Биотехнологија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Биотехнологијата е технологија базирана на биологија, особено кога се употребува бо агрокултурата, храната, науката и медицината. Конвенцијата за Биолошки Разлики на Обединетите Нации (The United Nations Convention on Biological Diversity) ја дефинира биотехнологијата како: Секоја технолошка апликација која користи биолошки системи, живи организми или деривати за да произведе или модифицира продукти или процеси за специфична употреба. Биотехнологијата често се поситоветува како генетски инжинеринг, било како терминот “заокружува широки граници и историја од процедурите на биолошко модифицирање на организмите согласно потребите на човештвото, вракајќи се на почетните модификации на природните билки во подобрени хранливи плодови преку процесите на вештачка селекција и хибридизација. Биоинженерингот е наука на која се базираат сите биотехнолошки апликации. Со развивањето на нови и модерни техники, традиционалните биотехнолошки индустрии исто така бараат нови хоризонти кои ќе им овозможат да го подобрат квалитетот на нивните производи и ќе ја зголемат продуктивноста на нивните системи. Пред 1971 година, терминот биотехнологија примарно се користел за обработка на храна и агрокултурната индустрија. Од 1970 година почна да се користи и од страна на Западната научна организација (Western scientific establishment) како почеток на развивањето на лабораториските техники во биолошките истражувања, како што се рекомбинација на ДНК или останати процеси базирани на ткивата на организмите или хоризонтален пренос на гените употребувајки вектори како што е Agrobacterium бактерија за пренесување на ДНК во организмот – домакин. Всушност, терминот треба да се употребува во многу пошироки граници за да се опише употребата на сите методи, како антички така и модерни, користени за манипулација со органските материи а се со цел да се дофатат барањата на производството на храна. Така значи терминот може да биде дефиниран како “Апликација на вонредно или научно знаење во менаџментот на делови од микроорганизмите, или на клетките и ткивата на вишите организми, за сето ова да донесе добро и служи на употребата на идустријата за храна како и нејзините консументи”. Биотехнологијата комбинира дисциплини како што е генетиката, молекуларната биологија, биохемијата, ембиологијата и клеточната биологија, кои се поврзани со практични дисциплини како што се хемиски инженеринг, технологија на информации (IT) и роботика. Пато – биотехнологијата го опишува експлоатирањето на патогените сложени наследувања за добротворен ефект.