Бандар Сери Бегаван
| Бандар Сери Бегаван بندر سري بڬاوان |
|||
|---|---|---|---|
| Прекар(и): Древен град | |||
| Координати: 4°53′25″N 114°56′33″E / 4.890338°N 114.942457°EКоординати: 4°53′25″N 114°56′33″E / 4.890338°N 114.942457°E | |||
| држава | |||
| Површина | |||
| - Градска | 10.036 km2 (3.874,9 sq mi) | ||
| Население (2002) | |||
| - Градско | 27.285 | ||
| - Густина | 272/km2 (704,5/sq mi) | ||
| - Урбано | 74.700 | ||
| Мреж. место | http://www.municipal-bsb.gov.bn/ | ||
|
|||
Бандар Сери Бегаван (малајски: Bandar Seri Begawan, јависко писмо: بندر سري بڬاوان ) е главен град и најголемо пристанешти во султанатот Брунеј. Градот брои 27,285 жители (податоци од 2002),[1]
Содржина |
[уреди] Етимологија
Градот, името го добил по таткото на султанот, Омар Али Саифудиен, на 5 октомври 1970 година, со името Бандар Брунеј. Бегаван е име за брунејските монарси кои абдицирале, а потекнува од санскритскиот збор за „бог“. Зборот бандар потекнува од персискиот јазик (بندر) и значи „пристаниште“ или „засолниште“ (бандар на малајски значи „град“).
[уреди] Историја
Податоци за населени места по течението на реката Брунеј, датираат уште од 7. век. Наслебите биле слични како оние во Кампонг Ајер, во близина на денешниот Музеј Брунеј.
На 1 август 2007, султанот даде согласност за проширување на градот од 12,87 до 100,36 квадратни километри, со тоа што кон градот беа приклучени неколку села и приградски наслелби.
[уреди] Географија
Бандар Сери Бегаван се наоѓа северно од реката Брунеј, на брегот од Јужнокинеското море. Во градот живеат 27,285 жители, а во метрополитенската област 74,700.[1]
[уреди] Демографија
Мнозинството од населението се етнички Малајци, а Кинезите се најзначајните малцинска група. Абориџински етнички групи, како на пример Ибанците, исто така го населуваат градот, но се сметаат за Малајци. Голем број од работниците од странство се од Индонезија, Филипините и од земјите од индискиот полуостров.
[уреди] Економија
Во градот се произведува мебел, текстил и градежен материјал. Типични за градот се и бројните занаети.
[уреди] Превоз
Меѓународниот аеродром Брунеј се наоѓа на одалеченост од 11 km од центарот на градот и до него може да се стигне за само 10 минути, по автопатот Султан Хасанаи Болкиа.
Водното такси наречено „пенамбанг“ се користи за превоз на патници од градот до Кампонг Ајер. За превоз на патници од Бангар до Лимбанг се користат моторни чамци.
[уреди] Образование
Сите степени на обраование се достапни во Бандар Сери Бегаван, од детски градинки до високо образование. Универзитетот Брунеј Даруссалам, кој бил основан на 28 октомври 1985 се наоѓа на оддалеченост од околу 4,5 km од центарот на градот.[2]. Универзитетот е најстар и најголем во Брунеј, во однос на бројот на книги и разновидноста на образованието што им го нуди на студентите. ториот универзитет во султанатот е универзитетот Ислам Султан Шариф Али, кој се наоѓа во населбата Гадонг. Овој универзитет беше отворен на 1 јануари 2007[3] и претставува исламски универзитет.
Во градот се наоѓаат и голем број на високообразовни институти, како што се училиштето за наука Падука Сери Бегаваан Султан, Технолошкиот институт и единственото медицинско училиште Мактаб Јурурват Пенгиран Анак Путери Рашида Саадатул.
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Answers.com - Bandar Seri Begawan“. http://www.answers.com/topic/bandar-seri-begawan?cat=travel&nr=1.
- ↑ „UBD in Brief“. Universiti Brunei Darussalam. http://www.ubd.edu.bn/about/inbrief.html. проверено на 26 октомври 2010.
- ↑ „About Us“. Universiti Islam Sultan Sharif Ali. http://www.unissa.edu.bn/index.php?option=com_content&task=section&id=5&Itemid=26. проверено на 2009-10-26.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бандар Сери Бегаван“ |
|
||||||||||