од три страни со вода. Летата се обично жешки и влажни, кое трае од јуни до септември. Температурата достигнува од 22 С до 30С. Истотака, и зимите се доста застапени и ладни при кое температурите се движат од 0-10С.

Демографија[уреди]

Скоро сите жители на Сеул се корејци, со некои мали кинески или јапонски малцинства. Брзо зголемување на населението на мегународните жители претставува близу 2 проценти од целото население. Во Сеул се застапени главно две религии: будизмот и христијанството. И покрај тоа што има повеќе христијани, сепак будистичките храмови се повеќебројни.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]