Манипур

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манипур
Маnipur -मणिपुर
Држава: Индија
Главен град: Импал
Површина: 22.327 km²
Население: 2.388.634 (2001)
Густина на население: 107 жит./km²
Јазик: манипури
Религија:
Веб-сајт: manipur.nic.in
Мапа
Положба на Манипур во Индија

Манипур е сојузна држава во Индија со површина од 22.327km² и 2.388.634 жители (сос: 1. јан. 2001). Се наоѓа на североистокот на Индија. Се граничи со индиските држави Нагаланд на север, Мизорам на југ, Асам на запад. Се граничи и со Мјанмар на исток. Меитеите се основна етничка група, а нивниот јазик манипури е службен од 1992. Манипур се смета за чувствителна гранична држава. Странците мораат да имаат специјална дозвола за да влезат во Манипур. Тие дозволи важат само 10 дена и се издаваат со организирани туристички групи.

Проблеми во Манипур[уреди]

Постојат три главни етнички групи во Манипур. Меитеите представуваат етничка група, која е мнозинство. За нив се вика дека се Манипури. Седум племиња припаѓаат на Меитеите. Има 29 племиња на планините и поделени се на две главни групи Нагаси и Куку-Чинси. Овие етникуми меѓу себе си пават конфронтации.

Други факти[уреди]

  • Играта поло потекнува од Манипур. Британските војници ги модифицирале правилата на играта.
  • Лорд Ирвин го опишувал Манипур како "Швајцарска Индија"
Поглед на Импал навечер