Мјанмар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Унија Мјанмар
ပြည်ထောင်စု သမ္မတ မြန်မာနိုင်ငံတော်
Pyidaunzu Thanmăda Myăma Nainngandaw
Знаме Грб
ХимнаKaba Ma Kyei

Местоположба на Мјанмар.
Местоположба на Мјанмар.
Главен град Најпјидо
19°45′ СГШ 96°06′ ИГД / 
Најголем град Јангон
Службен јазик мјанмарски
Признаени регионални јазици џингпоански, кајашки, каренски, чински, монски, ракински, шански
Официјално писмо мјанмарско писмо
Народности  Бамари 68%
Шани 9%
Карени 7%
Ракинци 4%
Кинези 3%
Индијци 2%
Монци 2%
други 5%
Демоним Мјанмарец
Уредување унитарна претседателска држава
 -  Претседател Тејн Сејн
 -  Потпретседател Тин Аунг Мјинт О
Сај Маук Кам
Законодавство Сојузно собрание на Мјанмар
 -  Горен дом Дом на националности на Мјанмар
 -  Долен дом Дом на претставници на Мјанмар
Основање
 -  Паганско Кралство 23 декември 849 
 -  Таунгоанска династија 16 октомври 1510 
 -  Конбауншка династија 29 февруари 1752 
 -  Независност од
Обединетото Кралство
4 јануари 1948 
 -  Државен удар 2 март 1962 
 -  Нов устав 30 март 2011 
Површина
 -  Вкупна 676.578 км2 (40-та)
 -  Вода (%) 3.06
Население
 -  проценка за 2010 60,280,000[1] (24-та)
 -  Попис 1983 33,234,000 (3
 -  Густина 73.9 жит/км2 (119-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011
 -  Вкупен $81.553 милијарди[2] (76-та)
 -  По жител $1,307[2] (163-та)
БДП (номинален) проценка за 2010
 -  Вкупно $42.953 милијарди[2] (76th)
 -  По жител $702[2] (155-та)
ИЧР (2011) 0.483[3] (низок) (149-та)
Валута мјанмарски кјар (K) (MMK)
Часовен појас MST (UTC+06:30)
Се вози на десно
НДД .mm
Повик. бр. 95
1. Некои влади го признаваат Јангон како главен град.[4]


Мјанмар, официјално Република Унија Мјанмар или позната и по старото име Бурма е независна република во Југоисточна Азија. Мјанмар се граничи со Кина на североисток, со Лаос на исток, со Тајланд на југоисток, со Бангладеш на запад и со Индија на северозапад. На југозапад Мјанмар излегува на Бенгалскиот Залив, додека на јужно од државата се наоѓа Андамановото Море. Мјанмар има брег од околу 1.930 километри. Вкупната површина на Мјанмар е 676.578 километри квадратни каде живеат околу 33.234.000 жители. Официјален јазик на Мјанмар е мјанмарскиот јазик, додека главен град на државата е Непјидо.

Етимологија[уреди]

Официјалното име на државата денес е Република Унија Мјанмар или скратено Мјанмар. Поранешното официјално име на државата било Република Унија Бурма или скратено Бурма. Името „Бурма“ доаѓа од мјанмарскиот збор „бамар“ (ဗမာ) што е разговорна форма од зборот „мјанмар“ (မြန်မာ) или на старомјанмарски „мјанма“. Двата збора се однесуваат за државата и за мнозинското население, Бамари. Во Мјанмар, името на државата се изговара како Мјанма.

Во 1989 година воената хунта која владее со Мјанмар официјално го сменила името на државата во Мјанмар. Преименувањето на државата било спорно прашање.[5] Различни припадници на малцинските заедници во Мјанмар не го прифаќаат новото име на државата бидејќи веруваат дека терминот „Мјанмар“ историски се однесува само за мнозинското бамарско население, одошто на земјата како политичка единица. [6][7]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Мјанмар.

Ран период[уреди]

Археолошките ископувања во Мјанмар потврдуваат дека во земјата имало доста долг период до човекова цивилизација. Најстарите археолошки пронајдоци во Мјанмар се пештерските цртежи кои се наоѓаат во близина на градот Пада Лин и датираат од периодот на холоценот.[8][9]

Во науката се смета дека најстари жители кои ја населиле територијата на Мјанмар се Монците, кои мигрурале во долината на реката Иравади и до средината на 11 век п.н.е. биле доминантен народ во јужен Мјанмар.[10]

Народот Пју, кој е од тибетско-мјанмарските говорни народи, се доселил на територијата на Мјанмар во 1 век п.н.е. и создале неколку моќни град-држави, од кои најмоќна била Пјај во долината на реката Иравади. Монските и пјуските кралства биле важни транзитни зони при трговијата на Индија и Кина. Во 9 век, Пјуското Кралство почнало нагло да слабее и во долината почнала инвазијата на Кралството Нанчао.

Паганско Кралство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Паганско Кралство.
Храмови и пагоди во Паган.

Бамарите, кои припаѓаат на тибетско-мјанмарските народи, започнале да се доселуваат во долината на реката Иравади. Бамарите почнале да се иселуваат од Кралството Нанчао во почетокот на 7 век. Бамарите при нивното доселување затекнале состојба каде немало силна држава, бидејќи Пјуското Кралство се распаднало, и тие ја искористиле таа ситуација и создале своја држава позната како Паганско Кралство во 849 година и главен центар на бамарската држава бил градот Паган. Ова кралство било мало во моќ и територија сè до доаѓањето на власт на кралот Анаврата. Под негова власт, Паганското Кралство го проширило своето влијание низ целата територија на денешен Мјанмар.

Откако Анаврата го зазел главниот град на Монците, Татон, во 1057 година, Бамарите го прифатиле Теравада Будизмот како своја религија. Во тој период исто така и мјанмарското писмо било создадено, кое се базирало на монското писмо. Бидејќи Паганското Кралство имало голема придобивка од трговијата, владетелите на Кралството изградиле голем број пагоди и храмови, од кои голем дел и денес постојат.

Моќта на Паган полека започнала да слабее во 13 век. Кублај Кан заедно со својата моќна монголска војска навлегле на територијата на Мјанмар во 1277 година и го зазеле Паган во 1287 година. Со тоа, Паганското Кралство и моќта на Паган биле завршени.

Малите кралства[уреди]

Шведагонската Пагода потекнува од периодот на малите мјанмарски кралства.

Монголците кои навлегле и ја зазеле територијата на Мјанмар не можеле долго време да останат на тоа место поради своите зацртани планови и походи. Во меѓувреме, за време на инвазијата на Монголците, во долината на реката Иравади се доселиле Шаните и станале значаен фактор во гео-политичката ситуација во Југоисточна Азија.

Паганското Кралство, кое било покорено од Монголците, се распаднало на неколку помали кралства, како што се:

  • Кралство Ава (1364–1555) - ова кралство било наследник на три помали мјанмаризирани шански кралства кои ја контролирале територијата на Горен Мјанмар,
  • Кралство Пегу - монско кралство основано од монско-шанскиот крал Вареру кое ја контролирало територијата на Долен Мјанмар,
  • Кралство Мраик У (1434–1784) - контролирало територии во западен Мјанмар,
  • Неколку шански држави во Качинските Планини во северен Мјанмар.

Овој период од мјанмарската историја е карактеристичен по константните воени судири меѓу Пегу и Ава, и во помали размери меѓу Ава и Шаните. Кралството Ава за краток период (1379–1430) имало контрола над Ракине и биле многу блиско до задавње пораз на Пегу, но никогаш не можеле да го обединат целото старо мјанмарско кралство. И покрај бурниот пилитички и воен период, Мјанмар влегол во културен златен период. Во овој период значаен е подвигот на кралицата Шин Сау Бу која ја издигнала пагодата Шведагон со денешната височина.

Поради зачестените воени судири, до 15 век Кралството Ава било веќе значително ослабено. Неговите периферни територии или станале автономни држави или станале сосема независни. Во 1486 година, кралот Минкјињо (1486–1531) се одделил од Кралството Ава и основал свое независно кралство. Во 1527 година, Шаните конечно го освоиле Кралството Ава. Шаните владееле со Горен Мјанмар сè до 1555 година.

Таунгу[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Династија Таунгу.
Кралството Таунгу.

Засилено од Бамарите кои пребегнале од Ава, малото Кралтво Таунгу под водство на кралот Табиншвехти го поразил помоќното монско кралство Пегу и со тоа се обединил Долен Мјанмар во 1540 година. Подоцна, наследникот на кралот Табиншвехти, Бајинаунг, поредводел поход за освојување на Манипур, Шанската Држава, Чијанг Мај, Кралството Ајутаја и Лан Санг со што голем дел од Југоисточна Азија била под негова власт и направил план за напад на Ракине.

Империјата на Бајинанунг почнала да се распаѓа веднаш по неговата смрт во 1581 година. Кралството Ајутаја се одделило од Империјата во 1593 година и започенале акции за заземање на Танинтари. Во 1599 година воените сили на Ракине, а помогнати од Португалците, го зазеле градот Пегу. Португалците ја искористиле оваа ситуација и воспоставиле своја контрола во Танлин, тогаш најзначаен приморски град во Мјанмар. Со ова ситуацијата во Мјанмар станала прекомплицирана.

Бамарите под водство на кралот Анаукпетлун се регрупирале и ги поразиле Португалците во 1611 година. Анаукпетлун повторно основал мало кралство со седиште во Ава кое ги контролирало териториите на Горен Мјанмар, Долен Мјанмар и шанските држави. По владеењето на кралот Талун, бамарското кралство доживеало постепен пад во наредните 100 години. Во овој период, Монците успешно одржале бунт против власта кои биле подржани од Французите и Тајланѓаните, го отцепиле Долен Мјанмар во 1747 година и со тоа се завршило владеењето на династијата Таунгу во 1752.

Демократска република[уреди]

У Ну, првиот премиер на Мјанмар.

На 4 јануари 1948 година, Мјанмар станала независна република позната под името „Унија Бурма“. Како прв претседател на новата држава бил Сао Шве Таик, додека прв премиер на државата бил У Ну. За разлика од останатите држави кои некогаш биле британски колонии, Мјанмар не бил дел од Комонвелтот на нациите. Бурманското собрание било дводомно, односно составено од Комора на пратеници и Комора на националности.[11]

Денешните граници и територијата на Мјанмар се засновани со Пандлоншкиот Договор, каде во едно се соединиле Горен Мјанмар и Долен Мјанмар, но и Источните предели. Сите овие за време на колонизацијата имале посебни администрации.[12]

Во 1961 година, У Тант, бурманскиот пратеник во ООН и поранешен Секретар на премиерот, бил избран за Генерален секретар на Обединетите Нации, кој воедно бил прв генерален секретар кој не бил од Западот и ја вршел таа функција десет години.[13]

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Мјанмар.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Мјанмар.

Административна поделба[уреди]

Државите и областите на Мјанмар.

Мјанмар е поделен на седум држави и седум области.[14] Областите се населени со Бамари. Следува табеларен приказ на административната поделба на Мјанмар.

Бр. Држава/ Област Округ Градска општина Град Кварт Селска област Село
1 Качин 3 18 20 116 606 2630
2 Карен 2 7 7 29 79 624
3 Каја 3 7 10 46 376 2092
4 Чин 2 9 9 29 475 1355
5 Сагаин 8 37 37 171 1769 6095
6 Танинтаји 3 10 10 63 265 1255
7 Баго 4 28 33 246 1424 6498
8 Магве 5 25 26 160 1543 4774
9 Мандалај 7 31 29 259 1611 5472
10 Мон 2 10 11 69 381 1199
11 Ракајн 4 17 17 120 1041 3871
12 Јангон 4 45 20 685 634 2119
13 Шан 11 54 54 336 1626 15513
14 Иравади 5 26 29 219 1912 11651
Вкупно 63 324 312 2548 13742 65148

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Мјанмар.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Мјанмар.

Население[уреди]

Етнички групи во Мјанмар
етничка група процент
Бамари
  
68%
Шани
  
9%
Карени
  
7%
останати
  
4.5%
Ракинци
  
3.5%
Кинези
  
2.5%
Мони
  
2%
Џингпоани
  
1.5%
Индијци
  
1.25%
Кајаши
  
0.75%
Стамбен објект во Јангон. Иако Мјанмар има мала густина на население, градовите се густо населени.

Мјанмар има население од околу 56 милиони жители.[15] Бројките за населението се проценки бидејќи последниот попис од 1983 година не бил целосен.[16] Уште од 1931 година во Мјанмар не бил спроведен веродостоен национален попис. Во Тајланд има регистрирано околу 600.000 мјанмарски мигранти и уште над милион кои работат нелегално. Околу 80% од вкупните мигранти во Тајланд се Мјанмари.[17] Мјанмар има густина на население од околу 75 жители на километар квадратен што е едно од најмалите во Југоисточна Азија. Покрај границите со Индија, Бангладеш и Тајланд постојат бегалски кампови, но има и неколку илјади бегалци во Малезија. Според проценките, од Мјанмар има околу 295.800 бегалци и воглавно се до самата граница со Тајланд.[18]

Според УНЕСКО, официјалната стапка на неписменост во Мјанмар во 2000 година била 89.9%.[19] Историски, Мјанмар имал висока стапка на писменост.

Владата на Мјанмар признава околу 135 различни етнички групи кои живеат во државата. Иако е тешко да се провери оваа проценка, сепак најмалку 108 етнолингвистички групи живеат во Мјанмар, голем дел од тибетско-бурманските народи, но и даички, хмонгмјенски и монкмерски народи.[20] Бамарите се мнозинско население во државата и сочинуваат околу 68% од вкупното население.[21] Околу 10 % од населението се Шанци[21], Карените се 7%[21], Ракинците се 4% и Бурманските Кинези се околу 3% од населението.[21][22] Малцинствата се нарекиваат „етнички националности“. Покрај овие наведени, во Мјанмар живеат и останати етнички групи.

Јазици[уреди]

Бамарка, припадничка на најголемата етнолингвистичка група во Мјанмар.

Мјанмар е дом на четири јазични семејства, синотибетски јазици, крадајски јазици, австроазиски јазици и индоевропски јазици.[23] Најмногу зборувани јазици од сите овие семејства се синотибетските јазици, меѓу кои: мјанмарски јазик, каренски јазик, џингпоски јазик, чински јазик и кинески јазик. Основниот крадајски јазик е шанскиот јазик. Од австроазиските јазици застапени се монски јазик, палаунски јазик и васки јазик. Од индоевропските јазици најзастапени се палискиот јазик кој е литургиски јазик и англискиот јазик.[24] Единствен официјален јазик во Мјанмар е мјанмарскиот јазик.

Мјанмарскиот јазик е мајчин јазик на Бамарите и е сроден јазик со тибетскиот и кинескиот јазик.[24] Јазикот се пишува со мјанмарско писмо кое е составено од кружни и полукружни букви кои потекнуваат од монското писмо, кое пак потекнува од индиското писмо настанато во 8 век. Најраниот натпис на мјанмарско писмо потекнува од 11 век. Ова писмо се користи и за запишување на палискиот јазик, но и останати малцински јазици како на пример шанскиот јазик, некои каренски дијалекти и каренскиот јазик.[25] Бурманскиот јазик е јазик кој вклучува учтивост при зборувањето и е внимателен за староста на говорниците.

Религија[уреди]

Религија во Мјанмар
религија процент
Будизам
  
89%
Христијанство
  
4%
Ислам
  
4%
Останати
  
2%
Хиндуизам
  
1%

Околу 89 % од вкупното население на Мјанмар се Будисти. Покрај нив застапени се и христијанството со 4 %, исламот со 4%, хиндуизмот со 1% и останати локални религии со 2%.

Во Мјанмар се застапени повеќе религии. Најголема религија во државата е Будизмот и во државата се одржуваат голем број фестивали и прослави тесноповрзано со оваа религија. Христијанското и муслиманското население претрпуваат пристисок во Мјанмар па така за тоа население кое не е будистичко во Мјанмар не му се гарантира дека ќе може да биде дел од војската или да успее во државата.[26] Оваа ситуација е доста застапена во Источен Мјанмар каде 3000 села биле уништени во изминатите 10 години.[27][28][29] Повеќе од 200.000 муслимани се преселиле во Бангладеш во изминатите 20 години.[30]

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Мјанмар.

Наводи[уреди]

  1. <http://www.adb.org/Documents/Fact_Sheets/MYA.pdf>. Retrieved 8 July 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Burma (Myanmar)“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2011/01/weodata/weorept.aspx?sy=2008&ey=2011&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=518&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=54&pr.y=7. конс. 6 мај 2011. 
  3. „Human Development Report 2011“. United Nations. 2011. http://hdr.undp.org/en/media/HDR_2011_EN_Tables.pdf. конс. 5 ноември 2011. 
  4. CIA – The World Factbook – Burma
  5. Houtman, Gustaaf (1999). „Mental culture in Burmese crisis politics“. ILCAA Study of Languages and Cultures of Asia and Africa Monograph Series No. 33. Institute for the Study of Languages and Cultures of Asia and Africa. стр. 43–47. ISBN 978-4872977486. http://homepages.tesco.net/~ghoutman. 
  6. Myint-U, Thant (2001). „The Making of Modern Burma“. Cambridge: Cambridge Univ. Press. ISBN 0-521-79914-7. 
  7. The Burma Road from the Union of Burma to Myanmar, Mya Maung, Asian Survey, Vol. 30, No. 6, June 1990, p 602
  8. U Aung Thaw. „Mon history“. Burma Research Society; Yangon University, Yangon, Myanmar. http://www.lib.washington.edu/asp/myanmar/pdfs/AR0001A.pdf. конс. 25 февруари 2009. 
  9. John N. Miksic (2003). „Earthernware in Southeast Asia“. NUS Press; National University of Singapore, Singapore. ISBN 9789971692711. http://books.google.com/?id=gxM0k5lGupAC&pg=PT320&lpg=PT320&dq=Padah+lin. конс. 25 февруари 2009. 
  10. George Aaron Broadwell. „Mon history“. Dept. of Anthropology; University at Albany, Albany, New York. http://www.albany.edu/~gb661/monhist1.html. конс. 11 јули 2006. 
  11. „The Constitution of the Union of Burma“. DVB. 1947. архивирано од оригиналот на 15 јуни 2006. http://web.archive.org/web/20060615072018/http://english.dvb.no/e_docs/511947_con.htm. конс. 7 јули 2006. 
  12. Smith, Martin (1991). „Burma -Insurgency and the Politics of Ethnicity“. London and New Jersey: Zed Books. стр. 42–43. 
  13. Aung Zaw. „Can Another Asian Fill U Thant's Shoes?“. „The Irrawaddy September 2006“. http://www.irrawaddy.org/article.php?art_id=7610. конс. 12 септември 2006. 
  14. „Administrative divisions“. „The World Factbook“. Central Intelligence Agency. 29 јуни 2006. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2051.html. конс. 9 јули 2006. 
  15. „POPULATION AND SOCIAL INTEGRATION SECTION (PSIS)“. UN Economic and Social Commission for Asia and the Pacific. http://www.unescap.org/esid/psis/population/popin/profiles/myn.asp. 
  16. „Conflict and Displacement in Karenni: The Need for Considered Responses“ (PDF). Burma Ethnic Research Group. May 2000. http://www.ibiblio.org/obl/docs/Considered_responses-2.pdf. конс. 13 јули 2006. 
  17. „Thailand: The Plight of Burmese Migrant Workers“. Amnesty International. 8 јуни 2006. http://web.amnesty.org/library/index/ENGASA390012005. конс. 13 јули 2006. 
  18. „Myanmar Refugees in South East Asia“ (PDF). UNHCR. April 2006. http://www.unhcr.org/cgi-bin/texis/vtx/publ/opendoc.pdf?tbl=PUBL&id=449676844. конс. 13 јули 2006. 
  19. „Adult (15+) Literacy Rates and Illiterate Population by Region and Gender for“ (XLS). UNESCO Institute of Statistics. April 2006. http://www.uis.unesco.org/TEMPLATE/html/Exceltables/education/Literacy_Regional_April2006.xls. конс. 13 јули 2006. 
  20. Gordon, Raymond G., Jr. (2005). „Languages of Myanmar“. „Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition“. SIL International. http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=MM. конс. 13 јануари 2007. 
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 „Background Note: Burma“. „Bureau of East Asian and Pacific Affairs“. U.S. Department of State. August 2005. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/35910.htm. конс. 7 јули 2006. 
  22. Mya Than (1997). Leo Suryadinata. уред. „Ethnic Chinese As Southeast Asians“. ISBN. 
  23. Gordon, Raymond G., Jr. (2005). „Languages of Myanmar“. SIL International. http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=MM. конс. 14 јули 2006. 
  24. 24,0 24,1 Gordon, Raymond G., Jr. (2005). „Language Family Trees: Sino-Tibetan“. „Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition“. SIL International. http://www.ethnologue.com/show_family.asp?subid=90150. конс. 9 јули 2006. 
  25. „Proposal for encoding characters for Myanmar minority languages in the UCS“ (PDF). International Organization for Standardization. 2 април 2006. http://lwinmoe.friendsofburma.org/doc/myanmar_extension.pdf. конс. 9 јули 2006. 
  26. "Ethnic and Religious Diversity: Myanmar's Unfolding Nemesis", Matthews, Bruce, Institute of South East Asian Studies, Visiting Researcher Series, Volume 2001, No. 3. 2001.
  27. Thailand Burma Border Consortium (2007). „Internal Displacement in Eastern Burma 2006 Survey“. http://tbbc.org/resources.html#reports. конс. 4 февруари 2007. [мртва врска]
  28. Priestly, Harry. „The Outsiders“, The Irrawaddy, 17 јануари 2006 (конс. 7 јули 2006).
  29. Samuel Ngun Ling (2003). „The Encounter of Missionary Christianity and Resurgent Buddhism in Post-colonial Myanmar“ (PDF). Payap University. http://isrc.payap.ac.th/document/papers/paper23.pdf. конс. 14 јули 2006. [мртва врска]
  30. Burmese exiles in desperate conditions. BBC News. 29 September 2007.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Search sister project Википарување има туристички водич за Myanmar.


Административна поделба на Мјанмар Знамето на Бурма
Окрузи: Ayeyarwadydivisionflag.png Иравади | Bagodivisionflag.png Баго | Magwedivisionflag.png Магве | Mandalaydivisionflag.png Мандалај | Sagaingdivisionflag.png Сагаин | Taninthayidivisionflag.png Танинтаји | Јангон
Држави: Flag of Chin State.png Чин | Flag of Kachin State.svg Качин | Flag of Kayah State.png Каја | Flag of Kayin State.svg Карен | Flag of Mon State.png Мон | Flag of Rakhine.svg Ракајн | Flag of the Shan State.svg Шан
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао
Самоуправувачки округ: Ва
Сојузна територија: Непјидо