Тразименско Езеро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. пренасочување Шаблон:Инфокутија Езеро

Тразименското Езеро (италијански: Lago Trasimeno, Латински:Trasumennus) со својата површина од 128 км² е најголемо езеро на Апенинскиот Полуостров и четврто најголемо езеро во Италија. Се наоѓа во регионот Умбрија северозападно од Перуча, 259 метри над нивото на морето. Длабоко е до 6 метри и опкружено е со планини со просечна висина од 600 метри. Во Тразименското Езеро живеат 18 видови риби. Селаните кои живеат на источниот и јужниот брег се бават со риболов.

Битката кај Тразименското Езеро[уреди]

Ова езеро добило историско значење кога на 24 јуни 217 год п.н.е. каде што во близина на езерото се одиграла важна битка во Втората пунска војна. Тука ханибалската војска ја поразила римската армија од 25,000 луѓе под водство на Гај Фламиниј.