Џорџ Орвел
Џорџ Орвел (англ. George Orwell) е псевдоним на британскиот писател Ерик Артур Блер (25 јуни 1903 - 21 јануари 1950). Познат како политички и културен коментатор, Орвел е еден од најпочитуваните англиски есеисти од 20. век, иако тој е најпознат по двата романи што ги пишува во доцните 1940-ти, политичката алегорија „Животинска фарма“ и „1984“. Втората книга опишува тоталитаристичка дистопија толку живо, што поимот „орвелизам“ денес често се користи во описот на различните видови контрола на мислата.
Учествуваше во Шпанската граѓанска војна во редовите на ПОУМ (Работничка партија за марксистичко единство). Гледајќи ја во практика дволичната политика на комунистите, Орвел се враќа од Шпанија како убеден антисталинист и антикомунист, но и покрај тоа остана левичар, или поконкретно, демократски социјалист. Како резултат на своето искуство во Шпанската граѓанска војна, Орвел го напиша својот мемоарски спис - „Во знак на почит на Каталонија“.
Содржина |
Литературно творештво [уреди]
Романи [уреди]
- „Никој и ништо во Париз и Лондон“ (1933) [1]
- „Бурмански денови“ (1934) [2]
- „Ќерката на свештеникот“ (1935) [3]
- „Овозможувајќи аспидистрата да се развива“ (1936) [4]
- „Патот до Виганскиот док“ (1937) [5]
- „Во знак на почит на Каталонија“ (1938) [6]
- „Борејќи се за воздух“ (1939) [7]
- „Животинска фарма“ (1945) [8]
- „1984“ (1949) [9]
Есеи [уреди]
- „Едно бесење“ (1931) [10]
- „Убивањето на слон“ (1936) [11]
- „Списанијата за момците“ (1940) [12]
- „Внатре во китот“ (1940) [13]
- „Лавот и еднорогот: социјализмот и англискиот гениј“ (1941) [14]
- „Уметноста на Артур Мекгил“ (1941) [15]
- „Политиката и англискиот јазик“ (1946) [16]
- „Падот на англиските убиства“ (1946) [17]
- „Во одбрана на П. Г. Вудхаус“ (1946) [18]
- „Зошто пишувам“ (1946) [19]
- „Превенцијата на литературата“ (1946) [20]
- „Таква, таква беше радоста“ (1946) [21]
Поезија [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Македонска архива на Џорџ Орвел (македонски)
- „Зошто социјалистите не веруваат во забава“ (македонски)