Карнатака

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Карнатака
Карнатака - ಕನಾ೯ಟಕ
Држава: Индија
Главен град: Бангалор
Површина: 192.000 km²
Население: 55.868.200 (2001)
Густина на население: 290,98 жит./km²
Јазик: канада
Религија: хиндуизам (83,7 %), ислам (12,2 %), христијанство (1,9%)
Веб-сајт: www.karnataka.gov.in
Мапа
Положба на Карнатака во Индија
Хампи

Карнатака е сојузна држава во Индија со површина од 192.000 km² и 55.868.200 жители (сос: 1. јан. 2001). Карнатака се наоѓа на југот од Индија на висорамнината Декан и се граничи со Махараштра , Гоа, Андра Прадеш, Тамил Наду и Керала. Со својот западен дел излегува на Арапското море. Главен град на Карнатака е Бангалор кој има преку 6 милиони жители. Софтверската индустрија во Бангалор представува 35% од индискиот софтверски извоз. Карнатака е единствен извозник на сандаловина во Индија.

Мисорска Палата

Содржина

[уреди] Историја

Неолитската населба датира од вториот век пред Христос. Карнатака била во составот на Маурја царството, во кое во 3. век пред Христос владеел Ашока. Во текот на првиот милениум Карнатака била во составот на различните династии: Кадамбас, Ганга(323. -550. ) , Чалукјас и Раштракутас. Кога била како британска колонија се викала Мајсор, која во 1973. се преименувала во Карнатака.


Барачуки водопади

[уреди] Економија

[уреди] Земјоделие

Карнатака е најголем произведувач на кафе во Индија. Се произведува 59% од вкупното индиско производство и 75% од индиското производство на цвеќе. Единствен извозник е на сандаловина во Индија. Мајсорскиот дистрикт е познат по производство на сурова свила, а во Мајсор се произведуваат и надалеку прочуените свилени сари.

[уреди] Рударство

Преку 90% од индиското производство на злато доаѓа од јужна Карнатака. Во последно време се копа и манган.

[уреди] Технологија и сервисен сектор

Бангалор е светски познат по информатичката технологија. Самиот Бангалор извезува 38% од целокупниот индиски извоз на софвер, кој изнесува 9 милијарди $ за цела Индија. Бангалор се нарекува и "Силициумска долина на Индија". Хардверската индустрија на Бангалор извезува во износ од 500 милиона $ . Биотехнологијата на Бангалор дава 50% од сите индиски приходи во тој сектор, кој изнесува 500 милиони $ .

[уреди] Туризам

Карнатака е позната по природните убавини, националните паркови, споменици и храмови, од кои многу се наоѓаат на УНЕСКОвата листа на светското културно наследство. Џог водопадите се високи 292 метри и представуваат едни од најголемите водопади во Азија. Од 3600 заштитени споменици во Индија, во Карнатака се наоѓаат 609.

Држави и територии во Индија Flag of India
Држави: Андра ПрадешАруначал ПрадешАсамБихарЧатисгарГоаГуџаратХарајанаХимачал ПрадешЏаму-КашмирЏаркандКарнатакаКералаМадја ПрадешМахараштраМанипурМегхалајаМизорамНагаландОрисаПенџабРаџастанСикимТамил НадуТрипураУтаранчалУтар ПрадешЗападен Бенгал
Територии: Андамани и НикобариТериторија ЧандигарДадра и Нагар ХавелиТериторија ДелхиДаман и ДиуЛакадивиТериторија Пондишери

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици