Бели
Бели е село во Општина Кочани.
| Бели | |
| Поглед кон селото | |
| Координати41°56′03″N 22°22′30″E / 41.93417°N 22.375°EКоординати: 41°56′03″N 22°22′30″E / 41.93417°N 22.375°E | |
| Општина | Кочани |
| Географски регион | Источен |
| Население | 466 жители |
| Поштенски број | 2300 |
| Повикувачки број | (0)33 |
| Надморска височина | 524 m |
| Селска слава | |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа на падините на Осоговските Планини. До селото се стигнува по асфалтот кој води кон Пониква. Патот кој води кон средината на Бели исто така и Патот кон Нивичани, Пантелеј и Рајчани. Кога се влегува во Бели се поминува низ Така нареченото Место 'Рамниште' Потоа откако се навлегува во средината на Бели од десната страна се наоѓа така нареченото место 'Кметското Маало'. Ако одете по патот се наоѓата на раскрсница која има три пата. Патот кој е лево ве води кон игралиштето во бели а исто така и во маалото 'Чифлико' не само таму тој пат оди и кон Селата : Нивичани, Пантелеј, Рајчани , па тој пат ќе го сретнете и Училиштето "Кирил и Методиј'. Ако тргнете по патот кој води десно ќе отидете точно пред игралиштето,Но додека има уште еден пат кој води кој средината на Бели во така нареченото 'Средно Маало" И кој СредСело а таму се наоѓа и Црквата "Свети Спас" рамото на црквата е на Свети Спас исто така кога Селото има слава на СПАСОВДЕН.По истиот пат стигнувате и до дабот така да секој пат води до дабот ..
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Според пописот на населението од 2002 г. селото Бели имало околу 466 жители. Според националниот состав Бели е „чисто“ македонско село (Македонци се 100%). Бројот на младата популација е во прогресивно опаѓање, а предпубертетската популација изнесува едвај малку над 8%. Во последните две децении е забележано алармантно опаѓање на бројот на населението, помалку заради исселување, но многу повеќе како последица на неосновање нови семејства (процентот на неоженети мажи во поодмината возраст е запрепастувачки висок). Селото Бели е типичен пример на таканаречената „бела смрт“ која ги разорува повеќето македонски села на почетокот на 21-от век. [1]
[уреди] Културни и природни знаменитости
На падината што се извишува на северната страна од селото Бели. се наоѓаат два манастира и еден од најстарите дабови во овој дел од Европа. Сместен е во дворот од манастирот “Свети Илија“ со кој се стигнува по кривулестиот земјен пат, кој на моменти се искачува директно по височинката и ќе ве натера на мал напор ако се искачувате пеш. Единствен по својата раскошност и големина, дабот е изникнат токму на средината од врвот, стоејќи како негов чувар на Бели, пет века чувајќи ја историјата на ова село.
Според мерењата обемот на дрвото е околу 10 метри, а распонот на гранките близу стотина метри. Од далеку наликува на дланка со раширени пет прсти. Но, пред околу две децении, една од гранките која била најдолга, се скршила, а на тоа место се појавила огромна дупка. Дел од дабот почнал да се суши, а месното население често во дупката барало спас од ненадејниот дожд или ветар. За да се заштити од натамошно пропаѓање, како еден од ретките природни споменици во општината и државата, во 2004 г. оштетувањето беше санирано.
Староста на дрвото се проценува на околу 680 години, иако никој не може со сигурност да каже кога и од кого е засаден. Одамна претставува симбол на селото и на овдешните жители, бидејки седум века опстојува на временксите неприлики, заедно со тешкотиите на народот. Под него се наоѓаат две огромни грамади кои жителите ги викаат “каменот на плачот“. Се работи за камен на кој многу генерации овчари седнувале да ручаат. Од него си ги остреле ножевите, а името го добил затоа што овчарите плачеле од мака што во тој период немале којзнае што да јадат.
Дабот е сведок и на егзекуцијата на 10 жители од селото кои биле убиени во 1912 година од турската војска, бидејќи го дигнале својот глас против Турската Империја. На влезот од манастирот Св. Илија стои спомен-плоча како сеќавање на тој настан.
Во стеблото на дабот со години наназад живее смок долг околу два метра. Тој е негов чувар, велат мештаните. Никој не го избркал или пак се обидел да го убие, затоа што сметаат дека тој е светија. Еднаш, за Илинден, кога дошле голем број верници во манастирот, смокот излегол од дупката во дабот и се искачил високо во гранките и таму останал цел ден, сè додека и последниот верник не си заминал. Мештаните велат дека кога се санирала дупката на дабот, стручните лица го молеле смокот да излезе од дабот. По двочасовно убедување, тој излегол, а тие ја затвориле дупката. Сега ја нема огромната дупка, а нејзиното место се гледа темнозеленикава материја која го штити дрвото. Сепак, жителите на Бели веруваат дека смокот нашол друг отвор и повторно си влегува внатре.[2]
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Наводи
- ↑ Официјален сајт на Општина Кочани.
- ↑ Општински весник “Инфо-Кочани“, бр. 47, од 03.08.2008 г., текст: “Жив споменик на седумвековната историја“
|
|||||||