Андамани и Никобари
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Андамани и Никобари | |
|---|---|
| Андамани и Никобари - अंडमान और निकोबार द्वीप | |
| Држава: | Индија |
| Главен град: | Порт Блер |
| Површина: | 6.495 km² |
| Население: | 356.152 |
| Густина на население: | 55 жит./km² |
| Јазик: | никобарски, бенгалски, англиски, хинди, тамилски, малајалам, телугу |
| Религија: | |
| Веб-сајт: | [1] |
| Мапа | |
|
|
|
Андамани и Никобари *(изговор ; тамилски: அந்தமான் நிக்கோபார் தீவுகள், Хинди: अंडमान और निकोबार द्वीपसमूह) се две посебни групи на острови кои заедно сочинуваат сојузна територија во Индија.
Територијата е сместена во Индискиот океан, географски се смета за дел на Југоисточна Азија. Се состои од две групи на острови, Андаманските острови и Никобарските острови, кои ги дели северната паралела на 10°, и тоа Андаманските острови на север од оваа паралела и Никобарските острови на југ од оваа паралела. Андаманското море се наоѓа на исток a Бенгалскиот залив на запад.
Главен град на територијата е Аднаманскиот град Порт Блер. Според последниот попис во Индија од 2001 година територијата броела 356.152 жители. Површината на овие острови изнесува околу 6,496 km².
Содржина |
[уреди] Географија
Оваа територија има околу 572 острови, од кои околу 38 се постојано населени. Повеќето од островите (околу 550) припаѓаат на Андаманската група. Помалиот дел, Никобарските острови се група од 22 главни острови (10 ненаселени). Андаманските и Никобарските острови се одвоени со морски канал широк околу 150 km.
Вкупната површина на Андаманските острови изнесува околу 6.408 km2 (2,474 sq mi); додека Никобарските острови се со површина од приближно 1.841 km2 (711 sq mi).
[уреди] Влада
Андаманските и Никобарските острови се поделени на три административни единици. Секоја административна единица е поделена на помали административни подединици и талуци.
[уреди] Јужен Андаман
Главно седиште на административната единица се наоѓа во Порт Блер
Подединици и талуци:
- Административни подединици на Порт Блер
- Административна подединица Мал Андаман
- Мал Андаман талук (Хат Беј)
[уреди] Никобар
Главно административно седиште: Кар Никобар
Подединици и талуци:
- Кар Никобар подединица
- Кар Никобар талук
- Подединица Голем Никобар
- Голем Никобар талук (Кемпбел Беј)
- Мал Никобар талук
[уреди] Види исто така
- Андамански јазици
- Никобарски јазици
- Голем Никобар
- Ендемски птици на Андаманските и Никобарските острови
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
- Веб страна на Андаманската и Никобарската администрација (англиски)
- Официјална туристичка веб страна на Андаманските и Никобарските острови (англиски)
- Андамани и Никобари на Wikitravel (англиски) (англиски)
| Држави и територии во Индија | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||