Ханибал
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ханибал Барка (247г. п.н.е. – 182г. п.н.е) бил воен командант на античка Картагина, најдобро познат по неговите остварувања во Втората пунска војна, марширајќи со армија од Шпанија преку Пиринеите и Алпите во северна Италија и поразувајќи ги Римјаните во битките: кај реката Требиа(218 п.н.е), Тразименското Езеро(217г. п.н.е) и Кана(216г. п.н.е). По Кана, Римјаните одбивале да се борат со него на отворени битки, и постепено ги освојувале градовите од јужна Италија кои му се приклучиле на Ханибал. Со инвазија во Африка на Римјаните предводени од Скипион Африканец, го принудиле Ханибал во 204г. п.н.е. да се врати во Африка, каде Сципио го победил во битката кај Зама(202г. п.н.е.)
