Марк Твејн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марк Твејн
Mark Twain by AF Bradley.jpg
Марк Твејн, фотографија на A. Ф. Бредли
Њујорк, 1907
Псевдоним Марк Твејн
Занимање писател, наставник
Националност Американец
Жанрови фантастика, историска фантастика, детска литература, научна литература, патописи, сатира, есеј, философска литература, литературен критицизам
Значајни дела Авантурите на Хаклбери Фин, Авантурите на Том Соер
Сопружник Оливија Ленгдон Клемeнс (1870-1904)
Деца Ленгдон, Сузи Клемeнс, Клара Клемeнс, Џин Клемeнс

Потпис

Семјуел Лангхорн Клемeнс (англиски: Samuel Langhorne Clemens) (30 ноември, 1835 – 21 април, 1910), подобро познат под својот псевдоним Марк Твејн (Mark Twain) (во Македонија грешно познат и како Марк Твен), бил американски писател и комичар. Тој е најпознат по своите романи, Авантурите на Том Соер (1876 година) и неговото продолжение Авантурите на Хаклбери Фин, подоцна често нарекувани „голем американски роман“.

Твејн израснал во Ханибал, Мисури, каде подоцна ќе обезбеди место за Хаклбери Фин и Том Соер. Започнал да работи со машина за печатење. Исто така, работел и како сложувач и пишувал статии во весникот Орион, кој бил на неговиот постар брат. По мачната работа со принтери, која ја работел во повеќе градови, тој станал врвен пилот на реката Мисисипи, пред да замине на запад и да се придружи на Орион. Не успеал како работник во рудник за злато, па се свртел коа новинарството. Додека работел како репортер, тој напишал комична приказна, Славната скокачка жаба од покраината Калаверас, која станала многу популарна и привлекла големо внимание. И неговите патописи биле многу добро прифатени. Твејн го пронајде својот одзив.

Тој постигна голем успех како писател и оратор. Неговата духовитост и сатира беа пофалувани од критичари и тој бил пријател со претседатели, уметници, индустријалисти и европското кралско достоинство.

Сепак, нему му недостасувала финансиска бистрина. Иако заработувал многу од своите дела и предавања, тој трошел на разни вложувања, како на пример за машина за куцање и бил принудел да прогласи банкрот. Сепак, со помош на Хенри Хатлестон Роџерс успеал да ги надмине своите финанскиски проблеми. Твејн напорно работел за да обезбеди целосно отплаќање на неговите кредитори, иако банкротот го ослободил од секаква законска одговорност.

Роден во време на појавата на Халеевата комета, тој умира на нејзиното повторно појавување. Прогласен е за „најголем американски комичар на своето време“ и Вилијам Фолкер го нарекол Твејн „татко на американската литература“.

Ран живот[уреди]

Семјуел Лангхорн Клеменс е роден Флорида, Мисури, на 30 ноември 1835 година, од татко трговец во Тенеси, Џон Маршал Клеменс (11 август 1798 година-24 март 1847 година) и мајка Џејн Ламптон Клеменс (18 јуни 1803 година-27 октомври 1890 година).

Твејн е шесто од седум деца. Само три од нив го преживеале детството. Неговиот брат Орион (17 јули 1825 година-11 декември 1897 година), Хенри, кој починал во експлозија на брод во река (13 јули 1838 година-21 јуни 1858 година) и Памела (19 септември 1827 година-31 август 1904 година). Неговата сестра Маргарет (31 мај 1830 година-17 август 1839 година) починала кога тој бил 3 години, а неговиот брат Бенџамин (8 јуни 1832 година-12 мај 1842 година) починал три години подоцна. Друг брат, Плезант (1828-1829 година), починал на шест месеци. Твејн се родил на две недели по појавата на Халеевата комета. На 4 декември 1985 година, поштенската служба на САД издала брошура за „Марк Твејн и Халеевата комета“.

Кога Твејн имал 4 години, неговото семејство се преселило во Ханибал, Мисури, град-пристаниште на реката Мисисипи, каде што добил инспирација за измислениот град Св.Петерсбург во Авантурите на Том Соер и Авантурите на Хаклбери Фин. Мисури била држава на робови и на младиот Твејн му се разјаснило како функционира ропството, тема која подоцна ќе ја истражува во своите дела.

Татко му на Твејн бил адвокат и локален судија. Железницата Ханибал и Св. Џозеф била организирана во неговата канцеларија во 1846 година. Железницата ги поврзувала вториот и третиот по големина градови во државата и била најзападната железница во САД, се до изградбата на меѓународната железница. Тој доставувал пошта до и од Пони Експрес.

Во март 1847 година, кога Твејн бил 11 години, неговиот татко починал од пнеумонија. Следната година тој станал помошник во печатница. Во 1851 година, тој започнал да печати и да придонесува пишувајќи статии и комични написи во весникот Ханибал, кој бил на неговиот брат Орион. Кога наполнил 18 години, тој го напуштил Ханибал и работел во печатница во Њу Јорк, Филаделфија, Сент Луис и Синсинати. Тој се придружил на заедницата, во вечерите се образувал во јавните библиотеки, наоѓајќи повеќе информации отколку во вообичаените училишта. На 22 години Твејн се вратил во Мисури.

На патување кон Њу Орлеанс по долината на Мисисипи, пилот на параход, Хорас Е. Биксби го инспирирал Твејн и самиот да стане пилот. Како што набљудувал Твејн во Живот на Мисисипи, пилотот го надминува капетанот на параходот во престиж и авторитет. Тоа била наградувана професија, со плата од 250 долари месечно,во ова време околу 73.189 долари годишно. Пилот на параход требало да го знае целиот тек на реката, за да може да застане на стотина пристаништа. Твејн, повеќе од две години, учел за 2 000 милји (3 200 км) на Мисисипи пред да ја добие дозволата за пилот на параход во 1859 година.

Додека бил на обука, Семјуел го убедил својот помал брат Хенри и тој да работи со него. Хенри починал на 21 јуни 1858 година, кога параходот на кој што работел ''Пенсилванија'', експлодирал. Твејн ја предвидел неговата смрт во сон еден месец пред да се случи, што било причина за неговиот интерес за парапсихологија. Тој бил млад член на друштвото за психичко истражување. Твејн се чувствувал виновен и се обвинувал самиот себе си до крајот на животот. Продолжил да работи на реката како пилот се до почетокот на американската граѓанска војна, 1861 година, кога сообраќајот низ Мисисипи бил ограничен.

Многумина сметале дека Мисури е дел од југот и била претставена и од конфедеративната и федералната влада за време на граѓанската војна. Твејн напишал кус информативен напис „Приватна историја на кампањата што не успеа“, во која се кажува дека тој и неговите пријатели биле конфедеративни доброволци две недели пред нивната компанија да биде распуштена.

Патувања[уреди]

Твејн се придружил на Орион, кој во 1861 година станал секретар на Џејмс В.Нуи, гувернер на Невада и тргнал на запад. Твејн и неговиот брат патувале повеќе од две недели на поштенска кочија низ големите рамнини и карпестите планини, посетувајќи ги заедниците на мормоните во Салт Лејк Сити. Искуството е инспирација за ''Одрекување'' и обезбеди материјал за Славната скокачка жаба од покраината Калаверас. Патувањето на Твејн завршило во градот со рудници за сребро, Вирџинија Сити, Невада, каде што станал рудар. Не успеал во оваа работа и се вработил во весник, Territorial Enterprise. Тука за прв пат го употребил својот псевдоним.

Твејн се преселил во Сан Франциско, Калифорнија во 1864 година, се уште како новинар. Се запознал со писатели, како што се: Брет Харте, Артемус Вард и Дан Деквиле. Младата писателка Ина Кулбрит можеби имала романса со него.

Неговиот прв успех како писател дошол кога неговата хумористична,чудна приказна, „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“ била објавена во неделниот весник од Њу Јорк. The Saturday Press, на 18 ноември 1865 година. Таа му донесла национално внимание. Една година подоцна, тој патувал на островот Сендвич (денешно Хаваи), како репортер за Sacramento Union. Неговите патописи биле многу познати и станале основа за неговото прво предавање.

Во 1867 година, локален весник му овозможил пат до Медитеранот. За време на своето патување нив Европа и Блискиот Исток, тој напишал позната колекција на патувачки писма, кои подоцна, во 1869 година, беа собрани под името Невините во странство. На ова патување тој го запозна својот иден зет.

По враќањето во САД, во 1868 година, на Твејн му било понудено хонорарно членство во тајното друштво Скрол и Ки на универзитетот Јел. Неговата посветеност на „стипендијата, моралот, литературното само надоградување и добротворност“ го стави во многу добра положба.

Брак и деца[уреди]

Чарлс Лангдон му покажал на Твејн слика од неговата сестра Оливија, а Твејн тврдел дека се вљубил во неа на прв поглед. Тие биле во врска во 1868 година, но Оливија ја одбила неговата прва понуда за брак. Два месеци подоцна, тие се свршиле, а се венчале една година подоцна, февруари 1970 година, во Елмира, Њу Јорк, каде што тој и се додворувал. Таа потекнувала од „богата и либерална фамилија“ и благодарение на неа тој ги запознал противниците на ропството, „социјалистите, атеистите и активистите за правата на жените и социјална еднаквост“, вклучувајќи го и Хариет Бечер Стов (неговиот сосед од Хартфорд, Конектикут), Фредерик Даглас и писателот и утопијски социјалист Дин Ховелс, со кој станал многу добар пријател.

Парот живеел во Бафало, Њу Јорк од 1869 до 1871 година. Твејн поседувал дел од весникот ''Buffalo Express'' и работел како уредник и писател. Додека живееле во Бафало, нивниот син Лангдон починал од дифтерија на 19 месеци.

Оливиа родила три ќерки: Суси (1872-1896 година), Клара (1874-1962 година) и Џин (1880-1909 година). Нивниот брак траел 34 година, се до смртта на Оливиа во 1904 година. Сите од фамилија Клеменс се закопани на гробиштата Вудлан во Елмира.

Твејн со своето семејство се преселиле во Хартфорд, Конектикут, каде што во 1873 година започнал да гради дом ( локалните граѓани го сочувале од рушење во 1927 година и го претвориле во музеј посветен нему). во 70-тите и 80-тите години на 19 век, Твејн и неговото семејство летувале во фармата Куари, домот на сестрата на Оливија, Сузан Крејн. Во 1874 година, Сузан студирала далеку од куќата, за нејзиниот зет да има мирно место на кое ќе може да пишува. Ито така, Твејн често пушел луле, Сузан Крејн не сакала тој да го прави тоа во нејзината куќа. За време на 17-те години поминати во Хартфорд (1874-1891 година) и повеќе од 20 летувања во фармата Куари, Твејн напишал многу од своите класични романи, меѓу нив и Авантурите на Том Соер (1876 година), Принцот и сиромавиот (1881 година), Живот на Мисисипи (1883 година), Авантурите на Хаклбери Фин (1885 година) и Јанки од Конектикум во судот на крал Артур (1889 година).

Твејн направил втора тура низ Европа, опишувајќи ја во книгата Патување низ Европа, од 1880 година. Неговата тура вклучува и престој во Хајделберг од 6-ти мај до23-ти јуни 1878 година, како и посета на Лондон.

Љубов кон наука и технологија[уреди]

Твејн бил воодушевен од науката и научното испитување. Тој развил блиско и долготрајно пријателство со Никола Тесла и двајцата поминувале многу време во лабораторијата на Тесла.

Твејн патентирал три изуми, вклучувајќи „подобрување во прилагодливите ремени кои се одвојуваат за облека“ (да ги заменат прерамките) и безвредна историска игра. Најголем рекламен успех бил самолеплив лексикон, суво лепило меѓу страните кој само треба да се навлажни пред да се употреби.

Во својата книга Јенки од Конектикут во судот на крал Артур претставува патник низ времето од современата Америка, кој го користи своето научно знаење за да ја претстави модерната технологија во Англија од времето на Артур. Овој тип на приказна подоцна ќе стане една заедника карактеристика на поджанрот на научната фантастика, изменета историја.

Во 1909 година, Томас Едисон го посетил Твејн во неговиот дом во Рединг, Конектикат и го снимал. Дел од снимките се искористени во Принцот и сиромавиот (1909 година), краток филм од две ролни.

Финансиски проблеми[уреди]

Твејн направил значителна сума на пари преку неговото пишување, но изгубил голем дел од нив преку инвестирања, најмногу во нови изуми и технологии, особено машината за куцање. Тоа било прекрасно инжинерско механичко чудо, што ги воодушевувало гледачите кога работело, но со склоност кон пропаст. Твејн потрошил 300.000 долари (еднакво на денешни 7.590.000 долари) во период од 1880 и 1894 година, но пред да биде совршен, застарел од страна на печатарската машина. Тој не го изгубил само главниот дел од профитот на наговите книги, туку и значителен дел од наследството на неговата сопруга.

Твејн изгубил пари и преку неговата издавачка куќа, која уживала почетен успех продавајќи ги мемоарите на Улисес С. Грант, но наскоро банкротирала, губејќи пари на биографијата на Папата Лео XIII. Биле продадени помалку од 200 копии.

Делата и предавањата на Твејн, во комбинација со помошта на нов пријател, му овозможиле да закрепне финансиски. Во 1893 година, тој започнал петнаесет годишно пријателство со Хенри Хутлестон Роџерс, директор на Стандард оил. Роџерс прв му помогнак на Твејн во банкротот. Потоа го натерал сите свои авторски права да ги препише на својата сопруга, Оливија, за да спречи кредиторите да добијат сопственост над нив. Конечно, Роџерс презема целосна одговорност врз парите на Твејн, се додека не се исплатени сите кредитори.

Твејн започнал со предавања низ целиот свет во 1894 година за во потполност да ги отплати своити кредитори, иако за тоа веќе немал законска обврска. Во средината на 1900 година тој бил гостин на сопственикот, Хаг Гилцен-Рајд, на весникот Dollis Hill House. Твејн таму напишал дека тој „никогаш порано немал видено место што е толку задоволително рангирано, со своите благородни стебла, пространство низ земјата и се што животот го прави прекрасен и се тоа во рамките на светската метропола.“ Потоа во 1900 година, се вратл во Америка, со доволна заработка за да ги исплати своите долгови.

Ораторски ангажмани[уреди]

Твејн беил баран како оратор и се појавил во многу клубови за мажи, вклучувајќи ги клубот на Артур, клубот Бифтек, Багабонти, бели фратери и клубот понеделник навечер од Хартфорд. Тој станал почесен член на клубот Бохемиан во Сан Франциско. Во доцните 90-ти години на 19 век, тој говорел за клубот Севиџ (дивјак) во Лондон и бил избран за почесен член. Кога му кажале дека само тројца до тогаш биле почесни членови, вклучувајќи го и принцот од Велс, тој одговорил: „Тоа морало да му годи на принцот.“ Во 1897 година, Твејн говорел во клубот Конкордиа прес во Виена како специјален гостин, следен од дипломатот Чарлемагне Товер. Во Германија, на големата забава на членовите, Твејн изјавил: "Die Schrecken der deutschen Sprache" („Ужасите од германскиот јазик“).

Доцен живот и смрт[уреди]

Твејн минувал низ период на тешка депресија, која започнала во 1896 година кога неговата ќерка Суси починала од менингитис. Смртта на Оливија во 1904 година и на Џин на 24 декември 1909 година, само ја зголемиле неговата мрачнина. Во мај 1909 година ненадејно починал неговиот близок пријател Хенри Роџерс. Во 1906 година Твејн започнал да ја пишува својата автобиографија во North American Review. Во април Твејн дознава дека неговата пријателка Ина Колбрит изгубила скоро се во земјотресот во Сан Франциско во 1906 година и тој доброволно продал неколку свои потпишани фотографии за да и помогне. За дополнителна помош, Џорџ Варлтон Џејмс го посетил Твејн во Њу Јорк и му договорил нова фотосесија. Твејн признал дека крајните четири фотографии се најдобрите што тој некогаш ги имал.

Во 1906 година Твејн основал клуб за девојки кој тој ги гледал како замена за внуки, „Ангелски риби и аквариум клуб“. Многу од членовите биле помеѓу 10 и 16 години. Твејн разменувал писма со девојчињата од неговите „Ангелски риби“ и ги канел на концерти, театар и играње игри. Во 1908 година Твејн напиша дека клубот е неговата „најголема радост во животот“.

Во 1907 година, унивезитетот Оксфорд го награди Твејн со почесен докторат.

Во 1909 година, Твејн вели:

Дојдов во 1835 година со Халеевата комета. Таа повторно доаѓа следната година и очекувам да си заминам со неа. Ќе ми биде најголемото разочарување во животот ако не си отидам со Халеевата комета. Без сомнение, Семоќниот рече: „Еве ги овие две чуда. тие дојдоа заедно, тие мораат да си одат заедно.“

Неговото предвидување се оствари-Твејн почина од срцев удар на 21 април 1910 година во Рединг, Конектикут, еден ден по најблиското достигнување на кометата до земјата.

По веста за неговата смрт, Претседателот Вилијам Ховард Тафт рекол:

„Марк Твејн пружи задоволство-вистинско интелектуално уживање-на милиони и неговите дела ќе продолжат да го пружат тоа исто задоволство на уште милиони кои допрва ќе дојдат...Неговиот хумор беше американски, но тој беше ценет исто толку и од англичаните и луѓето од другите земји. Тој направи долготраен дел од американската литература. “

Погребот на Твејн се одржал во презвитеската црква „Стара тула“ (Old Brick) во Њу Јорк. Тој е закопан на земјиштето на неговата сопруга на гробиштата Вудлавн во Елмира, Њу Јорк. Неговиот гроб е обележан до споменик, кој е наместен од неговата преживеана ќерка, Клара. Исто така има и мала надгробна плоча.

Литературни дела[уреди]

Преглед[уреди]

Твејн ја започнал својата кариера со лесни, комични стихови, но се развил во хроничар на суетите, лицемерието и убиствените дела на човештвото. На средината на својата кариера, со Хаклбери Фин, тој комбинирал богат хумор, цврста нарација и општествена критика. Твејн бил мајстор за изведба на разговорен говор и помогнал во создавањето и промоцијата на посебна американска литература, изградена на американска тема и јазик. Многу дела на Твејн биле забранувани во одредени периоди од повеќе причини. Авантурите на Хаклбери Фин била забранувана во американските средни училишта, не поради честата употреба на зборот „црнец“, кој често се употребувал во периодот пред граѓанската војна во кој беше напишан романот.

Целосна библиографија на неговите дела скоро не е возможна, поради огромниот број дела напишани од Твејн (често во непознати весници) и неговите повеќе различни псевдоними. Дополнително, голем дел од неговите говори и предавање се изгубени или не биле запишани. Колекцијата на Твејн е тековен процес. Истражувачите откриваат објавени материјали од Твејн близу од 1995 година.

Рано новинарство и илустрирани патописи[уреди]

Додека пишувал за весник од Вирџинија Сити, Territorial Enterprise во 1863 година, Клементс го запознал адвокатот Том Фитч, уредник во конкурентниот весник Virginia Daily Union, познат како „ораторот од Пацификот со сребрен јазик“. Тој му помогнал на Фитч, давајќи му го неговиот „прв, вистински профитабилен час“ за пишување. Во 1866 година, Клеменс одржал предавања за островот Сендвич пред толпа во Вашу Сити, Невада. Клеменс го прокоментирал тоа, „Кога прв пат почнав да предавам, како и во моите рани дела,моја единствена идеја да направам комедија од се што гледав и слушав.“ Фитч му рекол, „Клеменс, твоето предавање беше величенствено. Беше речит, трогателен и искрен. Никогаш претходно во мојот живот немам слушнато такво величенствено дело на описно раскажување. Но направи грев што не може да се прости. Тоа е грев што никогаш не смееш да го повториш. Го затвори најречитиот опис, со кој ја стимулираше својата публика до висина на најјак интерес, со парче одвратен антиклимакс кој ги уништи сите вистинско вредни ефекти што самиот ги произведе.“

Првото значајно дело на Твејн, „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“, кое за првпат било објавено во New York Saturday Press на 18 ноември 1865 година. Единствена причина што делото било објавено таму е што неговата приказна пристигнала многу касно за да биде вклучена во книгата артемус вард.

По оваа експлозија од популарност, the Sacramento Union го овласти Твејн да пишува писма за неговите патувачки искуства.Првото патување што го направи за оваа работа беше возењето со парабродот Ајакс во неговата прва пловидба до Хаваи, во тој период станува збор за островот Сендвич. Овие комични писма го докажаа постанокот на неговите дела во весникот Alta California од Сан Франциско, кој го назначи за патувачки известувач за патувањето од Сан Франциско до Њу Јорк преку Панамскиот премин. Малку подоцна, Твејн пишувал писма наменети за издавање, запишувајќи ги своите искуства со својот пародичен хумор. На 8 јуни 1867 година, Твејн, за пет месеци, испловил на задоволувачки крстосувач Квакер Сити. Ова патување резултирало со невините во странство или напредокот на новите пилгрими.

Оваа книга е рекорд на патување што пружа задоволство. Ако беше рекорд на значајно научно патување, би било за гравитацијата и импресивната неразбирливост, што е соодветно во делата од овој вид и покрај тоа би била атрактивна. Сепак, тоа е рекорд само на пикник, има цел, која е да му сугерира да читателот како би било да ја види Европа и Истокот, кога би ги видел со свои очи, а не со очите на оние кои патувале во тие земји пред него. Правам мал изговор за да им покажам на сите како би требало да гледаат на објектите од интерес под морето-други книги го прават тоа и поради тоа, дури и ако сум способен да го направам тоа, нема потреба.

Во 1872 година, Твејн го издаде второто дело од патувачката литература, ''Во траење'', како полу-продолжение на невини. Во трање е полу-автобиографско дело од патувањето на Твејн во Невада и неговиот подоцножен живот во американскиот запад. Книгата е сатиричен напис за американското и западното општество, на ист начин на кој невини критикува неколку земји од Европа и Блискиот Исток. Следното дело на Твејн го задржа фокусот на Во трање на американското ошстество, но повеќе се задржува на денските настани. Насловена како позлатените години:денешна приказна не беше патувачко дело, како неговите две претходни книги и беше неговиот прв обид за пишување на роман. Книгата е исто така значајна бидејќи е единствената соработка на Твејн, напишана е заедно со неговиот сосед Чарлс Дудли Варнер.

Следните две дела на Твејн се изработени врз основа на неговите искуства на реката Мисисипи. Стари времиња на Мисисипи, серија од куси информативни написи објавени од Atlantic Monthly во 1875 година, прикажувајќи го разочарувањето на Твејн од романтизмот. Стари времиња ,на крајот, станаа почетна точка за живот на Мисисипи.

Том Соер и Хаклбери Фин[уреди]

Следното големо издавање на Твејн беше Авантурите на Том Соер, во кое е претставена неговата младост во Ханибал. Том Соер е модел на Твејн како дете, следено од двајца соученици, Џон Бригс и Вил Бовен. Книгата, исто така, го претставува и споредниот лик Хаклбери Фин, кој е изграден врз основа на пријател на Твејн од младоста, Том Бланкеншип.

Принцот и сиромавиот, покрај фабулата што е сеприсутна во денешниот филм и литература, не беше многу добро прифатена. Раскажувајќи приказна за две момчиња кои се родени во ист ден, кои физички се идентични, книгата дејствува како социјална забелешка кога принцот и сиромавиот си ги заменуваат местата. Сиромавиот е прв обид на Твејн за фикција и вината за неговите недостатоци обично паѓа врз Твејн, затоа што го немал доволно искусено англиското општество, а, исто така, и од фактот дека е создаден по масивен хит. За време на пишувањето на Сиромавиот, Твејн ја започнал Авантируте на Хаклбери Фин (со која постојано имал проблеми за завршување) и започнал и завршил друга книга за патување, Патување низ Европа, која го следи патувањето на Твејн низ централна и јужна Европа.

Следното големо издадено дело на Твејн, Авантурите на Хаклбери Фин, го зацврсти него како истакнат американски писател. Некои го нарекуваа прв голем американски роман и книгата стана задолжителна во многу средни училишта низ САД. Хаклбери Фин беше ластар од Том Соер и имаше многу посериозен тон од неговиот претходник. Основната претпоставка зад Хаклбери Фин е вербата на младото момче во вистинската работа што треба да ја направи, иако некогаш верува дека не е во ред. Четиристотини страни во ракопис од Хаклбери Фин беа напишани во средината на1876 година, веднаш по издавањето на Том Соер. Некои прикази му одземале седум години на Твејн, по неговата прва експлозија од креативност, за конечно да ја заврши книгата во 1883 година. Други прикази што Твејн ги работел на Хаклбери Фин биле заедно со Принцот и сиромавиот, други дела во 1880 година и други години. Последната петина од Хаклбери Фин е тема на многу контроверзии. Некои велат дека Твејн искусил, како што критичарот Лео Маркс наведува, „нервен слом“. Ернест Хемингвеј еднаш рече за Хаклбери Фин:

Доколку ја читате, морате да застанете каде што момчињата го крадат црнецот Џим. Тука е вистинскиот крај. Останатото е само измама.

Хемингвеј, во истиот есеј, исто така, напиша:

Цела модерна американска литература доаѓа од една книга на Марк Твејн наречена Авантурите на Хаклбери Фин.

Близу пред завршувањето на Хаклбери Фин, Твејн ја напиша Живот на Мисисипи, за која се вели дека има големо влијание од претходната книга. Книгата прераскажува сеќавања на Твејн и нови искуства по дваесет и две годишното отсуство од Мисисипи. Во неа, тој исто така наведува дека „Марк Твејн“ беше повикот направен кога бродот беше на мирна вода - два фата.

Пријателството со Хенри Х. Роџерс[уреди]

Додека Твејн го почитувал Хенри Х.Роџерс, директор на Стандард оил, кој му помогнал да излезе од финансиската криза и со тоа нивното пријателство во подоцнежните години било од замна корист. Кога Твејн ги изгубил три од своите четири деца и саканата жена, фамилијата на Роџерс станала замена за наговата фамилија. Тој станал чест гостин во нивниот дом во Њу Јорк Сити, нивната летна куќа со 48 соби во Ферхевен, Масачусетс и во нивната јахта, ''Канава''.

Двајцата мажи се претставиле на своите познаници. Твејн бил обожавател на прекрасна, глувонема девојка, Хелен Келер. Тој прв пат ја запознал Келер и нејзината учителка Ан Суливан на забава во домот на Лауренс Хутон во Њу Јорк Сити во зимата 1894 година. Твејн му ги претставил девојките на Роџерс, кој, заедно со својата жена, платиле за образованието на Келер на колеџот Ретклиф. Твејн исто така го запознал Роџерс со новинарот Ида М. Тарбел, кој му правел интервју за изложеноста на нечистотија кој индиректно водеше до прекин на довербата Стандард Оил. На крстарење со Канава, Твејн и Роџерс на зафатени интервали беа придружувани од Букер Т. Вашингтон, познат поранешен роб, кој станал водечки учител.

Додека старите познати пријатели биле претставувани како другари за пиење и покер, тие исто така разменувале и писма додека биле разделени и тоа се случувало многу често бидејќи и двајцата многу патувале. За разлика од личните датотеки на Роџерс, кои никогаш не станале јавни, овие незначајни писма биле објавени. Пишаните размени меѓу двајцата мажи ја покажува добрата смисла за хумор на Твејн и, што повеќе изненадува, смислата за забава на Роџерс, обезбедувајќи чудна интуиција за приватната страна на крадецот-индустрискиот магнет.

Во април 1907 година, Твејн и Роџерс биле на крстарење, на отварањето на изложбата Џејмстаун во Вирџинија. Јавната популарност на Твејн била толку голема што многу обожаватели земале бродови до котвата на Канава со надеж дека ќе добијат поглед од него. Откако собирот на бродови околу јахтата стана опасност, тој конечно беше принуден да излезе на палубата и да ги поздрави собраните.

Поради лошите временски услови, јахтата доцнеше неколку дена од авантурата на Атлантскиот океан. Роџерс и некои други од неговата забава се вратиле во Њу Јорк со воз. Твејн не го сакал возењето со воз и одлучил да го чека враќањето на Канава. Сепак, известувачите ја изгубиле трагата за тоа каде од прилика се наоѓа. Кога тој не успеал да се врати во Њу Јорк како што било предвидено, Њу Јорк Тајмс шпекулираше дека ток можеби е „изгубен во морето.“ По безбедното пристигнување во Њу Јорк и слушнал за тоа, комичарот напишал сатирична статија за слученото, нудејќи да „...направи детална истрага на известувањето дека сум изгубен во морето. Ако има некаква основа за овој извештај, јас уште еднаш ќе ја известам љубопитната публика.“ Ова копа по сличностите од минат настан од 1897 година кога тој ја направи својата позната забелешка „Известувањето за мојата смрт беше претерано,“, откако новинарот бил испратен на истражување за тоа дали тој навистина починал. Всушност, неговиот братучед бил тој што бил сериозно болен.

Подоцна таа година, синот на Твејн и Роџерс, Хенри џуниор, се вратил на изложбата Џејмстаун, на Канава. Комичарот помогнал во одржувањето на денот на Роберт Фултон на 23 септември 1907 година, прославувајќи ја стогодишнината на изумот (параход) на Фултон. Твејн се пријавил на местото на болешливиот претседател на САД, Гровер Клевеланд. Твејн бил соочен до пет минутно јавно одобрение, членови на публиката кои го поздравувале со капите и чадорите. Длабоко трогнат, Твејн изјавил, „Кога се повикувате на мојата глава, не чувствувам, но кога се повикувате на моето срце, тогаш чувствувам.“

Во април 1909 година, двајцата стари пријатели се вратиле во Норфолк, Вирџинија на банкет во чест на Роџерс и неговата ново завршена вирџиниска железница. Твејн беше основен глас во едно од неговиот последни јавни појавувања и многу беше цитиран во весниците низ целата земја.

Еден месец подоцна, Твејн патувал од Конектикут во посета на негов пријател во Њу Јорк Сити, кога Роџерс ненадејно починал на 20 мај 1909 година. Твејн пристигнал на станицата Гранд Централ и таму неговата ќерка го пречекала со вестите. Обвиен во тага, тој невообичаено ги одбегнал новинарите кои биле собрани и само изјавил „Ова е ужасно....Не можам да зборувам за тоа.“ Два дена подоцна тој служел на почесната стража на мртовец на гробиштата во Њу Јорк. Сепак, тој одлучил да се придружи на забавата во возот кој одел на погребот во Ферхевен. Тој рекол „Не можам да поднесам да патувам со моите пријатели а да не разговарам.“

Погледи[уреди]

Погледите на Твејн станале порадикални како што растел. Тој знаел дека неговите погледи ќе се менуваат и развиваат во текот на животот, однесувајќи се на едно од неговите омилени дела:

Кога ја завршив француската револуција на Карлил во 1871 година, јас бев гирондин. Оттогаш кога и да го прочитам, го читам различно- под влијание сум и се менувам, малку по малку, од животот и околината... а сега ја оставам книгата уште еднаш и признавам дека сум санскулот!- Не блед санскулот без карактер, туку марат.

Анти-империјалист[уреди]

Во New York Herald, 15 октомври 1900 година, тој го опишува своето преобразување и политичко будење, во контекст на филипинско- американската војна, бидејќи е „вжарен империјалист“:

Сакав американскиот орел да оди да вика на Пацификот...Зошто да не ги рашири своите крилја нас Филипините, се прашувам?...Си велам, Еве ги луѓето кои страдаат од три земји. Можеме да ги направиме исто толку слободни како што сме ние, да им дадеме сопствена влада и земја, да ставиме мал ден од американскиот устав да плови кон Пацификот, да основаме потполно нова држава што ќе го заземе своето место меѓу слободните земји во светот. Ми изгледа како одлична задача што ние самите си ја зададовме. Но јас оттогаш уште размислував и внимателно го читав договорот од Париз (кој ја заврши шпанско-американската војна) и видов дека не сме насочени кон слобода, туку кон подјармување на филипинците. Ние појдовме таму за да победиме, не за ослободување. Ми изгледа дека треба да ни биде задоволство и обврска да ги ослободиме тие луѓе и да ги оставаме да ги решаваат своите домашни проблеми на нивни начин. Така јас сум анти-империјалист. Се противам на тоа орелот да ги става своите канџи на некоја друга земја.

Пред 1899 година Твејн беше силен империјалист. Во доцните 60-ти и раните 70-ти години на 19 век тој гласно говореше за американските интереси за Хавајските острови. Тој подоцна објаснил дека во средината на 1890 година тој бил „вжарен империјалист.Сакав американскиот орел да вика над Пацификот.“ Тој изјавил дека војната со Шпанија во 1898 година била „најзначајна“ војна на сите времиња. Во 1899 година тој го смени правецот и од 1901 година, набрзо по неговото враќање од Европа, се до неговата смрт во 1910 година, Твејн беше заменик претседател на американската анти-империјалистичка лига, која се спротиставува на анексирањето на Филипините од САД и имаше „десетици илјади членови.“ Тој напишал многу политички летоци за организацијата. Инцидентот на Филипините, посмртно објавена во 1924 година, беше како одговор на масакрот Моро Кратер, во кој биле убиени 600 мороси. Многу од неговите запуштени и претходно несобирани дела за анти-империјализмот за прв пат се појавија во книга во 1992 година.

Твејн го критикувал империјализмот и на другите земји. Во следејќи го Екваторот, Твејн се изразил „омраза и прекор за империјализам во секоја форма.“ Многу го критикуваше европскиот империјализам, јасно од Сесил Родес, кој многу го прошири британскиот империјализам и Леополд II, крал на Белгија. Монологот на крал Леополд е политичка сатира за неговата приватна колонија, слободната земја Конго. Извештаи за насилна експлоатација и застршувачки злоупотребување водеа до широко распространет, меѓународен протест во 1900 година, достигнувајќи ја првата голема скала во движењето за човекови права. Во монодрамата, кралот дискутира за воведување на христијанството во земјата, надминувајќи мало изгладнување.

За време на филипинско-анериканската војна, Твејн напишал кратка миротворна приказна насловена воена молитва, која дава смисла на хуманизмот и проповедите на христијанството за љубов се инкомпатибилни со однесувањето во војна. Беше поднесено на Harper`s Bazaar за издавање, но на 22 март 1905 година магазинот ја одби приказната како „недоволно добра за женски магазин.“ Осум дена подоцна, Твејн му пишал на својот другар Даниел Картер Беард, на кој му ја имаше прочитано приказната, „Не верувам дека молитвата ќе биде објавена во мое време. Николку освен на смртта не му е дозволено да ја каже вистината.“ Поради тоа што тој имаше ексклузивен договор со Harper & Brothers, Твејн не можел да ја објави Воената молитва на ниту едно друго место. Остана необјавено до 1923 година. Повторно беше издадена како материјал за кампања од протестантите во војната во Виетнам.

Граѓански права[уреди]

Твејн бил цврст поддржувач на укинувањето и еманципацијата, одејќи до степен да изјави „објавата на Линколн... не само што ги ослободи црните робови, но исто така ги ослободи и белците.“ Тој изјавувал дека со исклучок на белците, другите народи не добиваат правда во САД, еднаш велејќи: „ Видов кинез злоуботребуван и малтретиран во секоја смисла, на најкукавичките можни начини што се измислени од деградираната природа...но никогаш не сум видел кинез кој добива во судот на правдата за неправдата што му била нанесена.“ Тој плаќал за најмалку еден црнец да се школува на правниот факултет на унивезитетот Јел и друг црнец да се школува на јужниот универзитет за да стане министер.

Твејн бил верен поддржувач и на правата на жените и активен во кампањата за правото на глас на жените. Неговиот говор гласајте за жени, во кој тој инсистира за одобрување на правата за гласање на жените, се смета за еден од најпознатите говори од историјата.

Хелен Келер имала корист од подршката на Твејн, со тоа што го продолжила своето школување на колеџ и покрај нејзините недостатоци и финансиски проблеми.

Погледите на Твејн за потеклото не се изразуваат во неговите рани написи за родените американци, За нив, во 1870 година, Твејн напишал:

Неговото срце е септичка јама на предавство, подмолност и на ниски и ѓаволски инстинкти. Со него, благодарноста е непознато чувство и кога некој ќе му направи добро дело најдобро е да му биде свртен со лицето напред, од страв наградата да не биде стрела во грбот. Да се прифати услуга од него значи да се преземе долг кој никогаш нема да го исплати, иако ќе банкротираш обидувајќи се. Општествен отпадок!

Како котрапункт, есејот на Твејн за „Литературните навреди на Фенимор Купер“ нуди многу пофин поглед кон индијанците. „Не, други индијанци би ги забележале овие работи, но индијанците на Купер никогаш ништо не приметија. Купер смета дека тие се величествени суштества за соопштенија, но тој секогаш грешел во врска со своите индијанци. Ретко имаше некој нормален меѓу нив.“ Во овој подоцнежен патопис, Следејќи го Екваторот (1897 година), Твејн набљудувал дека на колонизираните острови низ целиот свет „дивјаците“ секогаш грешеле во врска со „белите“ на сите безмилосни начини, како што се „крадење, понижување и бавно, бавно убивање, преку сиромаштија и вискито на белиот човек“. Неговиот заклучок е дека „има многу хумористични работи на овој свет, меѓу нив и замислата на белиот човек дека е помал дивјак од другите дивјаци.“

Работа[уреди]

Твејн вжарено пишуваше за заедниците од индустријата за речни бродови во Живот на Мисисипи, кои подоцна, по децении, беа читани во салите на заедниците. Тој го поддржувал работничкото движење, особено во една од побитните заедници, витезите од работа. Во говор за нив, тој рече:

Кои се угнетувачите? Неколкумина: кралот, капиталистот и многу други надзорници и управници. Кои се угнетувани? Многу: народите на земјата, значајни личности, работниците, оние кои го прават лебот, со меки раце и јадат мрзеливост.

Вивисекција[уреди]

Твејн се спротивставувал на вивисекцијата кога го разбрал значењето на зборот во 1899 година (значењето на овој збор била предмет на промени низ времето). Приговорот на Твејн не бил на научна основа, туку повеќе на етичка. Тој посебно ја нагласил болката што им се нанесува на животните како основа на неговото спротивставување на праксата.

Јас сакам да знам дали вивисекцијата произведува резултати кои се корисни за човечката раса или не... Болката која се наметнува над несвесните животни е основата на непријателството кон него и за мене е доволно оправдување за непријателство без да гледам понатаму.

Религија[уреди]

Иако Твејн бил презвитеријанец, тој некако бил критички настроен кон организираната религија и некои елементи на христијанството во неговиот подоцнежен живот. На пример, тој напишал: „ Вера е верување во тоа што го знаеш, нели?“ и „Ако Исус е сега тука има една работа што нема да биде- христијанин“. Сепак, како зрел човек тој учествува во религиски дискусии и присуствува на служби, неговата теологија се развила откако тој се соочил со смртта на саканите и неговата лична смртност. Неговите лични искуства и страдања за својата фамилија го направил особено критичен за „лечење со верба“, кое е поддржано од Мери Бејкер Еди. Неговото најраспалувачко дело за религијата бара нијанса на разбирање на неговите аргументи и критика.

Твејн обично избегнувал да ги објавува своите еретички мислења за религијата од негово време, а тие се познати од есеите и приказните кои се објавиле подоцна. Во есејот Трите изјави на осумдесеттите од 80-тите години на 19 век, Твејн изјавил дека верува во семоќниот Бог, но не во некои пораки, откровение, свети книги, како што се Библијата, Провидение или задгробен живот. Тој изјави дека „добрината, правдата и Божјата милост се манифестирани во неговите дела“, но исто така и дека „универзумот е воден од строги и непроменливи закони“ кои одредуваат „мали нешта“, како кој починал од чума. Во друг период тој напишал или говорел на начини кои се спротивни на строгите погледи на теист, на пример, јасно признато верување во Господ, Во некои подоцнежни дела од 1890 година, тој беше малку помал оптимист за добрината на Господ, посматрајќи дека „ако нашиот Создавач е семоќен за добро и лошо, Тој не е нормален.“ Во друг период, тој претчувствува зајадливост дека можеби Господ го создал светот со сите негови измачувања за некои Негови лични цели, но инаку беше рамнодушен за човештвото, кое беше многу ситно и небитно за, на било кој начин, да го привлече Неговото внимание.

Во 1901 година, Твејн ги критикувал постапките на мисионерот д-р Вилијам Скот Амент (1851 година-1909година), бидејќи Амент и другите мисионери имале збирка за оштети од кинески теми во последиците од боксерската побуна од 1900 година. Откако Твејн ги слушнал методите на Амнет, неговиот одговор бил објавен во прегледот на Северна Америка во февруари 1901 година: За личноста која седи во темница и се справува со примери од империјализмот во Кина, Јужна Африка и со окупацијата на Филипините од страна на САД. Значаен прилог, „За мојата критика на мисионерите“ објавен во прегледот на Северна Америка во април 1901 година, неговиот напад продолжува без извинување, но фокусот од Амент го префрла на неговите надмоќни мисионери, американскиот совет за комисионери во странски мисии.

По неговата смрт, фамилијата на Твејн забранила некои негови дела кои биле потполно ирелевантни кон стандардната религија, како Писма од земјата кое не беше објавено се додека неговата ќерка Клара не ја промени својата позиција во 1962 година во прилог на Советската пропаганда за задржувањето. Против религиското Таинствениот странец беше објавено во 1916 година. Мала Беси, приказна што го исмејува христијанството е објавено во 1972 година во збирката Басни за човекот од Марк Твејн.

Покрај овие погледи, тој донирал пари за изградба на презвитерска црква во Невада во 1864 година, иако беше дискутирано дека тоа било во соработка со неговиот презвитерски брат.

Твејн создал портрет на Џоан од Арк, кој бил полн со почит, тема со која бил опседнат 40 години, студирал многу години и потрошил две години пишувајќи. Во 1900 година и повторно во 1908 година, тој изјавил, „Од сите мои книги најмногу ми се допаѓа Џоан од Арк,најдобра е.“

Тие што го познавале Твејн во постарите години се сеќаваат дека тој се задржувал на темата за задгробниот живот, неговата ќерка Клара вели: „Понекогаш тој веруваше дека со смртта се се завршува, но во поголем дел од животот тој беше сигурен дека постои задгробен живот.

Најискрените погледи на Марк Твејн за религија се јавуваат во неговата завршна автобиографија, која беше објавена 100 години по неговата смрт, во ноември 2010 година. Во неа, тој вели:

Има една значајна работа за христијанството: лоша, крвава, безмилосна, материјална и присвојувачка. Измислувањето на пеколот мерено по денешните христијани, лош колку што е, лицемерен колку што е, празен и безначаен колку што е, ниту божеството ниту неговиот син се христијани, ниту се квалификува за умерено високо место. Нашата религија е ужасна. Флотата на светот може да плива во просторна удобност на невината крв што се пролеа.

Твејн бил масон. Тој припаѓал на кабината поларна ѕвезда со број 79 А.Ф. и А.М., основана во Св.Луис.

Траен сведок[уреди]

Трајниот сведок за Твејн живее денес со тоа што неговото име продолжува да се множи. Неколку училишта се именувани по него, вклучувајќи ги основното училиште Марк Твејн во Хјустон, Тексас, каде што има статуа на Твејн и средното училиште Марк Твејн во Њу Јорк. Има голем број училишта именувани средно училиште Марк Твејн во различни земји, како и средно училиште Семјуел Клеменс во Шертс, во близина на Сан Антонио, Тексас. Исто така има и други структури, како што е споменик-мостот Марк Твејн.

Селото Марк Твејн и воена база на САД лоцирана во Судштад, во околината на Хајделберг, Германија. Тоа е една од двете американски бази во армијата на САД Гарисон Хајделберг, каде што се сместени американските војници и нивните фамилии (другото е селото Патрик Хенри.

Се множат и наградите кои го носат неговото име. Во 1998 година, центарот за уметности Џон Ф. Кенеди создаде награда за американски хумот Марк Твејн, која се доделува на годишно ниво. Наградата Марк Твејн е награда која се доделува секоја година на ученици четврто до осмо одделение од друштвото за училишни библиотеки од Мисури. Универзитетот Стетсон од Деланд, Флорида ја спонзорираше работилницата за млади автори Марк Твејн, која се случува секое лето, во соработка со домот за момчиња и музејот Марк Твејн во Ханибал. Програмата е отворена за млади автори од петто до осмо одделение. Музејот ја спонзорираше наградата за креативно подучување Марк Твејн.

Градби во соработка со Твејн, вклучувајќи и многу негови домови, се сочувани како музеи. Неговото место на раѓање е сочувано во Флорида, Мисури. Домот за момчиња и музеј Марк Твејн во Ханибал, Мисури ги сочувале композициите за некои од неговите најдобри дела. Домот на неговата пријателна од детството Лаура Хавкинс, за која се смета дека е инспирација за измислениот лик Беки Тачер, е зачуван како „куќата на Тачер“. Во мај 2007 година, реконструкцијата на домот на Том Бланкеншип, инспирацијата за Хаклбери Фин, беше отворена за јавноста. Семејниот дом што тој го изградил во Хартфорд, Конектикут, каде што тој и неговата сопруга ги растеле нивните три ќерки, е зачуван и отворен за посетители како домот на Марк Твејн.

Актерот Хал Холброк создаде шоу што работи само со еден човек наречено Марк Твејн вечерва, кое што тој редовно го оддржувал околу 56 години. Емитувањето на Си Би Ес (CBS) во 1967 година му донесе Еми награда. Од трите претстави на Бродвеј (1966,1977 и 2005 година), првата му донесе Тони награда.

Дополнително, како и многу други влијателни индивидуи, Твејн беше почесен со тоа што по него именуваа астероид, 2362 Марк Твејн.

Често, Твејн е опишуван во поп културата за носењето бели костими. Има докази кои сугерираат дека по смртта на Ливи во 1904 година Твејн започнал до носи бели костими на своите предавања. Сугестиите на модерната претставки дека тој ги носел костимите низ целиот свој живот се неосновани. Нема докази дека тој носел бели костими пред 1904 години, Сепак, со времето тоа постана негово обележје, како што е илустрирано во анегдотите за оваа ексцентричност (како и периодот во кој тој носел бел летен костим на сослушувањето на Конгресот што се оддржувал во зима). „Енциклопедијата за Мерк Твејн“ од МекМастер наведува дека Твејн не носел бели костими во последните три години, освен на еден банкет. Во 2011 година, поштенската служба на САД планира да ослободи уште еден печат во негова чест.

Псевдоними[уреди]

Твејн употребувал различни псевдоними пред да се одлучи за Марк Твејн. Тој хумористичните и имагинативните написи ги потпишувал како Џош се до 1863 година. Дополнително, го користел и псевдинимот Томас Џеферсон Снодграс за серија хумористични писма.

Тој тврди дека неговиот прв псевдоним доаѓа од неговото долгогодишно работење на бродови на реката Мисисипи, „каде двата фата длабочината укажува на безбедна вода при патување со брод, беа мерени на кабел за сондирање. Фатот е мерна единица за длабочина еднаква на две јарди (1,8 м) Твејн е архаичен поим за „две“. Плачот на капетанот на бродот беше Марк Твејн, или од Марк Твејн, што значи „според Марк [како што дознава], [длабочината е] два [фата],“ што значи, „Водата е длабока 12 стапки (3,7 м) и е безбедна за поминување“.

Твејн изјавил дека неговиот познат псевдоним не е во потполност негов изум. Во Живот на Мисисипи тој напишал:

Капетан Исаија Селерс нема голем литературен капацитет, но тој има навика да прибележува кратки пасуси од чисто практични информации за реката и ги потпишуваше „МАРК ТВЕЈН“, а потоа ги даде на New Orleans Picayune. Тие се однесуваа на степенот и состојбата на реката и беа точни и корисни... Во времето кога пристигна телеграфот за неговата смрт, јас бев на брагот на Пацификот. Бев свеж, млад новинар и имав потреба од nom de guerre, па го земав од стариот морнар и дадов се од себе за да го задржам тоа што беше во неговите раце-знак, симбол и овластување дека што и да се најде што било во негова сопственост може да се прокоцка. Како јас успеав, не би било скромно од мене да кажам.

Верзијата на Твејн за неговиот псевдоним беше испитувана од биографот Џорџ Вилијам Трети, од веникот Territorial Enterprise и од Пол Фетаут од универзитетот Пердју, кој тврди дека Марк Твејн се однесува на водење лента-јазиче што редовно се случувало во салонот на Џон Пајпер во Вирџинија Сити, Невада.