Црвена Нива

Координати: 41°56′55″N 22°23′26″E / 41.94861° СГШ; 22.39056° ИГД / 41.94861; 22.39056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвена Нива

Панорама на селото

Црвена Нива во рамките на Македонија
Црвена Нива
Местоположба на Црвена Нива во Македонија
Црвена Нива на карта

Карта

Координати 41°56′55″N 22°23′26″E / 41.94861° СГШ; 22.39056° ИГД / 41.94861; 22.39056
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13044
Надм. вис. 630 м
Црвена Нива на општинската карта

Атарот на Црвена Нива во рамките на општината
Црвена Нива на Ризницата

Црвена Нива — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Црвена Нива било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194870—    
195378+11.4%
196147−39.7%
197140−14.9%
198117−57.5%
ГодинаНас.±%
19913−82.4%
19943+0.0%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црвена Нива живееле 60 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црвена Нива имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Селото е иселено и според пописот од 2002 година во селото нема жители.[5] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 70 64 70 78 47 40 17 3 3 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Црвена Нива било македонско село.

Родови во селото биле: Николовци (1 к.) и Стојановци (2 к.) биле основачи на селото Црвена Нива, првите дошле од селото Долно Градче, а вторите од селото Пашаџиково. Во родот Николовци се знаело следното родословие: Трајан (жив на 63 г. крајот на 50-тите) Велко-Никола-Ганчо, предокот кој се доселил; Ѓоргевци (3 к.) доселени биле од селото Јастребник; Дојчиновци (3 к.) биле најмлад род во селото, доселени биле исто така од селото Јастребник.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 869 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Лешки. Во избирачкото место се опфатени населените места: Црвена Нива, Пашаџиково, Лешки.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 8 јануари 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]